Трагедија која ги потресе Полска и светот: Убиецот делувал под влијание на екстремно-десна идеологија
2Трагедија која ги потресе Полска и светот: Убиецот делувал под влијание на екстремно-десна идеологија
3Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова покрена петиција со која се бара воведување на електронска алка
Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
БалканВозач на камион изгуби контрола на патот во Петриња, речиси се судри со автобус (ВИДЕО)Видео, очигледно снимено во Петриња, се шири на социјалните мрежи и го прикажува загрижувачкото, лудо возење на возач на камион.Наводно на човекот му се слошило и откако видеото било снимено, излетал од патот. Полицијата сè уште не дала коментар за несреќата. На видеото, возачот го ниша камионот и речиси се судри челно со автобус што доаѓа од спротивната насока. „Не автобусот, не автобусот“, велат девојките што го снимаат видеото. Возачот постојано преминува во спротивната лента и скршнува од патот кон тревната површина и тротоарот. Девојките на видеото прашуваат каде се полицајците и кажуваат како ги повикале претходно. @hrvojetremljan ♬ izvorni zvuk - Hrvoje Tremljan Извор: Индекс.хрТагови: камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија ги засилува нападите- 250.000 Украинци се без струја Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во Украина, извршени синоќа, оставија стотици илјади корисници без електрична енергија во регионите на Дњепропетровск и Харков, објавија властите и украинскиот снабдувач со енергија. Украина се подготвува за уште една исклучително тешка зима на војна, додека Русија го зголемува своето секојдневно воздушно бомбардирање, насочувајќи ја електричната мрежа кон беспилотни летала и ракети. Во централниот регион на Дњепропетровск, „повеќе од 600.000 Украинци останаа без електрична енергија“, објави украинскиот оператор DTEK на Телеграм, по „ноќните напади во кои беа оштетени важни енергетски објекти“. Поправките на мрежата се попречени од повторени напади, забележа компанијата. Во одделен напад, руски дрон погоди „клучен објект“ во североисточната област Харков, објави на социјалните медиуми Микола Бакшеев, градоначалник на градот Златопил. „Речиси 250.000 корисници во регионот Харков останаа без електрична енергија“, рече тој. Поправките се во тек. This morning, the Russians attacked Komyshuvakha with an FPV drone, where emergency rescue operations have been underway for seven days following an aerial bomb strike that killed 55 people. Unfortunately, more people may still be under the rubble. Absolute cynicism and brutality. There was also an overnight attack on the Dnipro region – the Russians struck energy infrastructure, leaving more than 600,000 people in Dnipro and the region without power. In the Kharkiv region, the situation is difficult too. There are widespread power outages across the country. In the Zhytomyr region alone, 140 apartment buildings were left without heating following a Russian strike. Repair work is underway in virtually every affected city and community. I thank the energy workers, utility workers, and every repair crew who are literally working 24/7 to restore water, electricity, and heating supplies to people. In total, this past week alone, Russia has launched 115 missiles of various types, nearly 1,900 guided aerial bombs, and more than 3,000 attack drones against our cities and communities. These are combined strikes involving many ballistic missiles. And a significant portion of the missiles were manufactured this year. We constantly provide our partners with information about Russian enterprises involved in ballistic missile production. In October, Ukraine imposed major sanctions packages on the individuals and legal entities involved. It is very important that they be synchronized across Europe and G7 jurisdictions. If the world does not have enough anti-ballistic capabilities to protect Ukrainian skies, then the missiles must be stopped on the production lines. We count on a strong 22nd EU sanctions package. Thank you to all partners who are truly helping. — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 8, 2026 🫂 In Kyiv, due to a blackout in one of the residential complexes, residents decided to have dinner together. https://t.co/XoHbGiSI7P — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) November 8, 2026 Енергетската инфраструктура во пет украински региони, вклучувајќи ги Дњепропетровск и Харков, веќе беше цел на масовни руски напади преку ноќ, што доведе до прекини во електричната енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите како форма на „притисок“ што го применува Москва пред трилатералните разговори, за кои се очекува да продолжат следната недела.Тагови: русија Украинци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТрагедија која ги потресе Полска и светот: Убиецот делувал под влијание на екстремно-десна идеологијаБројот на жртвите од страшниот масакр во Краков се искачи на девет, откако во семејниот дом на напаѓачот беа пронајдени и телата на неговите родители и сестра. Од час во час истрагата зад масакрот во Краков отвора, нова, уште помрачна димензија – во домот на 24 годишниот Михал, во Островјец Швјентокшиски полицијата пронајде уште три мртви тела, родителите и 21 – годишната сестра на напаѓачот, по што бројот на жртви се искачи на девет. Тројцата пронајдени, кои ги потврди полскиот премиер Доналд Туск, биле со прострелни рани, а според првичните сомнежи, ги убил токму Михал, пред да тргне во крвавиот поход во Краков. „Имаме потврда, две жени и еден маж се мртви во домот на сторителот. Навистина е неверојатна трагедија. Постојат силни показатели дека биле најблиското семејство.“ Но, убиеното семејство не била единствена вознемирувачка глетка за истражните органи. При претресот на станот биле пронајдени седум парчиња оружје, пушки и пиштоли, складирани во метален сеф. Сомнежите се дека дел од нив припаѓале на неговиот татко со кој заедно поседувале клуб за стрелаштво. „Сторителот и неговото семејство поседувале оружја, конкретно спортски пушки. Во овој момент, oсвен што ги обезбедуваме местата на злосторството, правиме форензички истражувања и во координација со обвинителот, интервјуираме сведоци.“ Полицијата во меѓувреме полека ја склопува сложувалката за неговиот мотив, сомнежите укажуваат на екстремна идеологија. Убиецот имал голема колекција од втората светска војна во неговиот дом. „Се укажува на фактот дека напаѓачот бил под влијание на екстромно-десна идеологија, прашање кое ќе биде предмет на истрага.“ Обесени луѓе, вооружен човек кој влегува во училиште, мртви тела на ученици и себеси како извршител – биле цртежите 24 годишниот убиец Михал уште од училишните денови, сведочат неговиоте соученици. Други пак се целосно изненадени од грозоморниот чин. „Се знаеме уште од основно и средно училиште. Бевме добри другари во одделението и бевме многу поврзани. Не покажа никаква тенденција која може да се опише како екстремно-десна. Навистина останав без зборови. Се знаеме со години. Тој веројатно почна да студира, а веројатно се вклучил во одредени кругови.“ Брзата полицикса реакција, која на местото на масакрот се нашла за неполна минута, спречила уште потрагични последици. Хоророт во историскот дел на Краков го прекина полицаец кој е прогласен за херој, кој не само што го застрела напаѓачот, кој бил облечен во воена, маскирна облека, и го запре крвопролевањето, туку го поставил своето тело како жив штит пред цивилите и заврши со три прострелни рани – во моментов му се борат за живот. Во Ринек Глувни – стариот град на Краков, хоророт веќе го замени тагата, се палат свеќи и се положува цвеќе во чест убиените. Жителите и натаму се шокирани од она што го просведочиле во место кое секогаш важело за безбедно. “Одеднаш слушнав некакво пукање и ссамо видов тела како лежат позади мене. Видов една мртво лице, не се помрднуваше и уште неколку лица кои лежат малку подолу, луѓе се обидуваа да ги реанимираат. Им ја соблекуваа облеката, крвареа преку облеката. Невозможно е да се опише, глетката е како од најстрашниот филм. / Секако, ова е нешто што го планирал, бидејќи делува испланирано. Рутата, каде да сврти, како бил облечен, облеката изгледаше, војна, паравоена, воен тип на оружје, како и одредени вештини.“ Во нападот во Краков, убиецот одзеде шест животи, усмрти четири жени и двајца мажи. Убиени се туристички кочијаши, а меѓу мртвите се три жени, како и еден британски државјанин. Повредени се 16 лица, од кои двајца се полициски службеници.. повеќето со кои дошол во контакт убиецот се тешко ранети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДијабетичарите повторно чекаат помагала, бараат системско решениеСекое доцнење е неизвесност, овој пат дел од пациентите со дијабет, помеѓу кои и деца, од десетина дена до половина месец немаат сензори и делови од инсулинските пумпи, велат од здруженијата на пациенти... Дел од пациентите со дијабетес, меѓу кои и деца, периодов се соочуваат со недостаток на сензори за следење на шеќерот во крвта и сетови за инсулинските пумпи без кои не може континуирано да се внесува инсулин, велат од Сојузот на дијабетичари. Димче Велев, претседател на Сојузот, објаснува дека додека чекаат помагалата да пристигнат во инсулинските аптеки, понекогаш и по десетина дена или две недели, оние кои немаат финансии да се снајдат и да ги купат приватно, живеат во неизвесност, иако дистрибуцијата до инсулинските аптеки е започната. „Има реакција дека има недостиг на сетови и на сензори, нови сензори. Кога велам нови не мислам на новодијагностицираните пациенти, туку на на оние кои имале претходно и треба да добијат дополнителна количина на сензори. И за мене, и за нас како Сојуз и еден ден е доцнење, периодот кога го земаме вака во предвид, според информациите што ги имам од здруженијата, разликата (на немање помагала) е до недела дена или две недели. Тоа значи еден сензор помалку 14 дена кој се надополнува, но во тој период лицето со дијабетес или децата младите живеат во неизвесност, или пак мораат да набават (приватно) за да не живеат во неизвосност со состојбата на гликемијата во крвта. “ Со оглед на фактот дека со години се соочуваат со проблеми, претходно и неколку месеци немаше терапија, а проблеми низ годините имаше и со ленти и глукомери, неоходно е целосно и системско решение, а и навремено планирање за потребите на пациентите што допрва би се дијагностицирале, велат од Сојузот. „Повеќе години нудиме решение за надминување на проблемот, тоа е континуирано решение, или системско, за одржлив пристап до ленти и глукомери, тоа со референтната цена, истото да се случува и за сензорите за лицата со тип 1 дијабетес. И Министерството да организира со Фондот за здравствено осигурување пристап до современата антидијабетна терапија. “ Од Сојузот велат дека постојано разговараат со надлежните и се надеваат дека проблемите со медицинските помагала целосно ќе се надминат. Од Министерството за здравство пак ги отфрлаат тврдењата за недостиг на помагала. Оттаму за Канал 5 посочија дека сите, околу 350 корисници на инсулински пумпи континуирано имаат достапни сетови и резервоари. Во однос на сензорите, од Министерството информираат дека тие се обезбедени за 800 пациенти, односно за лицата со тип 1 дијабетес до 25 години, бремените жени, слепите лица и пациентите со најтешки компликации. Во мај и јуни велат, биле заменети трансмитерите и поделени количини сензори за шест месеци, до декември годинава. Во недостаток на прецизен и јавен регистар, според податоците на Сојузот и здруженијата, во Македонија околу 136 илјади граѓани живеат со дијабетес. Од нив, помеѓу 3.700 и 4.000 се со дијабетес тип 1, меѓу кои и околу 500 деца. Дополнително, околу 35 илјади лица со дијабетес тип 2 се на инсулинска терапија. За нив редовното снабдување со инсулин и неопходните медицински помагала се од особено значење за контрола на болеста и спречување на сериозни компликации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook