3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
ЗдравјеСветски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психологНе секоја болка се гледа и не секоја борба се препознава – често позади насмевката се кријат страв, очај и тага за кои многумина молчат и не знаат како да побараат помош. Психолозите предупредуваат, и покрај поголемата отвореност за овие теми, тие и натаму остануваат во сенката на стигмата и стравот од осуда. Наместо по разговор со стручно лице, и натаму се полесно се посегнува по дијазепами и антидепресиви за привремено стишување на состојбите, наспроти трајно решение на проблемот. -Луѓето обично не зборуваат за тоа, си живеат дома, затворени меѓу четири ѕида со својата депресија, со анксиозноста, со паничните напади, недоволно бараат помош, така да би требало многу, многу повеќе да зборуваме, да се трудиме и да им овозможиме да стане достапна таа психолошка помош,- - Мирјана Јовановска – Психолог . Проблемите со менталното здравје не ги заобиколуваат ниту младите, напротив се често некој од нив е осамен, тагува, поминува низ булинг или се бори со анксиозност – посочува психологот Розалија Секуловска, која вели, состојбите треба да се препознаат, а не да се игнорираат, и дека е во ред да се зборува за нив и да се побара помош. -Најчесто, проблемите кои што се типични, карактеристични за таа возраст се анксиозноста, значи чувството на страв од страв дека нешто лошо ќе им се случи здравствено, тагата која што може да премине во депресија, нарушени односи со врсниците, со родителите, со социјалната средина. Последици од семејните проблеми, во зависност од какво семејство доаѓаат, самокритичност, ниска самодоверба. Социјалните мрежи го прават другиот проблем, колку што се добри, толку има и недостатоци, изолација, намалување на речникот, намалување на речникот, на живата социјализација. Осаменост, повлекување во себе, исклучување и булингот, дали е кај помладите и во средно училишта,- Розалија Секулоска – Психолог. „Да не ти го земе Господ паметот“, „Срамота е да се побара стручна помош“ и многу други предрасуди и натаму се присутни во општеството, велат граѓаните,. Сепак забележуваат дека повеќе се говори за менталното здравје и сметаат дека грижата за истото, во денешно време, е исклучително важно. „Би сакала моите блиски да разберат дека не сум ок“, „Да ме сфатат другите“, „да се отворам, да си ја олеснам душата“ се само дел од анонимните пораки од пациентите на универзитетската клиника за психијатрија по повод светскиот ден на менталното здравје. Од таму порачаа, во време кога депресијата, анксиозноста и останатите ментални потешкотии се во пораст, треба да се разбие стигмата и да се испрати порака дека барањето помош не е слабост, туку напротив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЈамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои. Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“. „Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите. Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории. Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети. Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден. Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката. „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter