Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
Шоу бизЛеонардо ДиКаприо толку мрази еден свој филм, што го блокирал прикажувањето (ВИДЕО)The wolf of wall street, Catch Me If You Can, Regret и The Basketball Diaries се само дел од неверојатните филмови во богатата филмографија на Леонардо ди Каприо.Сепак, има еден филм што тој го снимил и за кого што веројатно никогаш не сте слушнале бидејќи актерот поминал повеќе од 20 години обидувајќи се да го спречи да го види светлото на денот. Don's Plum се смета за најлошиот филм во славната холивудска кариера на 47-годишниот актер. Импровизираниот црно-бел инди филм ја раскажува приказната за група од 20-годишници кои секоја сабота навечер се собираат на вечера во Лос Анџелес за да разговараат за несреќите во нивните животи. Во главните улоги на Кевин Коноли и Тоби Мегваер, филмот е снимен во текот на неколку дена помеѓу 1995 и 1996 година, една година пред Ди Каприо да стане светска ѕвезда благодарение на неговата улога во Титаник. Но, интересно е што филмот е забранет за прикажување во САД и Канада, пишува Њујорк пост. Филмскиот режисер Р.Д. Роб поднел тужба од 10 милиони долари против Ди Каприо и Мегваер. Во депозитите поднесени како дел од тужбата во 1998 година, актерите тврделе дека никогаш немале намера проектот сличен на задача на филмско училиште да стане игран филм. Тие исто така тврделе дека филмот го снимиле како услуга и добивале само 500 долари дневно и дека верувале дека ќе се прикажува само на независни филмски фестивали. Набргу по подемот на Ди Каприо, Мегваер добил улога на суперхеројот Спајдермен, што го поттикнало режисерот на филмот Р.Д. Роб да договори состаноци со дистрибутерите со надеж дека филмот ќе допре до пошироката публика. Но, откако актерите го блокирале објавувањето на филмот, продуцентот Дејвид Стантман ги тужел за наводно покренување „измамна и принудна кампања за да се спречи филмот да биде објавен“, тврдејќи дека се плашеле дека може да „открие лични искуства или тенденции“. Сепак, филмот накратко бил објавен на интернет во 2001 година во Германија, откако не стигнал во кината, добивајќи мешани критики. Еден од продуцентите на филмот, Дејл Витли, ја создал веб-страницата freedonsplum.com во 2016 година и споделил врска за да се проследи целиот филм на Vimeo, но видеото било отстрането по „известување од трета страна од Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер“. „Не можам повеќе да молчам. Не можам повеќе да дозволам клеветите и лагите што ги направивте против филмот да го нарушат големото дело на уметниците што го создадоа. Повеќе не се плашам од вас ниту од вашите адвокати. Издржав доволно. Ќе зборувам со слободата што ми ја дава нашиот Устав. Ќе се залагам за нашиот филм и за сите луѓе кои помогнаа да се направи“, рече тогаш тој, пренесува Индипендент. „Повеќе не те познавам, Лео, но се надевам дека научи нешто за зачувувањето на филмот и за твојата одговорност да го заштитиш и да придонесеш за тековниот експеримент на создавање филм... ти не си поголем од уметноста, Лео“,додаде.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВесна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масатаТаа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси.Во рамки на серијата средби под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го продолжи отчетот пред граѓаните во Делчево, каде се разговараше за досегашното работење на избраните и именувани функционери од редовите на ЗНАМ, како и за спроведените политики, актуелните политички прашања и одговорноста на институциите кон граѓаните. Пред присутните се обрати потпретседателката на Движењето и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, заедно со потпретседателот на Движењето и министер за земјоделство, Борче Серафимовски, претседателот на ОО на ЗНАМ во Бутел и директор на АД „Аеродроми“, Игор Трајановски, и Ирена Илиевска, директорка на Агенцијата за управување со одземен имот. „За нас во ЗНАМ, отчетот не е формалност, ниту обврска што завршува соеден настан. Тој е принцип на политичко дејствување. Во изминатите две години работевме на активности и решенија што треба да ја направат државата пофункционална, институциите поодговорни, а јавните услуги подостапни за граѓаните. Граѓаните имаат право да прашаат што сме направиле, што сме промениле и што допрва треба да реализираме. Нашата обврска е на тие прашања да одговориме со конкретни резултати и со подготвеност да ја преземеме одговорноста за сработеното“ – порача Бендевска. Осврнувајќи се на значењето на реформите, Бендевска нагласи дека државата се гради преку функционални институции, владеење на правото, вреднување на трудот и создавање услови за развој во сите општини. Според неа, напредокот мора да биде рамномерен и видлив и во помалите градови, каде што граѓаните очекуваат еднаква институционална грижа и реални можности за подобар живот. „Резултатите од работата не се мерат само со бројот на донесени закони или одржани состаноци, туку со тоа дали институциите работат подобро, дали граѓаните добиваат поквалитетни услуги, дали се создаваат услови за економски развој и дали јавниот интерес е ставен пред секој друг интерес. Нашата цел е токму тоа, да градиме држава во која правилата важат за сите, во која трудот се вреднува и во која ниту една општина нема да биде оставена на маргините на развојот. Тоа е обврската што ја преземавме и од која не се откажуваме!“ – истакна потпретседателката на ЗНАМ. Осврнувајќи се на актуелните реформски процеси, Бендевска ја отвори темата за реформата на изборното законодавство и работата на работната група за Изборниот законик. Таа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси во државата. Бендевска потсети дека од десетте законски решенија што требаше да бидат испорачани до 30 јули, девет биле реализирани, додека Изборниот законик останал отворено прашање. Таа посочи дека во процесот биле вклучени договорените промени за кои постоел консензус, со цел да се избегне блокирање на реформата преку поднесување голем број амандмани. „Изборниот законик е дел од реформскиот процес и прашање од суштинско значење за демократскиот развој на државата. Затоа, местото на секоја политичка опција што има свои претставници во Собранието е на масата за разговор, со аргументи, конкретни предлози и подготвеност за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија. Не може да се бара консензус, а истовремено да се отсуствува од дебатата во која тој треба да се изгради; не може да се обвинуваат другите за забавување на реформите, а да не се учествува во процесот што треба да ги придвижи напред. Државничката одговорност подразбира да ги соочиме аргументите, да ги надминеме партиските разлики таму каде што тоа е можно и да донесеме решенија во интерес на демократијата и граѓаните. Изборниот законик не е сопственост на една партија, ниту реформите се средство за дневнополитички пресметки. Тие се обврска кон државата и нејзината демократска иднина. Консензусот не се постигнува со празно место на масата, туку со политичка зрелост, активно учество и подготвеност да се преземе одговорност за донесените одлуки!“ – порача Бендевска. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, со определба политичката одговорност да се потврдува преку работа, транспарентност и конкретни резултати. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter