Жена од Аризона заспала на сонце, едвај преживеала - Канал 5

Жена од Аризона заспала на сонце, едвај преживеала

82-годишна жена од Аризона претрпе изгореници опасни по живот откако заспала на метална столица покрај базен. Изгорениците биле толку сериозни што стигнале до мускулите и коските во некои делови од нејзиното тело, а покрај сонцето, таа настрадала

Жена од Аризона заспала на сонце, едвај преживеала

Пронајдена во несвест покрај базенот

Бети Лу Самер (82) била на базенот во заедницата Џонсон Ранч во долината Сан Тан на 11 јуни. Откако заспала и поминала околу еден час на сонце во Аризона, ситуацијата станала критична. Минувачите ја пронашле во несвест, со тежок топлотен удар и изгореници од трет степен.

„Целиот преден дел од нејзиното тело беше изгорен, до мускулите и коските. Ова се значителни изгореници“, изјави нејзината ќерка Мишел Габерт за локалните медиуми. Откако ја пронашле, ја покриле со влажни крпи и ја преместиле во сенка. Таа била итно однесена во Центарот за изгореници Валивајс, каде што лекарите ѝ дијагностицирале оштетување на црниот дроб и бубрезите и тежок шок, покрај изгорениците.

Изгорениците покривале околу 30 проценти од нејзиното тело и не биле само од сонцето, туку од сите делови од нејзиното тело што биле во контакт со жешката метална столица. „Врвот на нејзиниот мал прст, кој ја допирал металната столица, бил целосно исчезнат. Секој дел од нејзиното тело што бил во контакт со металот на столицата бил буквално изгорен“, рече Габерт.

Едвај преживеала

Самер, која неодамна се пензионираше, е на респиратор и дијализа и веќе имала неколку операции за отстранување на изгорена и мртва кожа. „Не бевме сигурни дали ќе ја преживее ноќта“, рече нејзината ќерка, која била надвор од земјата во времето на несреќата.

Се очекува Самер да остане во одделот за изгореници најмалку уште еден месец. Таа, исто така, чека повеќе кожни графтови, откако нејзиното ткиво ќе заздрави доволно.

Габерт, која самата е докторка, објасни дека возраста на нејзината мајка придонела за сериозноста на нејзините повреди и го отежнала закрепнувањето. Постарите луѓе имаат потенка кожа, помалку поткожни масти, побавно време на заздравување и тешкотии во регулирањето на телесната температура.

Таа одлучи да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за опасностите од изложеност на сонце и високи температури. Таа ги повика луѓето да преземат соодветни мерки на претпазливост, како што се користење крема за сончање, носење заштитна облека и пиење многу течности. „Никогаш не помислив дека некој во моето семејство ќе мора да помине низ нешто вакво“, рече Габерт. „Жештината не е шега.“

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилност

Од шалтерите до дигиталните платформи.. 

Рекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилност

Само во месец октомври преку Националната платформа за интероперабилност, која овозможува сигурна, брза и автоматска електронска размена на податоци и документи меѓу државните органи, институциите и одредени приватни компании, реализирани биле рекордни 20 милиони трансакции, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

„За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги ,на порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември“,– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Министерот Андоновски најави дека веќе оваа недела се очекува да биде достапна втората унапредена верзија од апликацијата М услуги со цел поедноставен пристап на граѓаните до електронските услуги.

„Ова е еден почеток, јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот.И драго ми е што над 30 илјади наши сограѓани веќе тоа го препознаваат и се корисници на апликацијата...Тоа се рефлектира и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе сериозно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ -– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

И покрај напредокот на дигитализацијата, готовинското плаќање сè уште има доминантна улога во електронската трговија. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, посочува дека податоците за картичните трансакции даваат само делумна слика за онлајн купувањето, бидејќи не ги опфаќаат плаќањата при достава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови.

Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови

Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка.

Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати.

Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност.

Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски.

-За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски.

Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“

На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи.

Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области:

  • регулаторниот систем и надлежностите;
  • одобрувањето и ставањето лекови во промет;
  • производството, дистрибуцијата и снабдувањето;
  • клиничките испитувања и фармаковигиланцата.

На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци:

Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив;

Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ;

Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите;

Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови;

Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции;

План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД;

Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик;

Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка.

-Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски.

Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари.

На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус.

ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски.

Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон.

На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност.

Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер