Лековите и фармацевтското загадување во реките влијаат врз рибите - Канал 5

Лековите и фармацевтското загадување во реките влијаат врз рибите

Загадувањето од фармацевтските производи во водите има потенцијал да влијае на однесувањето и движењето на лососот, а потенцијално - и на другите риби, според научно истражување објавено денеска. 

Лековите и фармацевтското загадување во реките влијаат врз рибите

Написот од испитувањата предводени од Шведскиот универзитет за земјоделски науки, е објавен во списанието „Сајенс“ (Science).

Научниците користеле фармацевтски ќесички со бавно протекување и ги следеле животните за да ја набљудуваат изложеноста на два вообичаени лекови и влијанието на атлантскиот лосос во шведската река Дал, додека рибата се движела кон Балтичкото Море. Испитувањата покажаа дека вообичаено откриените нивоа на соединението „Клобазам“ - лек што се зема за спиење, влијае врз миграцијата на рибите од реките во морето. Маркус Микеланџели од австралискиот Универзитет „Грифит“, кој има свој удел во научниот труд, ја истакна зголемената закана од фармацевтско загадување за дивиот свет и екосистемите.

- Фармацевтските загадувачи се растечки проблем на светско ниво, со повеќе од 900 различни супстанции откриени во водните патишта низ светот, рече Микеланџели.

Така, се вели дека „Клобазамот“ го скратува времето коешто му е потребно на лососот да мине низ две хидроелектрични брани на неговиот пат. Тоа, пак, ја прави миграцијата - побрза.

- Лососот изложен на „Клобазам“ е побрз, и се чини оти лекот нему му е „корисен“... Сепак, за секоја промена во природното однесување и екологијата на еден вид, може да се очекува да има пошироки негативни последици и за тој вид и за околната заедница на диви животни, објасни научникот.

- Многу фармацевтски производи остануваат во животната средина поради недоволната биоразградливост и непречистувањето на отпадните води, додаде Микеланџели.

Со создавање лекови коишто побрзо ќе се разградуваат и ќе бидат помалку штетни по употреба, може значително да го ублажиме влијанието на фармацевтското загадување врз животната средина во иднина. Посебно загрижувачки се психоактивните супстанции, како што се антидепресиви или лекови против болки, коишто можат значително да ја нарушат функцијата и однесувањето на мозокот кај дивите животни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:

За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

За моторни возила со погон на четири тркала (4x4):

- зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;

- пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:

- зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.

- пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

- автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер