Во живо

последно ажурирање на 7.2018

Започна НАТО самитот во Брисел, Македонија ја очекува поканата за членство во НАТО

На самитот на НАТО попладнево во Брисел се очекува Македонија да ја добие долгоочекуваната покана за членство во НАТО. 

на 7.201814:46

За националниот координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО. Стево Пендаровски денешниот настан е трет историски чин за Македонија после референдумот за независност и рамковниот договор.

на 7.201814:44

Го остваруваме сонот на генерации политичари за членство во евроатлантското семејство, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи непосредно пред почетокот на Самитот на НАТО.

на 7.201814:37

Неформални разговори на светските лидери пред почетокот на Самитот на НАТО.

Доналд Трамо беше во најголемиот метеж на собирот на лидерите. Тој се поздрави со сите , освен со Ердоган , но затоа неизбежен бешпе кусиот разговор со Чавушиглу .

Британската премиерка Тереза Меј остана најдолго во разговор со Американскиот претседател.

на 7.201814:09

Светските лидери ги поздравија воените хеликоптери на НАТО.

на 7.201814:01

Пред новата зграда на НАТО интонирана химната на алијансата.

на 7.201813:37

Во Брисел од утрово е и претседателот на САД , Доналд Трамп.

на 7.201813:36
на 7.201813:32

Столтенберг ја пречека и германската канцеларка Ангела Меркел. Во Брисел пристигна и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

на 7.201813:04

Во новата зграда на НАТО пристигна и грчката делегација предводена од премиерот Алексис Ципрас и министерот за одбрана, Панос Каменос.

на 7.201812:59

Во седиштето на НАТО пристигна и претседателот на САД. Доналд Трамп.

на 7.201812:28

И турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на синиот тепих пред зградата на НАТО .

на 7.201812:22

Во седиштето на НАТО ви Брисел пристигна и премиерката на Велика Британија Тереза Меј.

на 7.201812:13

на 7.201811:54

Претседателите на држави или влади започнаа да пристигнуваат во новата зграда на НАТО.

на 7.201811:32

Столтенберг: Нема активација на МАП за БиХ на Самитот во Брисел

Не треба да се очекува дека сојузниците на Самитот кој започнува денеска во Брисел ќе донесат одлука за активирање на МАп, изјави генералниот секретар на алијансата Јен Столтенберг пред новинарите пред главниот влез на новата зграда на НАТО.

на 7.201811:09

Столтенберг очекува отворени и фер дискусии

Пред почетокот на Самитот на НАТО во Брисел Генералниот сектретар на алијансата Јенс Столтенберг рече дека ова е многу важен состанок за иднината на НАТО, особено поради безбедносните предизвици и потребата сите членки на НАТО да ги споделуваат обврските во поглед на одвојувањето средства за одбраната.

Столтенберг го нагласи примерот на Канада која одвоила 66 милијарди евра. Столтенберг изјави дека очекува дискусиите да бидат отворени и фер подвлекувајќи дека Нато е важен за Европа но исто толку и за САД и дека алијансата ќе биде силна ако сите заедно вложуваат во одбраната и сите заедно учествуваат во градењето на безбедносните политики.

на 7.201810:59

Трамп ја нападна Германија, Берлин поради гасот е заробеник на Русија

Претседателот на САД , Доналд Траммп во очи на почетокот на Самитот на НАТО во Брисел започна јавен напад кон Германија поради нејзината поддршка за Русија околу изградбата на гасоводот во Балтичкото море. Трамп тврди дека „Германија е заробеник на Русија“, воедно тој го критикуваше и германскиот неуспех за зголемените давачки за одбрана.

Американскиот претседател за време на заедничката прес конференција со генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјави дека е „многу неприкладно САД да плаќа за европската одбрана од Русија , додека Германија како најбогата европска земја да го поддржува договорот за гас со Москва“.

-А од нас очекуваат да ги штитиме од Русија,и порача Трамп на Германија за која тврди дека поради гасоводот „е под целосна контрола на Русија“.

на 7.201810:40

Според агендата на самитот на НАТО попладне генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг ќе одржи прес конференција. Најверојатно одлуката ќе биде донесена во попладневните часови, а утре и формално Столтенберг ќе му ја соопшти на премиерот Заев.

По поканата треба да започнат мини преговорите со алијансата кои ќе траат до крајот на годинава, а напоредно со овој процес ќе се спроведуваат и обврските преземени со договорот од Преспа. По ова ќе следи ратификација на договорот од страна на земјите членки на алијансата.

Дипломатските извори од НАТО за Ројтерс посочуваат дека во формулацијата на поканата најверојатно нема да се спомене името на земјата, како што е вообичаено, туку наместо Македонија ќе стои дека ќе биде поканета ” владата во Скопje”.

на 7.201810:22

Oдлично е да ве видам повторно г-дин. Претседателе, и добро е што сте тука за Самитот.

На Самитот ќе разговараме за бројни важни прашања, меѓу кои и за одбраната. И сите се согласуваме дека треба да сториме повеќе, јас се согласувам со вас дека мора да се осигураме дека нашите сојузници ќе инвестираат повеќе. Добрата вест е дека сојузниците почнаа да инвестираат повеќе во одбраната. По неколкугодишно намалување на буџетите за одбраната, тие почнаа да додаваат милијарди во одбранбените буџети. И минатата година беше најголемото зголемување на трошоците за одбрана во Европа и Канада во една генерација, изјави генералниот секретар на НАТо Јенс Столтенберг при пречекот на претседателот на САД Доналд Трамп.

на 7.201810:18

Средба Трамп – Столтенберг во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред Самитот на НАТО во Брисел оствари кратка средба со претседателот на САД , Доналд Тие разговараа за агендата на самитот, вклучително и подигање на подготвеноста, засилување на борбата против тероризмот и фер размена на товар.

на 7.201809:15

Шефовите на држави или влади на земјите членки на НАТО во Брисел ќе присуствуваат на дводневен самит. Во Брисел е присутна и македонска делегација на чело со премиерот Зоран Заев.

На дневниот ред на самитот ќе биде јакнењето на способноста за одбрана, борбата против тероризмот, проектирање на безбедноста и засилување на соработката со Европската унија.

на 7.201809:07

Земјава е кандидатка за членство веќе 19 години, а зад себе има рекордни 17 акциски планови за членство. Вчера и првиот човек на алијансата Столтеберг порача дека очекува оти Македонија ќе ја добие поканата.

Во текот на денешниот ден, доцна попладне, премиерот Заев ќе има свое обраќање на настанот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“, по што ќе замине на свечената вечера на шефови на држави и влади на земји членки, и на шефови на држави и влади на земји членки и партнери, што ја организира премиерот на Белгија Шарл Мишел.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев и македонската владина делегација во новото седиште на НАТО, ќе го отпочне учеството на официјалниот дел од агендата на самитот.

Македонија

Македонија очекува покана за НАТО на Самитот на Алијансата

На самитот ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, кој во Брисел ќе...

Прочитај повеќе

Македонија

Заев:Република Македонија има посебно место на Самитот во Лондон како земја лидер во регионот

Премиерот Зоран Заев во оценката за учеството на Самитот ЕУ- Западен Балкан истакна дека се работ...

Прочитај повеќе

Трамп пристигна во Брисел.

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Брисел на дводневниот самит на НАТО. Пред да стапне на европско тло, Трамп пред белата куќа во Вашингтон рече дека НАТО не постапува чесно кон САД, но изрази надеж дека нешто ќе се промени по однос на ова прашање.

„Ние плаќаме премногу, а тие премалку, но ќе го средиме тоа и сите земји ќе бидат среќни“, рече Трамп.

Одговарајќи на критиките на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека Трамп ја критикува Европа на дневна основа, претседателот на САД рече дека ЕУ ги искористува САД.

Брисел е првата станица на Трамп во текот на престојот во Европа. Тој ќе ја посети Британија, а во Хелсинки ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција, Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.

- Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатиот месец за спорот со името, ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30. членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена, изјави синоќа на прес-конференција Столтенберг.

Македонија

Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО

Тој очекува Македонија да и се придружи на алијансата, но под новото име. -Очекувам дека...

Прочитај повеќе

САД најавија нови 6 милијарди долари воена помош за Украина

Соединетите Држави обезбедуваат нова воена помош од 6 милијарди долари за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Последната испорака на оружје ќе вклучува артилериска муниција, како и ракети за системи за воздушна одбрана Патриот произведени во САД, рече Остин по онлајн состанокот со Контакт групата за одбрана за Украина предводена од Вашингтон.

Соопштението доаѓа откако американскиот Сенат доцна во вторникот одобри нова помош за Киев во вкупна вредност од околу 61 милијарда долари, отворајќи го патот за нови испораки на оружје по повеќемесечната блокада.

Веднаш потоа, во средата, американскиот претседател Џо Бајден најави итен воен пакет од 1 милијарда долари. Станува збор пред сѐ за опрема за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила од залихите на американската армија.

Граѓаните на Дубаи пријавуваат непозната болест, ја поврзуваат со неодамнешните поплави

Луѓето во Дубаи и остатокот од Обединетите Арапски Емирати пријавиле дека се разболеле од водата за пиење по големите и тешки поплави што го погодија регионот.

Земјата беше погодена од врнежи што не биле видени долго време, а за само 12 часа наврна дожд колку за една година.

Поплавите буквално го запреа животот во пустинската земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе.

До минатиот вторник, Обединетите Арапски Емирати имале нешто повеќе од 142 милиметри дожд на метар квадратен, додека просечните врнежи се околу 86 мм дожд. На повеќе локации забележани се речиси 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Државната новинска агенција ВАМ го нарече дождот „историски временски настан“ што го надмина „се што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.

Сега луѓето во Обединетите Арапски Емирати почнаа да покажуваат симптоми поврзани со наводно загадената вода, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението, кое го пренесе државната новинска агенција, не се прецизира точно колку луѓе се болни или од што точно се лекуваат.

Имало „многу ограничен број случаи кои покажаа одредени симптоми на влијание на загадена вода“ и тие се на болничко лекување, велат од Министерството, но не прецизираат што ја предизвикало загаденоста на водата.

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го премина Арапскиот полуостров и го премина Оманскиот залив. Истиот циклон донесе и смртоносни поплави во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 луѓе.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Сепак, дождовите беа најсилни низ ОАЕ. Се шпекулира дека „сеење на облаци“ ги предизвикало поплавите.

Пропалестински протести низ САД, во Берлин и во Париз- уапсени се стотици студенти (ВИДЕО)

Најмалку 40 пропалестински протестни кампови се појавија во кампусите низ САД, по примерот на оној што се појави на Универзитетот Колумбија претходно овој месец.

Студентски протести избувнаа и во главниот град на Германија, каде денеска полицијата почна да го отстранува пропалестинскиот камп поставен од активисти пред парламентот, пренесе Индекс.

Демонстрантите во Германија бараат од владата да го прекине извозот на оружје за Израел и да го запре, како што ја нарекуваат криминализацијата на палестинското движење за солидарност, додека во САД студентите бараат прекин на огнот во Газа и прекин на соработката меѓу универзитетите и компаниите поврзани со Израел.

Повеќето собири во САД се мирни, но стотици студенти и други демонстранти се уапсени. Имаше и жестоки судири со полицијата.

Најмалку 100 студенти беа уапсени вечерва, главно на колеџот Емерсон во Бостон, додека дваесетина студенти беа приведени на Државниот универзитет во Охајо. Снимките од Колумбус, Охајо покажуваат судири меѓу полицајци и демонстранти кои се собраа во кампусот од минатата ноќ.

Полицијата им нареди на демонстрантите да си заминат, а оние кои одбија да заминат беа уапсени и обвинети за неовластено преминување, изјави портпаролот на универзитетот Бенџамин Џонсон, повикувајќи се на правила кои забрануваат ноќни настани.

Групата „Студенти за правда во Палестина“ на Државниот универзитет во Охајо ги предупреди демонстрантите на ризикот од апсење на вчерашниот протест, на кој се собраа стотици студенти. Студентскиот весник Лантерн објави дека во текот на ноќта биле уапсени околу 30 демонстранти.

„Срам да ви е ОСУ, нема да нѐ замолчите“, порача пратеникот Мунира Јасин Абдулахи во објава на Инстаграм.

Полицајци со штитови синоќа околу 22 часот се приближиле до група од околу 250 демонстранти. Студентите формираа заштитен круг околу кампот пред полицијата да уапси 30 демонстранти, според Лантерн. Толпата продолжи да вее знамиња и да скандира „нека се молат“.

Во вторникот двајца студенти на овој универзитет беа уапсени на одделен протест во кампусот. Еден од уапсените демонстранти не бил поврзан со универзитетот, според Columbus Dispatch.

Во меѓувреме, полицијата насилно расчистила шаторски камп во колеџот Емерсон во Бостон, а полицајците уапсиле 108 лица, според студентскиот весник Беркли Бикон. На видеата се гледа како полицијата ги тепа демонстрантите и ги соборува студентите на земја.

Бројот на протестни кампови во кампусите порасна на повеќе од 40, објави утринава NBC.

Демонстрантите се уапсени поради нарушување на мирот, пишува Беркли Бикон, а засега не е потврдено колку студенти има меѓу 108-те уапсени.

Охајо и Емерсон се само неколку од колеџските кампуси со апсења среде бранот пропалестински протести, по примерот на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што демонстрантите почнаа да поставуваат камп среде кампусот минатата недела.

Кампови во знак на солидарност со Колумбија, каде што се појави првиот протестен камп, се појавија на Универзитетот Емори во Џорџија, Северозападниот универзитет во Илиноис, Универзитетот Корнел во Њујорк, Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон, Универзитетот Принстон во Њу Џерси, Сити колеџот во Њујорк и Универзитетот Харвард во Масачусетс.

Студентите на Универзитетот Емори и колеџот Морхаус во Џорџија, исто така, организираа протести, а во средата имаше насилни судири и апсења на Универзитетот во Јужна Калифорнија и на Универзитетот во Тексас во Остин.

Берлинската полиција денеска ги демолираше шаторите пред парламентот, насилно ги отстрани демонстрантите и ја блокираше околината за да го спречи доаѓањето на другите демонстранти.

Берлинскиот логор „Besetzung Gegen Besatzung“ („Окупација против окупацијата“) беше отворен на 8 април, кога започнаа рочиштата за случајот на Никарагва, кој ја обвини Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за „олеснување на геноцидот“ на Палестинците со воена и политичка поддршка на Израел.

„Идејата беше да се привлече вниманието на германското учество и активното олеснување на израелскиот геноцид во Газа“, рече организаторот на кампот Јара Насар.

Полицијата соопшти дека одлуката за забрана на кампот, кој доби дозвола на почетокот на протестот, е донесена поради повеќекратни прекршувања од страна на поединечни демонстранти, вклучително и употреба на неуставни симболи и забранети пароли.

„Заштитата на собирот не може да се гарантира во овој момент бидејќи јавниот ред и мир се значително загрозени“, рече портпаролката на полицијата Ања Диершкесаид, додавајќи дека шаторите морале да бидат отстранети поради локалните правила за одржување на тревникот.

„За германската влада тревата е поважна од животите на повеќе од 40.000 невини луѓе во Газа, кои беа убиени од израелската армија“, рече еден од демонстрантите.

Студентите го блокираа пристапот до престижниот париски институт за политички студии (Sciences Po) поради војната во Газа. Тие бараат Универзитетот да ги осуди постапките на Израел.

Извикувајќи ја својата поддршка за Палестинците, студентите денеска закачија палестински знамиња од прозорците и над влезот на зградата.

„Се надеваме дека протестите ќе се прошират на сите универзитети и пошироко... Нема да попуштиме додека не заврши геноцидот во Газа“, рече тој.

Во средата вечерта полицијата ја отстрани првата група студенти кои го блокираа Sciences Po, пренесоа француските медиуми.

притисни ентер