3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
3Мета се соочува со најголемото судење досега: Крај за приказните и лајковите на Инстаграм и Фејсбук?
Шоу бизЛејди Гага ги водушеви сите со гестот на доделувањето на Греми наградите (ВИДЕО)Лејди Гага воодушеви многумина со својот настап на синоќешното доделување на Греми наградите.Додека пејачката Солана, Имани Роу, попозната како СЗА, излегуваше на сцената за да ја прими наградата, Гага ѝ пријде на помош. Имено, СЗА пристигна во фустан со долг превез од тул кој се заплетка додека одеше кон сцената. Исто така, на доделувањето на наградите, пејачката одеше со патерици. Откако Гага сфатила што се случило, притрчала на помош и го држела фустанот. notice how SZA started running as soon as gaga touched her dress? This proves that Lady Gaga is a biblical miracle she literally healed her 😳pic.twitter.com/64HYmSsf1Y — Tropico🦩🪬 (@plsslana) April 4, 2022 Нежно го држела додека СЗА не се приближи до сцената, а потоа Гага го ослободи фустанот и ѝ помогна на својата колешка да седне на нејзиното место. Гледачите на социјалните мрежи не престануваат да го фалат гестот на Гага и пишуваат дека таа е навистина многу внимателна и грижлива. Во очите на многумина, таа стана вистинска хероина. lady gaga is the sweetest purest soul and it reflects through her personality whether its her helping sza with the hem of her dress or her getting all teary when doja cat won her first grammy, we really don't deserve her.🥺❤️ — ً (@enigmascandy) April 4, 2022 „Можеш да кажеш што сакаш, но ова е премногу слатко. Гага е единствената која ѝ помогна на СЗА“, „Сакам да гледам како жените се грижат една за друга“, „Како да не ја почитуваме нејзината добрина?“, „Жените навистина се поддржуваат едни со други.“, „Легендите ги поддржуваат легендите“, „Лејди Гага има најслатка и најчиста душа“, „Лејди Гага е чудо“, се само дел од коментарите на Твитер. here's my idol Lady Gaga helping SZA with her dress. I have no words to explain how proud i'm to stan the correct person.#GRAMMYs pic.twitter.com/JL5GvChQ27 — mariahxgaga🕊️ (@mariahxgaga) April 4, 2022 Инаку, Лејди Гага ги воодушеви фановите на минатонеделното доделување на Оскарите. Имено, Гага и Лајза Минели заедно имале задача да ги прочитаат номинациите за Оскар за најдобар филм, а кога пејачката видела дека Минели има проблеми со изговорот, се спуштила да ѝ шепне порака за поддршка на уво. Lady Gaga helping @sza with her dress.. I just love @ladygaga .. she got everybody!!! #grammys — Loni Love (@LoniLove) April 4, 2022 „Јас сум со тебе“, рекла Гага, а Минели одговорила дека го знае тоа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотТатко и син пронашле заб, што му припаѓал на огромно чудовиште старо 3,6 милиони години (ВИДЕО)Прошетката по плажата во Њу Џерси се претвори во неверојатна авантура за Мајкл Бауерс (42) и неговиот 11-годишен син, Бум.Тие случајно пронајдоа огромен заб од чудовиште и сфатија дека мора веднаш да им го покажат на експертите, објавува Њујорк пост. Заглавени во тесен отвор „Никогаш ни во милион години не би помислил дека ќе најдеме нешто вакво. Мојот син беше без зборови“, рече подоцна Бауерс. Таткото и синот одеа по карпест насип кога го забележаа забот - заглавен во тесен отвор. Бауерс не можеше да ја протне раката низ пукнатината и да го извади, но неговиот син го стори тоа без поголеми проблеми. „Колената ми се тресеа“, рече Бауерс, објаснувајќи дека експертите подоцна потврдија дека станува збор за заб од мегалодон, огромна праисториска ајкула. Овој морски предатор можел да порасне до 18 метри и изумрел пред повеќе од 3,6 милиони години. Особено значајно откритие Фосилите од ова праисториско суштество се многу ретки во Њу Џерси. Според Државниот музеј, во таа држава се пронајдени помалку од пет мегалодонски заби. Тоа го прави откритието на семејството Бауерс особено значајно. Истражувачите веруваат дека забот веројатно бил исфрлен на брегот за време на проект за рекултивација и реставрација на плажата што го спроведе американската армија во јули. За време на таквата работа, песок се носи од области далеку од брегот и се користи за проширување или реставрација на плажата. Доколку материјалот бил земен неколку километри од брегот, фосилниот заб можеби бил транспортиран со него.Тагови: чудовиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло со мала до умерена локална облачностИ утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Шоу бизСалма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19). Откри како ќе се вика внукот Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито. „Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек. View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) Објавени се и првите семејни фотографии. Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив. View this post on Instagram A post shared by lara cosima henckel von donnersmarck (@laracosima_pinault) „Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите. „Секогаш сакав да имам многу деца“ Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство. „Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година. Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.Тагови: Салма Хајек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00