Крадец се обидел да ѝ го украде мобилниот на атлетичарка- многу згрешил - Канал 5

Крадец се обидел да ѝ го украде мобилниот на атлетичарка- многу згрешил

Крадец во Лондон избрал погрешна жртва кога се обидел да го украде мобилниот телефон на атлетичарката Елизабет Лопез Агилар (24) додека таа снимала видео за TikTok.

Крадец се обидел да ѝ го украде мобилниот на атлетичарка- многу згрешил

Атлетичарката веднаш потрчала по него и брзо го вратила телефонот со помош на нејзиното момче.

Агилар, која е од Тексас, била на одмор во Лондон, славејќи го роденденот на своето момче Абрахам Тахту. Таа го ставила мобилниот телефон пред себе на Викторија Ембанкмент, во близина на Лондонското око, за да сними видео, кога еден маж дотрчал и ѝ го украл уредот додека камерата сè уште снимала.

„Искрено, не мислам дека крадецот знаел на кого налетува“, рече Агилар. „На почетокот дури и се смеев затоа што мислев дека момчето ми се потсмева. Потоа сфатив дека е вистинско. Бев во шок, но веднаш потрчав по него.“

Тахту исто така тргнал во потера, и заедно го стигнале крадецот и го зеле мобилниот телефон назад. Не повикале полиција. „Брзо го фативме, успеав да го фатам за рака и да го земам телефонот. Не направивме ништо понатаму бидејќи не се спротивстави и си замина штом го вративме уредот“, објасни таа.

Агилар се натпреварува во атлетика и триатлон, а моментално тренира за Ironman.

Епидемија на кражба на мобилни телефони во Лондон

Овој случај е само еден во низата слични инциденти што ги погодуваат жителите и туристите. Според податоците објавени од Лондонската метрополитенска полиција, во Лондон во 2024 година биле украдени 116.656 мобилни телефони, што е во просек околу 320 дневно и најголем број досега регистриран. Оваа бројка е повеќе од 50 проценти поголема отколку во 2017 година.

И покрај големиот број кражби, само 169 осомничени биле обвинети во текот на таа година. Податоците исто така покажуваат дека жртвите почесто биле жени отколку мажи, во случаите каде што бил евидентиран полот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Врз основа на фотографиите, тројца пластични хирурзи – од кои ниту еден не ја третирал холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс – проценуваат дека актерката можеби имала операција на очните капаци и подигнување на веѓите.

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари

Според еден од нив, ваквите зафати кај врвен хирург чинат повеќе од 30.000 долари.

Новите фотографии од добитничката на „Оскар“, направени неделава, поттикнаа шпекулации за направени естетски зафати.

Поради тоа, американскиот портал „Page Six“ побара мислење од тројца пластични хирурзи, при што сите нивни проценки се засноваат исклучиво на фотографиите.

Д-р Семјуел Голпанијан смета дека Лоренс можеби направила блефаропластика, односно корекција на горните очни капаци.

Според него, оваа процедура често се изведува заедно со подигнување на веѓите, па не ја исклучува ниту таа можност.

Тој наведува дека потесните образи може да се должат на губење тежина или на отстранување масно ткиво од образите, но нагласува дека тоа не може да се утврди само врз основа на фотографии.

Д-р Шон Мекнили од Портланд вели дека нејзиниот изглед е во согласност со двете процедури.

Тој исто така забележал дека нејзината лева веѓа е малку повисоко поставена од десната. Според негова проценка, двете процедури обично чинат околу 15.000 долари, додека цената кај врвен хирург во Лос Анџелес или Беверли Хилс надминува 30.000 долари.

Трет хирург, д-р Розбех Тораби, има поинакво мислење. Тој вели дека актерката можеби направила затегнување на веѓите, но нејзините очни капаци не изгледаат како да биле оперирани.

Според него, суптилните промени може да се резултат и на употреба на ботокс, помала количина филери и ласерски третмани. Лоренс нема потврдено дека извршила операција на очните капаци или затегнување на веѓите, а нејзините претставници не ги коментираа шпекулациите. Претходно оваа недела, во интервју за „The Cut“, таа откри дека направила затегнување на градите и се надева дека еден ден ќе направи затегнување на лицето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањето почнало навреме во седум часот а до 15 часот на изборите во Општина Брвеница гласале 6579 гласачи, што претставува 40,49 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 9,32 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Народната банка со нови детали околу актуелните случувања во банкарскиот сектор и суперревизорските активности.

Имате сметка во Алта Банка?Од утре ќе имате само 10 000 денари неделно!

Утре се очекува да биде покренат стечај за Алта банка во Србија

Деталите од Андријана Лазова Божиновска.

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер