Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска соопшти дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да го координира со високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност. Политика, Жосеп Борел.

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го усогласи со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, објави на профилот на X.

Пахор нема да одговара на новинарски прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Непоразениот Баер Леверкузен го собори европскиот рекорд стар 59 години

Фудбалерите на Баер Леверкузен под водство на тренерот Чаби Алонсо го соборија европскиот рекорд стар 59 години, останувајќи непоразени на 49 натпревари во сите конкуренции.

Од воведувањето на европските натпреварувања ниту една екипа нема направено ваква серија, пишува агенцијата ДПА.

Баер Леверкузен изминатата вечер ремизираше со Рома (2-2) во реваншот од полуфиналето на Лига Европа, а Германците израмнија со гол длабоко во судиското продолжение.

Баер претходно го делеше рекордот со Бенфика, која остана непоразена на 48 официјални натпревари од декември 1963 до февруари 1965 година.

На Баер до крајот на сезоната му претстојат уште четири натпревари за продолжување на рекордот, бидејќи ги очекува завршницата на германскиот Куп и Лига Европа, како и финишот во Бундеслигата, каде досега сезонава има 26 победи и шест нерешени.

Токму бундеслигашкиот рекорд е најтешко остварлив за Баер. Рекордот е во сопственост на Баерн Минхен, кој во периодот од 2012 до 2014 година, под водство на тренерите Пеп Гвардиола и Јуп Хејнкес, остана без пораз на 53 натпревари.

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар

Водостојот на Пчиња кај Пелинце надмина еден метар, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Мерењата покажаа дека денеска водостојот е 105 сантиметри, што е речиси двојно повисоко од вчерашниот ден кога водостојот изнесувал 51. Инаку, просечните вредности за мај се 54.

АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ пак излезе со информација дека на ниво на североисточниот регион регистрирани се осумнаесет критични точки за можно излевање на реките на по две локации кај селата Бељаковце и Јачинце, Клечовце, во атар на село Пелинце на две локации, едната во близина на меморијалниот центар АСНОМ, Коинце, Стрновац, Војник, кај Пчиња, Опае, Брзак, Агино Село и Табановце.

Во Општина Ранковце пак како критични се точките кај Опила и Псача.

- Засега нема пријави за излевање на реките во општина Старо Нагоричане, изјави заменик-градоначалник на општината, Бобан Цветановски.

Вчера во Куманово наврнаа 31 литар на метар квадратен.

Полуфинале во двојки за Стоилковска на фјучерс во Србија

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска заедно со Русинката Екатерина Козлонова изборија денеска пласман во полуфиналето на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања во конкуренција на двојки.

Македонско-руската комбинација во дуелот од второто коло забележаа победа од 2-1 во сетови (6-1, 0-6 10-5 на поени) против Грете Гул и Ана Марија Тоттруп од Естонија.

Натпреварот се играше 56 минути.

Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат вторите носителки Теа Лукиќ од Германија и Наталија Сениќ од Србија.

притисни ентер