Ленд Ровер нуди изведба посветена на Џејмс Бонд, ќе има само 300 копии (ФОТО) - Канал 5

Ленд Ровер нуди изведба посветена на Џејмс Бонд, ќе има само 300 копии (ФОТО)

За разлика од повеќето други кои веќе избегаа од бензински и V8 мотори, Land Rover остана верен на класиката.

Ленд Ровер нуди изведба посветена на Џејмс Бонд, ќе има само 300 копии (ФОТО)

И кога станува збор за Defender, мора да биде толку едноставно. Точно по седум децении пристигна новата генерација подготвена да прифати електрична енергија, но вреди да се потсети уште еднаш на некои стари времиња. И тоа е она што го прави Ленд Ровер со Бонд верзијата на Дифендер, која доаѓа паралелно со најновиот датум на премиерата на најновото продолжение од серијата за Џејмс Бонд.

Целосното име Land Rover Defender V8 Bond Edition ќе се нуди во два стила на каросеријата, а се препознава по целосно црното издание кое вклучува црни бандажи од 22 инчи зад кои се наоѓаат во сино обоените сопирачки. Тука е и етикетата Defender 007, осветлени прагови и инфозабава со нова анимација. Конечно, етикетата One of 300 ја потврдува ексклузивноста на серијата, која што ќе има само 300 примероци.

А под хаубата се наоѓа 5.0 V8 со 525 КС и 625 Nm со кој идниот сопственик ќе стигне до 100 км / ч за само 5,4 секунди и ќе вози до 240 км / ч. И конечно,почетната цена за кратката верзија е 134.900 евра на германскиот пазар

Да потсетиме, соработката помеѓу Џејмс Бонд и Ленд Ровер трае 38 години. Новиот филм, чија премиера е на 30 септември, ги прикажува Range Rover Sport SVR, Range Rover Classic, Land Rover Series III и, се разбира, новиот Defender.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер