Полскиот напаѓач пристигна од Баерн во трансфер вреден 45 милиони евра, плус пет милиони бонус. Тој ќе го носи дресот со број девет, а на прашања одговараше по церемонијата.
„Тешко ми е да најдам зборови за да опишам колку сум среќен и горд. Сакам што поскоро да им ги покажам своите способности на навивачите“, изјави Левандовски. "Ќе биде предизвик да го покажам најдоброто од себе и во исто време да ги направам моите соиграчи подобри. Не мислам само на себе, туку и на целиот тим. Доживеав многу во фудбалот. Ќе го искористам моето искуство на помош“, тврди тој.
Барселона беше во тешка финансиска ситуација, од која досега се опоравуваше, меѓу другото, со потпишување спонзорски договори и намалување на платите на играчите. „Знам дека Барселона мина низ тежок период, но разговарав со претседателот Жоан Лапорте, кој ми го објасни проектот. Иднината е светла, тимот има потенцијал, сѐ добро напредува“, сигурен е Полјакот.
Левандовски наскоро ќе го прослави својот 34 роденден. „Годините не ми се важни, тоа е само бројка, не се чувствувам како да имам 34. Се чувствувам добро, со години сум на највисоко ниво, не мора ни да размислуваме за тоа. Трансферот не беше лесна работа, но тоа е најдобриот чекор за мене и моето семејство“, изјавил тој и потоа проговорил за најголемиот ривал - Реал Мадрид.
„Секогаш сум подготвен да играм против Реал, знам како да играм против нив. Тие беа успешни минатата година, а ние сме тука да ги победиме. Ќе биде тешко, но тоа е фудбалот. Но, не е само Реал, таму се многу фантастични клубови. Не размислувам за него или за Карим Бензема, тој е одличен напаѓач. За мене е важно да играм добро со Барселона, а не против него“, објасни тој.
Левандовски беше прашан како се мотивира секојдневно. "Првата работа е појадокот, а потоа одам да тренирам. Го сакам тоа што го работам, уживам. Станувам без болка, гладен сум за успех. Се забавувам и го сакам фудбалот", заклучил тој.