Полицијата запленила 100.000 таблети екстази на глисер- Шпанците уапсиле дилер од Алжир - Канал 5

Полицијата запленила 100.000 таблети екстази на глисер- Шпанците уапсиле дилер од Алжир

Шпанската цивилна гарда уапси неименуван алжирски државјанин откако во неговиот глисер биле пронајдени повеќе од 100.000 таблети екстази (MDMA), кои се конфискувани.

Полицијата запленила 100.000 таблети екстази на глисер- Шпанците уапсиле дилер од Алжир

Гвардија пресретнала глисер со еден член на екипажот во водите крај општината Масарон, а RTVE известува дека станува збор за една од најголемите пратки на MDMA запленети на поморска рута во регионот Мурсија.

Во глисерот биле пронајдени 14 буриња гориво и неколку ранци со апчиња екстази во различни бои, како и чамец за надувување долг осум метри со мотор од 250 коњски сили и сателитски телефон.

Алжирецот (30) е уапсен и обвинет за кривични дела против јавното здравје, трговија со дрога и шверц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма

Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата затоа што јавноста дозна за уште еден сериозен скандал кој директно го засега највисокиот врв на Владата на Мицкоски.

Кузеска: ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма

Според документи објавени во медиуми, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е поврзан со компанија регистрирана во Бугарија.

Бугарски капитал, фрима или ваква поврзаност не е наведена во неговите анкетни листови доставени до ДКСК.

ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта.

ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста.

Дали Игор Јанушев пријавил сѐ што бил должен да пријави согласно закон или криел?

Законот предвидува и законска казна доколку се докаже дека криел удел во фирма и ќе мора да одговара.

Бидејќи Јанушев го нема втор ден институциите се должни да ги дадат одговорите.

Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив.

Тераат бизнис интереси во Бугарија, не чекаат како граѓаните со часови на граници а во исто време ја блокираат европската интеграција на Македонија и ги блокираат парите од ЕУ преку фондовите.

Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?

YouTube video

Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. 

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

Повод за средбата беше двојниот успех на клубот - шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига.

Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат во клубот.

Покрај успехот на младинците, ФК КУЛ ја заокружи сезоната со уште еден значаен шампионски трофеј. Сениорскиот тим на клубот го освои првото место во својата лига, со што и официјално обезбеди пласман за натпреварување во третата лига од следната сезона.

Упатувајќи искрени честитки до сите играчи и тренери за остварените успеси, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека Општина Кисела Вода секогаш ќе биде искрен поддржувач на спортските таленти.

-Овој клуб е вистински пример за успешен развој на млади таленти кои со своите игри го потврдуваат квалитетот на македонскиот младински фудбал. Постигнатите резултати верувам дека се само почеток на нови спортски предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина. Општина Кисела Вода секогаш стои зад вистинските спортски вредности и тука сме за да ги мотивираме младите да се насочат кон спортот и континуирано да напредуваат- порача градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фонд на ПИОМ за извештајот на ДЗР: Предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година

Фондот на ПИОМ нагласува дека по преземањето на функцијата, актуелниот менаџмент веднаш пристапи кон анализа на сите ризични процеси и воведе конкретни мерки за надминување на утврдените слабости. 

Фонд на ПИОМ за извештајот на ДЗР: Предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата.

Важно е да се нагласи дека предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година.

Во првите девет месеци од ревидираниот период со Фондот управуваше раководен кадар именуван во време на претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ, додека актуелното раководство ја презеде одговорноста за управување со институцијата во последниот квартал од годината.

Поради тоа, најголемиот дел од ревидираните постапки, одлуки, договори, административни процеси и утврдени состојби се однесуваат на период кога Фондот функционирал под раководство на претходниот менаџмент.

Дополнително, значителен дел од забелешките на ревизорите се однесуваат на состојби кои се провлекуваат со години и биле нотирани и во претходни ревизорски извештаи, што укажува дека станува збор за наследени системски слабости.

Фондот на ПИОМ нагласува дека по преземањето на функцијата, актуелниот менаџмент веднаш пристапи кон анализа на сите ризични процеси и воведе конкретни мерки за надминување на утврдените слабости.

Во делот на јавните набавки отстранети се сите недостатоци забележани во наодите и се воспоставени дополнителни контролни механизми, зајакнати се процедурите за планирање и реализација на набавките и е воспоставен систем на повисока транспарентност и отчетност.

Истовремено, преземени се активности за средување на административните евиденции, подобрување на внатрешните контроли, унапредување на финансиското управување, зајакнување на институционалната дисциплина и подобрување на процесите поврзани со управувањето со средствата и имотот на Фондот.

Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно работење и на системот на јавни набавки се веќе надминати, а механизмите воспоставени на крајот на 2024 и во текот на 2025 година, значително го намалуваат ризикот од повторување на констатираните состојби во иднина и ова е нотирано во извештајот на ДЗР во прилот на забелешките од Фондот на ПИОМ.

Воедно, во јавноста се отворија прашања поврзани со обврските кон Фондот за здравствено осигурување и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб.

Во таа насока Фондот на ПИОМ смета дека е потребно да се истакне дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата.

Со одлуките донесени во изминатиот период, пензиите беа зголемени номинално за околу 7.000 денари месечно за сите 347.000 пензионери. Тоа значи дополнителни средства за пензионерите во износ од околу 30 милијарди денари на годишно ниво.

Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување.

Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот.

Исплатите по овие основи зависат од висината на средства обезбедени во буџетот на ПИОМ и реализацијата на овие стапки во буџетот на Фондот за 2024 година изнесува 82,24 проценти за ФЗО и 92,95 проценти за Вториот столб.

Фондот на ПИОМ смета дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите.

Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.

Фондот на ПИОМ целосно ги прифаќа препораките на Државниот завод за ревизија и континуирано работи на нивна имплементација.

Истовремено, Фондот на ПИОМ останува посветен на принципите на законитост, отчетност, транспарентност и домаќинско управување со средствата на осигурениците и пензионерите.

Граѓаните и пензионерите треба да бидат уверени дека финансиската стабилност на Фондот, редовната исплата на пензиите, непреченото функционирање на пензискиот систем и континуираното обезбедување на здравствените права на пензионерите не се доведени во прашање и остануваат врвен приоритет на актуелното раководство на ПИОМ и Владата на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер