Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници - Канал 5

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. 

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гасниот интерконектор со Грција напредува според планот

Завршувањето се очекува следната година.

Гасниот интерконектор со Грција напредува според планот

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција – еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти за државата и регионот.

На работните средби одржани во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, на кои присуствуваа министерката Сања Божиновска, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, и главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, беа разгледани тековните активности за изградба на интерконекторот на двете страни од границата, како и динамиката за реализација на договорните обврски.

Во фокусот на разговорите беше потврдената заедничка определба проектот да се реализира во согласност со утврдените рокови, преку интензивна координација меѓу институциите и операторите, со цел да се обезбеди нов, сигурен и диверзифициран пристап до природен гас за Македонија

На средбите беше потврдена заедничката оценка дека гасоводниот интерконектор ќе биде завршен во текот на наредната година, во согласност со утврдените рокови и планови за реализација.

На средбата меѓу министерката Божиновска и главната извршна директорка на ДЕСФА, посебен акцент беше ставен и на регионалната иницијатива „Вертикален гасен коридор“, која претставува значајна можност за унапредување на енергетската поврзаност, зајакнување на сигурноста во снабдувањето и интеграција на националните пазари во пошироките европски енергетски текови.

„Гасоводниот интерконектор со Грција е стратешки проект кој директно ја зајакнува енергетската безбедност на државата и отвора нови можности за диверзификација на снабдувањето. Нашата цел е Македонија да обезбеди стабилен пристап до различни извори и правци на енергија, а ваквите инфраструктурни поврзувања се клучни за поголема независност, конкурентност и отпорност на енергетскиот систем“, истакна министерката Сања Божиновска.

Извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, нагласи дека успешната реализација на проектот бара континуирана координација и партнерство меѓу сите вклучени страни, додека главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, ја потврди посветеноста на грчкиот оператор за навремена и успешна реализација на интерконекторот.

Гасоводниот интерконектор со Грција претставува клучна инвестиција во енергетската иднина на Македонија. Со неговата реализација, државата ќе обезбеди пристап до нови извори на природен гас, ќе ја зајакне сопствената енергетска сигурност и ќе го унапреди своето позиционирање во регионалната и европската енергетска инфраструктура.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Не растат платите 3–4 пати побрзо, загрижувачко е што Мицкоски верува во своите лаги

Водачот на организираната криминслна група, Христијан Мицкоски денеска изјави дека растот на платите под неговата Влада е 3 до 4 пати поголем отколку во времето на претходната Влада на СДСМ.

СДСМ: Не растат платите 3–4 пати побрзо, загрижувачко е што Мицкоски верува во своите лаги

Ова е уште една во низата лаги на Мицкоски.

Фактите се следни:

Во времето на СДСМ, минималната плата беше зголемена од 8.000 на над 22.000 денари - скоро тројно. Просечната плата беше речиси двојно зголемена, од околу 22.000 на над 42.000 денари.

Платите во образованието, здравството, полицијата и армијата беа значително зголемени преку колективни договори.

Под Владата на Мицкоски, минималната плата не е зголемена со политичка одлука. Направено е само законско усогласување од 1.667 денари нето (од 24.379 на 26.046 денари). Ова е автоматско зголемување кое го предвидува законот, а не резултат на некаква економска политика.

Во исто време, цените отидоа до плафон, затоа што Мицкоски не ги примени мерките што ги предложи СДСМ.

Инфлацијата ги изеде платите. Реалната куповна моќ на граѓаните е помала отколку што покажуваат голите бројки за номинален раст.

Мицкоски лаже кога вели дека платите растат 3-4 пати повеќе, како што лаже за сè.

Мицкоски одбива да ја зголеми минималната плата на 600 евра, иако тоа го бараат синдикатите.

Наместо реално зголемување на платите и подобрување на животниот стандард, граѓаните добиваат пропаганда и лаги.

Ова е неуспех на Мицкоски.

Загрижени сме дека Мицкоски верува во своите лаги.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регион

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Ристески: Голем интерес за грантовите за отворање на сопствен бизнис во Пелагонискиот регион

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, Бојан Бојкоски денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола.

За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави.

- Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.

Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.

- По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.

Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер