Македонија игра против Италија во првиот бараж за СП - Канал 5

Македонија игра против Италија во првиот бараж за СП

Ждрепката на ФИФА одлучи Македонија да игра пртотив Италија  во првиот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Македонија игра против Италија во првиот бараж за  СП

Македонија против Италија во првиот бараж натпревар за Светското првенство 2022.

Доколку го победиме актуелниот Европски првак, Италија, за место на мундијалот ќе се соочиме со подобриот од дуелот Португалија - Турција.

Благоја Милевски - селектор на македонската репрезентација:

- Италија е актуелен европски првак. Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците. Македонија има свои квалитети, нѐ случајно сме во баражот и ќе се потрудиме да бидеме конкурентни и на овој натпревар.

- Македонија покажа дека без разлика дали игра на домашен или на гостински терен може да се спротивстави на секој противник, се разбира дека ќе ни недостасува поддршката од публиката, но околностите не можеме да ги менуваме.

- Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме.

На тој начин се остварија стравувањата на Италијанците и Португалците дека ќе се судрат во баражот. Значи, нема да има место за една голема сила во Катар.

Останатите екипи имаа среќа бидејќи ги избегнаа двата гиганти, па во другите две групи ќе има целосно изедначени пресметки.

- прва група полуфинале -

Шкотска - Украина

Велс - Австрија

втора група - полуфинале

Русија - Полска

Шведска - Чешка

трета група - полуфинале

Италија - Македонија

Португалија – Турција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер