Лапорта го нападна Реал: „Тие сакаат да го свртат вниманието“ - Канал 5

Лапорта го нападна Реал: „Тие сакаат да го свртат вниманието“

 Претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше најголемиот ривал Реал Мадрид, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на афера.

Лапорта го нападна Реал: „Тие сакаат да го свртат вниманието“

Претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше најголемиот ривал Реал Мадрид, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на аферата „Негреира“.

Односите меѓу двата шпански гиганти стануваат сè понапнати, а Лапорта смета дека приказната за спорните исплати кон поранешниот потпретседател на Шпанската судиска комисија се користи за да се сврти вниманието од случувањата во мадридскиот клуб.

„Во Мадрид зборуваат за други теми за да го свртат вниманието. Барселона минува низ одличен период; уживаме во фудбалот и доживуваме прекрасни моменти од нашата историја. Уживаме меѓународен углед и имаме тим што ги освојува срцата на навивачите. Во Реал се обидуваат сето тоа да го омаловажат“, изјави Лапорта.

Осврнувајќи се на аферата „Негреира“, првиот човек на Барселона повтори дека верува оти неговиот клуб ќе биде ослободен од обвиненијата.

„Се обидоа да нè осудат уште пред да ни се суди, иако на крајот излегува дека ситуацијата не е онаква каква што ја претставуваат во обвинувањата. Целосно верувам дека Барселона ќе биде ослободена од вина“, рече Лапорта.

Тој додаде дека, според него, постојаното враќање на оваа тема во јавноста само ѝ штети на репутацијата на каталонскиот клуб. „Тие ја продолжуваат истрагата колку што можат за да ја одржат приказната жива, но тоа не води никаде. Сето ова служи за да се дискредитира Барселона. Ќе дојде време да се зборува за сè кога ќе биде донесена пресудата“, изјави претседателот на каталонскиот гигант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Царинските службеници, во заедничка акција со полицијата, спречија обид за шверц на седум млади змии и еден егзотичен гуштер, сокриени во автомобил управуван од косовски државјанин.

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Според информациите на царинска управа, станува збор за заштитени видови на змии, кои лицето се обидело да ги сокрие под седиште.

-Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Царинската управа известува дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес. - Царинска управа.

Од Царинската управа информираат дека влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против лицето е поведена соодветна постапка. Од институцијата потсетуваат и дека за внесување и трговија со заштитени видови дива флора и фауна, се потребни соодветни дозволи, согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени функционери и вработени во „Национални шуми“ поради шверц со дрва

Серија акции за сузбивање на мрежа за нелегална трговија со дрва – Директор на подружницата „Црн бор“ во Прилеп, повикан на  информиративен полициски разговор поради сериозни сомнежи за незаконско постапување со дрва.

Приведени функционери и вработени во „Национални шуми“ поради шверц со дрва

Серија акции за сузбивање на мрежа за нелегална трговија со дрва – Директор на подружницата „Црн бор“ во Прилеп, повикан на информиративен полициски разговор поради сериозни сомнежи за незаконско постапување со дрва, открива заменик директорот во национални шуми Кире Михаилов. Во изјава за Канал 5, Михаилов рече дека случајот во Прилеп е последен во низа – се превезувале дрва со фалсификувани испратници, а вмешани биле повеќе луѓе на ракодовни позиции во Македонски шуми.

– Оној настан којшто се случуваше во изминативе ден, два во Прилеп, кадешто се одземени две патнички товарни моторни возила кои превезувале поголема количина дрва, за која МВР утврди дека испратниците со кои се превезувале дрвата биле со несоодветна содржина или условно кажано, најверојатно на некој начин биле фалсикувани. Покрај тоа бил одземен и чекан во сосптвеност на еден наш вработен, а поради целиот овој настан, повик нан слуќбен разговор беше и нашиот актуелен раководител во Прилеп,- изјави Кире Михаилов, заменик директор во ЈП „Национални шуми“.

Од МВР за Канал 5 официјално не ја потврдуваат акцијата во Прилеп, но информираат дека пред три дена била приведена вработена во подружницата на Национални шуми во велес, и тоа поа токму поради индиции за кријинал со дрва за огрев.

-При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, од кои дел биле без жиг, а дел со жиг. Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација, а дрвата кои биле со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес. Известен бил јавен обвинител, дрвата и останати предмети биле одземени. – МВР.

Покрај овие кации, Михаилов открива дека во изминатите неколку денови се конфискувале 400 кубика огревни дрва од правно лице во Скопје, како и дека е приведен 65-годишен дрвокрадец од Арачиново, кој превезувал огревни дрва без документација. Сепак, и покрај овие случаи Михаилов вели дека на правната рамка за дрвокрадците допрва треба да се работи, бидејќи објаснува дека најголемиот дел од овие случаи завршуваат без судски епилог.

– Многу лесно МВР ќе дојде до она што го бара – значи еве ги обезбедило испратниците, дрвата чеканот и се она што пропратно го има таму и ја завршиле приказната - луѓето биле повикани на разговор или биле приведени неколку часа, некој ден и сега се пуштени. И токму затоа добар дел од криминалците, кои што се сериозни криминалци, токму се префрлија во бизнисот со дрва,- изјави Кире Михаилов, заменик директор во ЈП „Национални шуми“ .

Според зборовите на Михаилов, во изминатите седум дена во соработка со МВР биле фатени и уште неколку камиони поврзани со лица за коишто тврди дека постои сомневање дека се дрвокрадци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од опозициската СДСМ, а разликата е уште поизразена кај нивните лидери, Христијан Мицкоски и Венко Филипче. 

Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ

Ваква слика за партиските рејтинзи покажува последната анкета објавена од порталот МКД.мк.

Според истражувањето, на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 проценти од испитаниците, наспроти 5,6 проценти за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН имаат изедначена поддршка од по 4,2 проценти, Левица четири, а ЗНАМ еден процент.

Но, анкетата покажува и висок процент граѓани без јасна определба за учество на изборите. Дури 41 процент од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе излезат или не сакаат да одговорат на прашањето.

Значителна разлика има и во довербата кон партиските лидери. Христијан Мицкоски има поддршка од 20,4 проценти, додека Венко Филипче од 3,8 отсто. Следуваат Али Ахмети со 3,7 проценти, Димитар Апасиев со 3,4 и Изет Меџити со 2,6 проценти.

Истовремено, дури 44,1 процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден политички лидер, додека 12,5 проценти не сакале да одговорат на прашањето.

Од опозициската СДСМ го оспоруваат толкувањето за убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека споредбата со изборните резултати покажува пад на поддршката за владејачката партија.

-Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во анкетата изнесува 19,3 проценти. СДСМ ја спореди таа бројка со околу 32 проценти на изборите и оцени дека власта губи доверба.Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката, порачаа од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, пак, коментирајќи ги ниските рејтинзи на опозициските партии, оцени дека тоа е лоша вест за политичарите кои, како што рече, водат политика со лаги, клевети и измислици. Според него, таквите партии ќе продолжат да ја губат поддршката од граѓаните.

„Граѓаните се свесни за перфомансите на денешната наша опозиција. И оние кои што од страна седат и само клеветат без бритоа да понудат малку помош да понудат катастрофално завршува. И оние коишто имаа 7 години можност а ја ограбија и ја уништија државата и сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да лажат, да клеветат итн. И тие ќе продолжат да тонат до конешно дефакторизирање од политичката сцена – изјави – Христијан Мицкоски – премиер на Македонија.

Инаку, анкетата е спроведена за порталот МКД.мк од агенцијата „Маркет вижн“, во периодот од 11 до 27 септември, преку телефонско анкетирање на 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно пописот од 2021 година. Статистичката грешка изнесува три проценти, со интервал на доверба од 95 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер