Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“ - Канал 5

Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“

„SpaceX“ воведе ограничувања за сателитскиот интернет без претходна најава, што доведе до прекин на клучни теренски операции.

Украинците во очај: Маск воведе драстични ограничувања за „Starlink“

„SpaceX“, компанијата во сопственост на Илон Маск, воведе неочекувани технички ограничувања на брзината на пренос на податоци за воената сателитска интернет-услуга „StarShield“, која ја користат вооружените сили на Украина.

Според Серхиј Бескрестнов – советник за воени комуникации и експерт познат под кодното име „Flash“ – брзината на протокот на податоци за мобилните единици ненадејно била ограничена на брзина од 100 милји на час (приближно 160 км/ч) без претходно известување.

Оваа рестриктивна техничка измена директно влијаеше врз работата на теренската опрема, предизвикувајќи прекини и потешкотии во одредени теренски операции. Аналитичарите истакнуваат дека овој потег на „SpaceX“ не претставува случаен технички дефект, туку прилагодување на услугата направено во светло на тековните политички случувања и притисокот од Вашингтон.

Потегот на Илон Маск уследи кратко по предупредувањата од САД во врска со можното запирање на споделувањето разузнавачки информации и укинувањето на пристапот до сателитската мрежа „Starlink“. Претходно, и поранешниот американски претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше украинското раководство поради одбивањето преговори и неподготвеноста за компромис, наговестувајќи пошироки промени во однос на обезбедувањето технолошка и воена поддршка. Како потсетник, сателитската мрежа „Starlink“ на „SpaceX“ служи како клучна инфраструктура за комуникација и операции со беспилотни летала на терен. Најновото ограничување наметнато на услугата „StarShield“ повторно го отвори прашањето за зависноста на воените системи од приватните технолошки гиганти и нивната подготвеност да ги променат условите за користење во секој момент.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во „Идризово“ при продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Наунов: Вистината се утврдува со докази, а не според потребите на одбраната

Сведочеше вешто лице кое посочи дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Родителите на жртвите од Пулс реагираа и порача дека судскиот процес не се води само за градежни конструкции, туку за безбедноста, одговорноста и загубените човечки животи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Со факели, петарди, огномет и музика, како на голема прослава, синоќа во скопски Чаир стотина лица го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби, откако му беше укинат куќниот притвор. 

Со факели и огномет пречекан Груби кој излезе од куќен притвор

Во друштво на пријатели и соработници, Груби се поздравуваше со присутните, додека се палеа факели и чадни бомби. Снимките од прославата брзо се проширија на социјалните мрежи.

Одбраната на Груби , на кого му се суди за злоупотреби во „Лотарија“ во соопштение до јавноста се оградува за синоќешното славење во Чаир.

-Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење, нагласува одбраната на Груби.

Но, иако Груби од вчера може да се брани од слобода, обвинението против него останува. Од Кривичниот суд соопштија дека куќниот притвор му е укинат по сила на законот, по истекувањето на максималниот рок од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот исто така не ја прифати ниту понудената гаранција од над 335 илјади евра за враќање на пасошот

Груби е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој Обвинителството го товари за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Според обвинението, со спорни одлуки и постапки поврзани со набавката на видеолотариски терминали, на државната компанија ѝ била причинета штета од околу 9,7 милиони евра.

Во предметот се обвинети вкупно осум лица, меѓу кои и поранешниот директор Перпарим Бајрами кој по бегство од органите исто така се врати во Македонија. Груби пред судот се изјасни дека не се чувствува виновен, но и и натаму има забрана да го напушта Скопје, обврска да се јавува во судот и забрана за контакти со определени лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на гласање се додека не се потврди безбедноста на теренот

Прво потврда за безбедноста на земјиштето - па гласање, нацрт – ДУП-от за „Барутана“ ќе чека резултати од анализи на градежниот факултет, најави градоначалникот на центар Горан  Герасимовски за просторот на Водно.

Нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на гласање се додека не се потврди безбедноста на теренот

Прво потврда за безбедноста на земјиштето - па гласање, нацрт – ДУП-от за „Барутана“ ќе чека резултати од анализи на градежниот факултет, најави градоначалникот на центар Горан Герасимовски за просторот на Водно кој во изминатиот период предизвика загриженост и лавина реакции во јавноста. на брифингот со новинарите герасимовски посочи дека законски мора да се изготви нов детален план, откако претходниот лани беше поништен од уставниот суд... додека се чека дополнителната анализа за ризикот од ерозија и свлечишта на земјишптето, гераимовски посочли дека во емгувреме стиггнало позитивното мислење од дирекцијата за заштита и спасување.

-По поништувањето на самиот план во 2025, моја законска обврска, на општината, е да се отпочне со носење на нов детален план. Тоа го започнавме, истиот е во процедура, досега се добиени зелени светла од сите релевантни инситуции за продолжување на постапката на деталниот план кој што е во процедура.. тоа е наша законска обврска, но дали истиот ќе биде изгласан, тоа е веќе одлука на советот и на советничките групи. Ние нема да застанеме тука и јас нема да го ставам на точка на гласање деталниот план се додека не добиеме зелено светло од сите релевантни институции. Дополнително ќе побараме од планерската куќа да се направи геодетски елаборат, за да ја видиме безбедноста и можноста од било какви свлечишта, ерозии и слично,- - Горан Герасимовски – Градоначалник на Општина Центар.

Добро е ако конечно се подигне свеста за постапување според јавниот интерес, оцени Билјана Ивановска од „Шанса за Центар“, по последните ставови на Герасимовски дека безбедноста ќе биде приоритет. Сепак, вели, Водно не е туку така пошумено, туку треба да ги штити скопјани од атмосферските води, а опасност се и ерозијата и свлечиштата. Очекува да види што ќе покажат анализите на експертите и какво решение ќе биде понудено.

-Ако ние немаме соодветно решение, како што треба, ние тој живот после треба да го живееме, со сите тие проблеми што ќе се наметнат ако не се доволно изаналзирани. Понатаму требаше сите тие геолошки испитувања да се направат, сите елаборати да се подготват, така барем, колку што се информирав во ДЗС, тие дале позитивно мислење на нацрт планот, бидејќи таму стоело дека наредно ќе ги подготват сите потребни елаборати, ај да видиме тие елаборати што ќе кажат. Има неколку села што се преселени за да се подигне шума, ништо од тоа не е случајно, не може сега ние наеднаш ни текнало и тоа да го правиме. Затоа велам, потребни се стручни истражувања и анализи кои треба да го дадат вистинскиот одговор, а не да тргнеме од желбата и интересот на поединци,- Билјана Ивановска - „Шанса за Центар“ .

Нацрт-ДУП-от за „Барутана“ на Водно, каде има 13 неизградени парцели, предвидува 25 нови објекти, претежно големи куќи и хациенди, со катност од приземје плус два ката, максималната изграденост на парцелите е ограничена на 40%, а според параметрите кои беа презентирани, треба да има и 40 проценти зелена површина.

Се предвидува само едно подземно ниво за паркирање. Во моментов, проблематичен е дел од патот во ДУП-от поради стрмнината на ридот, и, за тоа, со експерти, како што кажа Герасимовски, се бара идеално решение, воедно вели, патот општината нема да го прави.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер