МакедонијаМакедонија, Црна Гора и Албанија ќе се „офајдат“ со европските пари од Планот за раст Македонија, Црна Гора и Албанија ќе се „офајдат“ со европските пари од Планот за раст за спроведени реформи на сметка на оние земји од регионот кои не успеале да испорачаат во предвидените рокови, потврдија денеска од ЕК. Претходно и реномираниот „Еуроњуз“ објави дека Македонија е ставена меѓу земјите предводнички во реформската агенда за кои ЕУ планира да ги пренасочи средствата за Западен Балкан. Најголеми „губитници“ според европските претставници се Босна и Херцеговина, Косово и Србија кои заостануваат во исполнувањето на преземените обврски. Според податоците на ЕК, станува збор за повеќеод 300 милиони евра кои би отишле на контото на Македонија, Црна Гора и Албанија. Сепак, за тоа колку европски пари конкретно земјава ќе добие ќе се знае подоцна овој месец. -Партнерот има една година да ги направи реформите, ако стигнете до овој лимит, значи сте стигнале до лимитот на грејс периодот, тогаш навистина, може да се разгледа кон потенцијална прераспределба на средствата. Сега тоа што ќе го направиме е, ќе ги разгледаме реформите кои се постигнати во поглед на грејс периодот и ќе ја разгледаме потенцијалната распределба на средствата. Финансирањето кое е под ризик да се загуби (за БиХ, Србија и Косово) со овој прв краен рок кон кој стигнавме е всушност околу 330 милиони евра, изјави Гијом Мерсие – портпарол на ЕК. Според директорката на Институтот за европска политика Симонида Кацарска иако е се уште е рано е да се калкулира со бројки, сепак ваквите најави од ЕК се ветер во грб за државата да продолжи со уште посилно темпо за реформи и да ја искористи шансата. -Секако дека е добро да бидеме вклучени во трите држави коишто предводат со користењето, и на кои ќе им бидат дадени дополнителни средства од Планот за раст. Во секој случај, она што го навестува ЕК е дека во случај да бидат ставени на располагање дополнителни средства ќе бидат планирани и дополнителни реформи, значи ќе треба да се надоградат реформските агенди. Дилемата е колку ние всушност во дадениве услови ќе успееме да искористиме повеќе реформи. Од друга страна, ова е шанса за оваа Влада којашто всушност во нашиов случај ја наследи реформската агенда можеби да договори со ЕК реформски мерки што би значеле на неа и на коишто би се фокусирала дополнително, изјави Кацарска. Досега преку Инструментот за реформи и раст на ЕУ, државава има обезбедно 142,1 милион евра, што од Министерството за европски прашања велат дека е потврда за успешното спроведување на реформите. ЕК допрва се очекува да им даде повеќе детали на земјите-членки околу распределбата на средствата од Планот за раст, а ова највероајтно ќе биде една од темите со кои еврокомесакраката Марта Кос ќе допатува во посета на Скопје во среда следната недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16