Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“ - Канал 5

Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, по поразот во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (0–2) изјави дека е разочаран што неговиот тим не создал повеќе шанси против шпанскиот клуб.

Карик по уште еден пораз на Јунајтед: Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“

„Чувствата се измешани. Ова е тешко гостување, а почетокот на натпреварот очигледно нè стави во тешка положба. Мислам дека подоцна го фативме ритамот и се консолидиравме. Во второто полувреме воспоставивме одредена контрола, иако не создадовме сериозна закана. Потоа дојде шансата на Бруно, а веднаш потоа и црвениот картон – одлука што ја сметам за погрешна. Навистина сум разочаран што не создадовме повеќе можности“, рече Керик по натпреварот.

Тој истакна дека неговиот тим треба да најде начин да остварува победи на претстојните натпревари.

„Пробавме нешто малку поинакво. Во одбраната, веројатно пречесто ја менувавме страната на играта. Најважно е што чувствуваме дека победата беше на дофат; можевме и требаше да извлечеме повеќе од овој натпревар. Правиме и некои работи како што треба“, изјави Керик.

Ова беше петти натпревар по ред без победа во сите натпреварувања за тимот од Манчестер. Јунајтед следниот натпревар ќе го одигра во недела против Лидс, во рамките на седмото коло од Премиер лигата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Многу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.

Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај

Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски.

Во видеото погледнете ја целата ретроспектива.

-Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?

Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски .

Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било контатирано дека нема услови за лекување во Македонија?

Инспектори на Државниот Санитарен и Здравствен инспекторат ја проверуваат медицинската документација на Ива Михаилова на Клиниката за неврологија каде се лекувала по сообраќајната несреќа, потврди директорот на клиниката, Јован Божиновски кој лично побарал да се провери нејзиното здравствено досие.

Михаилова на клиниката се јавила еден и пол месец по сообраќајката во која е обвинета дека ја предизвикала и таму била задржана три дена. Лекувањето го извршил доктор Иван Барбов кој констатирал дека Михаилова има скршен пршлен што ѝ предизвикало проблеми со движењето.

Барбов за Канал 5 појаснува дека таа немала здравствено осигурување во Македонија, а методот на лекување што ѝ го препорачал најблиску го имало во соседна Бугарија.

Тврди дека не знаел за обвинението на Михаилова како учесник во сообраќајна несреќа.

Михаилова втор ден е во клиниката Пирогов во Софија на лекување. Од таму за Канал 5 потврдуваат дека таа е хоспитализирана таму, но не откриваат каква дијагноза утврдиле кај неа.

Министерот за здравство Сашо Клековски, пак, во актуелната ситуација не гледа здравствен случај. Се сомнева дека Михаилова се решила на бегство по најавите дека ќе дојде лекарски конзилиум од Бугарија за со македонските колеги заеднички да ја констатира нејзината состојба.

Михаилова побегна во Бугарија само два дена откако министерот Муцунски по средбата со бугарската колешка Петрова Чамова во Софија соопшти дека како гест на добра волја, Македонија е подготвена да дозволи тим бугарски доктори да дојдат и да се запознаат со нејзината здравствената состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Бугарското министерство за внатрешни работи го примила известувањето од Македонија дека ја бара Ива Михаилова, откако вчера беше распишана меѓународна потерница по неа..

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Како што објави бугарската национална телевизија – БНТ, дирекцијата за меѓународна оперативна соработка при бугарското МВР примило порака од Интерпол - Скопје со како што се наведува, барање за меѓународна потрага заради апсење и екстрадија на Михаилова, обвинета за кршење на сообраќајни правила..

БНТ пишува дека во моментов, немало издадена црвена потерница и дека бугарските власти не преземаат никакви мерки за да утврдат каде се наоѓа Михаилова..

Од бугарското министерство за внатрешни работи, во одговорот до медиумите, постетува дека согласно уставот, државјанин на Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер