Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата - Канал 5

Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата

Таа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси.

Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата

Во рамки на серијата средби под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го продолжи отчетот пред граѓаните во Делчево, каде се разговараше за досегашното работење на избраните и именувани функционери од редовите на ЗНАМ, како и за спроведените политики, актуелните политички прашања и одговорноста на институциите кон граѓаните.

Пред присутните се обрати потпретседателката на Движењето и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, заедно со потпретседателот на Движењето и министер за земјоделство, Борче Серафимовски, претседателот на ОО на ЗНАМ во Бутел и директор на АД „Аеродроми“, Игор Трајановски, и Ирена Илиевска, директорка на Агенцијата за управување со одземен имот.

„За нас во ЗНАМ, отчетот не е формалност, ниту обврска што завршува соеден настан. Тој е принцип на политичко дејствување. Во изминатите две години работевме на активности и решенија што треба да ја направат државата пофункционална, институциите поодговорни, а јавните услуги подостапни за граѓаните. Граѓаните имаат право да прашаат што сме направиле, што сме промениле и што допрва треба да реализираме. Нашата обврска е на тие прашања да одговориме со конкретни резултати и со подготвеност да ја преземеме одговорноста за сработеното“ – порача Бендевска.

Осврнувајќи се на значењето на реформите, Бендевска нагласи дека државата се гради преку функционални институции, владеење на правото, вреднување на трудот и создавање услови за развој во сите општини.

Според неа, напредокот мора да биде рамномерен и видлив и во помалите градови, каде што граѓаните очекуваат еднаква институционална грижа и реални можности за подобар живот.

„Резултатите од работата не се мерат само со бројот на донесени закони или одржани состаноци, туку со тоа дали институциите работат подобро, дали граѓаните добиваат поквалитетни услуги, дали се создаваат услови за економски развој и дали јавниот интерес е ставен пред секој друг интерес. Нашата цел е токму тоа, да градиме држава во која правилата важат за сите, во која трудот се вреднува и во која ниту една општина нема да биде оставена на маргините на развојот. Тоа е обврската што ја преземавме и од која не се откажуваме!“ – истакна потпретседателката на ЗНАМ.

Осврнувајќи се на актуелните реформски процеси, Бендевска ја отвори темата за реформата на изборното законодавство и работата на работната група за Изборниот законик. Таа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси во државата.

Бендевска потсети дека од десетте законски решенија што требаше да бидат испорачани до 30 јули, девет биле реализирани, додека Изборниот законик останал отворено прашање. Таа посочи дека во процесот биле вклучени договорените промени за кои постоел консензус, со цел да се избегне блокирање на реформата преку поднесување голем број амандмани.

„Изборниот законик е дел од реформскиот процес и прашање од суштинско значење за демократскиот развој на државата. Затоа, местото на секоја политичка опција што има свои претставници во Собранието е на масата за разговор, со аргументи, конкретни предлози и подготвеност за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија. Не може да се бара консензус, а истовремено да се отсуствува од дебатата во која тој треба да се изгради; не може да се обвинуваат другите за забавување на реформите, а да не се учествува во процесот што треба да ги придвижи напред.

Државничката одговорност подразбира да ги соочиме аргументите, да ги надминеме партиските разлики таму каде што тоа е можно и да донесеме решенија во интерес на демократијата и граѓаните. Изборниот законик не е сопственост на една партија, ниту реформите се средство за дневнополитички пресметки. Тие се обврска кон државата и нејзината демократска иднина. Консензусот не се постигнува со празно место на масата, туку со политичка зрелост, активно учество и подготвеност да се преземе одговорност за донесените одлуки!“ – порача Бендевска.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, со определба политичката одговорност да се потврдува преку работа, транспарентност и конкретни резултати.

Две години работа.

Две години резултати.

Една љубов – Македонија!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. 

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период?

Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден.

Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината.

Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици.

Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус.

Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата.

Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар.

Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации.

Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца и бремена жена, се убиени синоќа во пукање во семеен дом во Пенсилванија. 

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“.

„Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора.

„Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“

Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата.

Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“.

Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица.

Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.

Јамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“

Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои.

Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“.

„Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите.

Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории.

Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети.

Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал ​​оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден.

Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката.

„Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер