Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ - Канал 5

Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од опозициската СДСМ, а разликата е уште поизразена кај нивните лидери, Христијан Мицкоски и Венко Филипче. 

Анкета на „Маркет Вижн“: ВМРО-ДПМНЕ со тројно поголема поддршка од СДСМ

Ваква слика за партиските рејтинзи покажува последната анкета објавена од порталот МКД.мк.

Според истражувањето, на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 проценти од испитаниците, наспроти 5,6 проценти за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН имаат изедначена поддршка од по 4,2 проценти, Левица четири, а ЗНАМ еден процент.

Но, анкетата покажува и висок процент граѓани без јасна определба за учество на изборите. Дури 41 процент од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе излезат или не сакаат да одговорат на прашањето.

Значителна разлика има и во довербата кон партиските лидери. Христијан Мицкоски има поддршка од 20,4 проценти, додека Венко Филипче од 3,8 отсто. Следуваат Али Ахмети со 3,7 проценти, Димитар Апасиев со 3,4 и Изет Меџити со 2,6 проценти.

Истовремено, дури 44,1 процент од анкетираните немаат доверба во ниту еден политички лидер, додека 12,5 проценти не сакале да одговорат на прашањето.

Од опозициската СДСМ го оспоруваат толкувањето за убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека споредбата со изборните резултати покажува пад на поддршката за владејачката партија.

-Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ во анкетата изнесува 19,3 проценти. СДСМ ја спореди таа бројка со околу 32 проценти на изборите и оцени дека власта губи доверба.Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката, порачаа од СДСМ.

Премиерот Мицкоски, пак, коментирајќи ги ниските рејтинзи на опозициските партии, оцени дека тоа е лоша вест за политичарите кои, како што рече, водат политика со лаги, клевети и измислици. Според него, таквите партии ќе продолжат да ја губат поддршката од граѓаните.

„Граѓаните се свесни за перфомансите на денешната наша опозиција. И оние кои што од страна седат и само клеветат без бритоа да понудат малку помош да понудат катастрофално завршува. И оние коишто имаа 7 години можност а ја ограбија и ја уништија државата и сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да лажат, да клеветат итн. И тие ќе продолжат да тонат до конешно дефакторизирање од политичката сцена – изјави – Христијан Мицкоски – премиер на Македонија.

Инаку, анкетата е спроведена за порталот МКД.мк од агенцијата „Маркет вижн“, во периодот од 11 до 27 септември, преку телефонско анкетирање на 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен според регион, пол, возраст и етничка припадност, согласно пописот од 2021 година. Статистичката грешка изнесува три проценти, со интервал на доверба од 95 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Граѓаните со свои предлози и идеи за Кавадарци во 2027 година

Започнаа посетите и средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници на територијата на Општина Кавадарци.

Јанчев: Граѓаните со свои предлози и идеи за Кавадарци во 2027 година

Со голем одзив и во позитивна атмосфера, вечерва ги реализиравме првите средби во УЗ „Браќа Досеви“, УЗ „Задругар“, УЗ „Слога“ и МЗ „Ваташа“. Отворените разговори донесоа бројни предлози, идеи и конкретни иницијативи од граѓаните, насочени кон подобрување на инфраструктурата, комуналните услуги и севкупните услови за живот во нивните населби и населени места.

Токму преку ваквите непосредни средби ги слушаме потребите на граѓаните и ги утврдуваме приоритетите кои ќе бидат дел од годишната програма за работа за 2027 година.

Се гледаме утре - САБОТА

• Ресава – 11:00 часот

• Дабниште – 11:45 часот

• Бегниште – 12:30 часот

Продолжуваме понатаму, со средби во сите урбани и месни заедници!, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колумбија пријави 256 загинати и 973 лица во војната во Украина, земја оддалечена 10.000 километри

Министерството за надворешни работи на Колумбија соопшти дека 256 колумбиски државјани се пријавени за мртви, а 973 се исчезнати во врска со војната меѓу Русија и Украина, според информациите добиени преку дипломатски и конзуларни канали.

Колумбија пријави 256 загинати и 973 лица во војната во Украина, земја оддалечена 10.000 километри

Од вкупниот број пријавени смртни случаи, 162 се евидентирани врз основа на информациите доставени од Украина, а 94 врз основа на информациите од Русија, објави УПИ.

Што се однесува до исчезнатите лица, 676 случаи се регистрирани врз основа на информациите добиени од Украина, а 297 врз основа на информациите од Русија.

