ЖивотСудење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој. Дејвид Пекер, издавач на таблоидот National Enquirer, сведочеше на судењето против поранешниот претседател Доналд Трамп дека го спречил објавувањето на приказната за наводна афера за да и помогне на претседателската кампања на Трамп во 2016 година, иако написот би ја зголемил продажбата на неговиот таблоид, пренесува Гласот на Америка. Пекер (72), на вчерашното судење се согласи со обвинителот кој го праша дали би било многу профитабилно за National Enquirer да објави приказна за тврдењата на поранешниот модел на Плејбој, Карен Мекдугал дека имала афера со Трамп во 2006 и 2007 година. Сепак, Пекер рече дека решил да не ја објавува приказната откако и платил бидејќи тоа ќе му наштетело на републиканецот Трамп и ќе ги намалело неговите шанси да ја победи демократката Хилари Клинтон. „Не ја објавивте приказната затоа што тоа беше од помош на кандидатот Доналд Трамп“, праша обвинителот Џошуа Стејнглас. Да – одговори Пекер“. Издавачот претходно сведочеше дека соработувал со кампањата на Трамп и во обидот да се спротивстави на наводите за измама во време кога тогашниот претседателски кандидат се соочувал со бројни обвинувања за сексуално недолично однесување. Пекер беше првиот сведок во случајот во кој Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на порно актерката Сторми Даниелс за таа да молчи за аферата. Трамп тврди дека не е виновен. Пекер сведочеше дека неговиот таблоид платил за правата за две такви стории кои никогаш не ги објавил, а исто така го предупредил Трамп дека Даниелс се обидува да ја „продаде“ нејзината приказна за сексуална средба со него. Одбраната тврди дека парите биле исплатени за да се заштити семејството на Трамп од срам, а не да се заштити неговата кампања. Трамп негира дека некогаш имал секс со Сторми Даниелс. Адвокатите на Трамп се обидоа да го дискредитираат сведочењето во кое Дејвид Пекер објасни како шемата за елиминирање на негативните приказни функционирала за да се спречат наративите кои биле штетни на претседателската кампања на Трамп во 2016 година. За време на сведочењето, Пекер ги оквалификува како вообичаени напорите на познатите луѓе да бидат проследени со добар публицитет, како и дека неутрализирал негативно конотирани приказни за други познати личности, како филмската суперѕвезда Арнолд Шварценегер и голферот Тајгер Вудс. Тој вели дека во случајот со познатиот актер, Enquirer платил стотици илјади долари на жени кои тврделе дека имале афера со него - за време на кандидатурата на Шварценегер за гувернер на Калифорнија во 2003 година. Пекер прецизираше дека првпат го предупредил Трамп за негативно конотираната приказна уште во 1998 година, кога поранешниот американски претседател беше во брак со Марла Мејплс. Тој рече дека го смета Трамп за пријател, иако тие не разговарале од 2019 година. Обвинителите тврдат дека аранжманот на Пекер со Трамп негативно влијаел на изборниот процес во 2016 година. Поранешниот издавач на таблоид се согласи да соработува со правосудството за да избегне кривична пријава. Против Доналд Трамп се водат вкупно четири судски постапки. Покрај овој случај, тој е обвинет и за незаконско ракување со доверливи документи и обид да ги сврти резултатите од изборите во 2020 година во своја полза. Во Џорџија се води постапка против него за обид да влијае на резултатите во таа сојузна американска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите. Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата. Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната. Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти. СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат. Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси. СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter