Левандовски е во одлична форма поради диетата од неговата сопруга

Роберт Левандовски во моментов е еден од најценетите напаѓачи во светот.

Откако го постигна својот прв гол на Светското првенство, многумина беа заинтригирани од неговата извонредна форма. А според Марка, тајната е во обратната диета дизајнирана од неговата сопруга.

Што е тоа? Овој режим има ригорозен избор на храна што може да се јаде, како и она што е целосно забрането.

Левандовски јаде просо, палачинки, брауни, висококвалитетна риба, сок од репка, салати, супи, урми, енергетски барови, свежи сокови и бадемово млеко. Покрај тоа, зеленчукот (брокула, тиквички, зелена салата, моркови и спанаќ) и авокадо се секојдневно на неговото мени без исклучок.

Јаглехидратите и протеините се јадат посебно. „Се консумира само добра храна, без лактоза“, вели Ана Левандовски.

Пржената храна не е во исхраната на Левандовски. Полјакот го ограничил и внесот на брза храна.

„Поентата е да се јаде најквалитетна храна од локално и органско производство, односно сезонско овошје и зеленчук. Избегнувам бел шеќер, сурово млеко и пченица“, открива сопругата на познатиот фудбалер, која учествуваше на Олимписките игри и е дипломиран студент на Академијата за физичка култура и нутриционистка.

Продажни резултати на Peugeot за 2024 година

PEUGEOT: 1.097.750 нови регистрации во 2024 година

PEUGEOT ЕВРОПСКИ ЛИДЕР:

во B-Hatch сегментот за електрични возила со PEUGEOT E-208,

во сегментот на електрични лесни комерцијални возила со PEUGEOT E-Partner, PEUGEOT E-Expert и PEUGEOT E-Boxer.

Електрификација (BEV + PHEV + MHEV): 35% од Peugeot регистрираните возила во Европа се електрифицирани

Потврдено искачување на пазарот со лансирањето на PEUGEOT E-3008, PEUGEOT E-5008 и PEUGEOT E-408. Повеќе од 100.000 нарачки на PEUGEOT 3008 и E-3008 од самото лансирање.

Глобалната продажба на Peugeot надвор од Европа претставува 25,1% од вкупната продажба на брендот.

Во предизвикувачката и конкурентна 2024 година, продажбата на електрични возила се зголеми за 8% во споредба со 2023 година во Европа. PEUGEOT повеќе од двојно ги зголеми нарачките за електрични автомобили во овој период. Брендот PEUGEOT продолжува да доминира во сегментот на електрични градски автомобили со PEUGEOT E-208, како и во сегментот на електрични лесни комерцијални возила.

„Овие одлични резултати нè доближуваат до нашата цел да станеме лидер за електрични возила на европскиот мејнстрим пазар“ – Peugeot!

РФМ ја објави,па ја демантира веста за наводната смрт на поранешниот селектор Илија Темелковски

Врска информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен.

Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави.

Ракометна Федерација на Македонија

Рубио го дообјаснува Трамп: Раселувањето на Палестинците од појасот Газа би било привремено

Ден по изјавата на Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Газа, државниот секретар Марко Рубио се обиди да ја појасни идејата на американскиот претседател. 

Според него, не станува збор за нивна трајна дислокација во соседните држави, туку за привремено решение, а тие како што кажа, ќе можат да се вратат во своите домови откако Појасот ќе биде обновен и деминиран. Деталите како што кажа, би биле дополнително разрешени со партнерските нации, но повика сериозно да се размили за како што го оцени, дарежливиот потег на американскиот претседател.

-Значи тоа што тој (Трамп) многу дарежливо го понуди е можноста на САД да влезе и да помогне со отстранување на остатоци од уништувањето, да помогне со отстранување на муниција, да помогне со реконструкција, обнова на домови, бизниси и слични работи, за потоа луѓето да се вратат назад, но во меѓувреме ќе мора да живеат некаде. Деталите за тоа, ако е прифатено, ќе мора да се разрешат меѓу повеќе партнерски нации, тоа е единствена понуда. Ниту една друга држава истапила и не дала таква понуда. Но, мислам дека луѓето треба да размислат за тоа, сериозно. Не беше наменето како непријателски потег, туку беше наменето како многу дарежлив потег. -Марко Рубио – Државен секретар на САД.

Идејата на Трамп предизвика бура од реакции на меѓународната сцена. Египет и Јордан кои беа посочени како земји каде би се преселиле Палестинците, експресно го отфрлија неговиот план. Франција, Велика Британија, Германија, и голем дел од американските сојузници го осудија, а Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш повика да се почитува меѓународното право.

-Во потрагата по решенија, не треба да го направиме проблемот полош. Витално е да се остане верен на бедемот на меѓународното право. Клучно е да се избегнува било каква форма на етничко чистење. Трето, мораме да го реафирмираме решението за две држави.-Антонио Гутереш – Генерален секретар на ООН.

Израелските власти пак го пофалија планот, како чекор кон траен мир во регионот. Во Газа пак владее неизвесност. По петнаесет месечната војна, жителите велат дека не би прифатиле никаков план за раселување.

-Или ќе умрам во Газа или ќе живеам во Газа.

-Не си одиме за вие да обновувате во Газа.

-Ова е земјата на нашите татковци и дедовци, нашите деца живеат тука, како ќе не натераат да си заминеме од тука?

-Невозможно е било кој да си замине од неговата земја.

-Зошто да одиме во странство, за да страдаме повторно?

-Каде да одам? Живеам тука, работам тука.

Планот на Трамп чии детали се уште не се докрај разјаснети, предвидува сите 2 милиони Палестинци кои живеат во енклавата да бидат преселени во соседните држави. Газа да се обнови и економски да се развие, а потоа да биде населена со популација од целиот свет.

притисни ентер