Министерството соопшти дека примило 1.927 барања за конзуларна помош поврзани со конфликтот, вклучувајќи 1.013 случаи поврзани со Русија и 914 со Украина.

Колумбиските власти соопштија дека официјално побарале од Русија и Украина да преземат мерки за да ги спречат колумбиските граѓани да се приклучат на нивните вооружени сили.

Министерството, исто така, предупреди за шеми за регрутирање што вклучуваат понуди за работа во странство, особено на воени, безбедносни и оперативна поддршка. Ги повика колумбиските граѓани да ги проверат условите за вработување и да ги проценат ризиците пред да потпишат договори што би можеле да ги однесат во воени зони.

Според различни извештаи, Колумбија стана еден од главните странски извори на воен персонал за конфликтот.

Во март, Работната група на Обединетите нации за употреба на платеници презентираше прелиминарен извештај во кој се истакнува зголеменото регрутирање на колумбиски борци за странски конфликти.

Експертите на ОН изјавија дека во текот на изминатите 11 години, повеќе од 10.000 Колумбијци биле регрутирани како платеници за да се борат во војни во странство. Украина, Русија, Судан и Демократска Република Конго беа наведени како главни дестинации.

Мишел Смол, претседателка на Работната група, предупреди дека феноменот е „во пораст“.

Извештајот ги опиша практиките на регрутирање како „предаторско регрутирање“, предизвикувајќи загриженост за транснационален криминал, експлоатација на трудот и трговија со луѓе.

Експертите рекоа дека регрутерите сè повеќе ги користат социјалните медиуми за да привлечат кандидати. Тие, исто така, идентификуваа фиктивни компании регистрирани во трети земји, вклучително и Панама, кои наводно биле користени за прикривање на финансиски трансакции и избегнување на правна одговорност.

Според експертите на ОН, колумбиските регрути се претежно поранешни воени офицери и пензионирани полицајци под 40 години.

Многумина имаат обемна обука за рурално војување, борба против бунтовниците и напредни воени тактики стекнати за време на повеќедеценискиот внатрешен вооружен конфликт во Колумбија.

Ограничените можности за вработување дома и можноста за заработка помеѓу 2.000 и 6.000 долари месечно ги направија странските воени договори привлечни за некои поранешни воени лица.

Сепак, експертите предупредуваат дека регрутите честопати се соочуваат со злоупотребувачки услови по пристигнувањето во странство, вклучувајќи договори напишани на јазици што не ги разбираат, незаконско одземање на нивните пасоши и итно распоредување на позиции на фронтот по минимална обука.

Некои, исто така, пријавуваат неисплатени плати и ограничувања што ги спречуваат да ги раскинат своите договори.

Наодите ги истакнуваат растечките загрижености за регрутирањето на искусни колумбиски воени ветерани во странски конфликти и ризиците со кои се соочуваат по распоредувањето.

За да бидат овие информации уште пошокантни, Колумбија е земја која е оддалечена над 10.000 километри од Украина воздушна линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)

„Блиска средба“ со морски предатор, долг помеѓу 3,6 и 4,5 метри, покрај брегот на округот Сан Луис Обиспо, Калифорнија, е снимена од дрон.

Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)

Голема бела ајкула опасно се приближи до група сурфери во среда, 28 октомври, и сè беше снимено и објавено на социјалните мрежи од Дејвид Штајнер.

Откако предаторот се приближи до луѓето, одеднаш ја смени насоката и го испрска сурферот Џоел Хендрикс со вода. После тоа, исчезна во длабочините.

„Ајкулата ме испрска, како да ме крстеше“, рече подоцна Хендрикс.

Тој, исто така, коментираше за својата реакција.

„Немав време да паничам или да се исплашам. Само помислив: „Ова не е местото каде што сакам да бидам повеќе“, рече тој.

Снимката јасно открива колку блиску ајкулата се приближила до сурферите, како и ненадејното прскање што се случило откако ја замавнала опашката. По „блиската средба“, Хендрикс допливал до брегот.

Дејвид Штајнер со години снима ајкули по должината на брегот на Калифорнија. Овој пат, тој снимил средба со примерок значително поголем од големите бели ајкули што можат да се видат во крајбрежните води, објавува „Дејли Војс“.

Времето на инцидентот исто така не е случајно. Тоа е време од годината кое се карактеризира со враќање на возрасни единки во оваа област.

Овој сезонски феномен е познат како Шарктобер, што се добива со комбинирање на англиските зборови shark (ајкула) и October (октомври).

Како што објаснуваат експертите, возрасните единки доаѓаат во локалните води за да се хранат со фоки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер