МакедонијаЛафчиски присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во КосовоНачалникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на мисијата „КФОР“ во Косово.Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, денес,присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на должноста командант на мисијата „КФОР“,која се одржа во главната команда на мисијата во кампот „Филм Сити“ во Приштина. На свеченоста, со која претседаваше адмиралот Викоф, досегашниот командант, генерал-мајор Озкан Улуташ ја предаде должноста на генерал-мајор Роберто Вергори. Во рамките на посетата, генералот Лафчиски оствари средби со командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (JFCNP), адмирал Џорџ М. Викоф, командантот на Здружената оперативна команда на Италија, генерал-потполковник Џовани Мариа Јанучи и командантот на Корпусот за брзо распоредување на НАТО во Италија (NRDC-ITA), генерал-потполковник Џанлука Караи. На средбите беше потенцирана важноста од заедничкото дејствување и координацијата меѓу сојузничките земји кои остануваат цврсто посветени на колективната безбедност и зајакнувањето на одбранбените капацитети во зоната на одговорност . За време на престојот, генералот Лафчиски ги посети припадниците на македонскиот контингент кои извршуваат активности во реонот на Дечани и Регионалната команда – Запад, Пеќ каде што оствари средба и со командантот, полковник Џузепе Де Балзи . Притоа, беа истакнати високата професионалност, посветеност и придонесот на припадниците на Армијата во извршувањето на задачите, како и одличната соработка меѓу Армијата и силите на КФОР. На средбата со мировниците, генералот Лафчиски беше непосредно информиран за тековните предизвици при извршувањето на нивните задачи, упатувајќи им притоа порака да продолжат достоинствено и професионално ја претставуваат Армијата и државата во оваа меѓународна мисија. Армијата на Македонија е дел од мисијата „КФОР“ од ноември 2020 година. Во моментов, македонскиот контингент го сочинуваат два вода распоредени во Регионалната команда – Запад и штабни старешини во командата на мисијата во Приштина, соопштуваат од АРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МетеоСончево со студено утроВремето денеска според УХМР ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -10 Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -5 Крушево, Берово, -3 Лазарополе, -2 Виница, -1 Струмица, Штип, Прилеп, 1 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Скопје-Петровец, Битола, Велес, 3 Кавадарци, Демир Капија, 5 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 20 Лазарополе, 12 Пожаране, 11 Крушево, 10 Попова Шапка, Охрид, 7 Претор, 6 Крива Паланка, Тетово, 3 Прилеп, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, 1 Велес, Штип, Виница, Берово, Демир Капија, Тополчани. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter