МакедонијаЛефков: СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработнициСДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници.Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга да барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+. Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев – Тамара Јованов Апасиева – добива европски пари. Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии. Како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС? Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица? Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции? Дали оваа соработка СДС - Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС? Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКорупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјатаУкраинската даночна служба објави дека открила траги од голема шема на одлив на капитал и перење пари преку лажно претставена меѓународна трговија вредна околу 4,5 милијарди долари, во која биле вклучени илјадници фиктивни компании.Повеќе од 2.300 украински компании извршиле сомнителни трансакции со странство, по што многу практично исчезнале од деловните евиденции, објавува „Киев Индепендент“. Даночната служба наведува дека сомнежот го предизвикале компании чии сопственици или директори истовремено управувале со стотици други компании. Директорката на Украинската државна даночна служба, Лесја Карнаух, изјавила дека се идентификувани седум лица кои истовремено биле основачи или директори на повеќе од 500 компании, додека вкупно повеќе од 7.000 деловни субјекти биле под нивна контрола. Истрагата, исто така, покажала дека многу сомнителни компании користеле исти IP адреси, поднесувале извештаи од споделени компјутерски мрежи и биле регистрирани на идентични адреси. Во Киев, 20 компании биле регистрирани на една адреса, додека во Лавов, две адреси биле седиште на 10 и 13 компании. Случајот беше откриен откако Украинската централна банка пријави голем број прекршувања на пропишаните рокови за завршување на меѓународните платни трансакции во периодот од 2024 до првиот квартал од 2026 година. Даночната служба подготви аналитички извештаи за 557 компании и ќе ги проследи до украинското обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошните чекори. Извор: Б92Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00
МакедонијаСтефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евраКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што на екс директорот на царина му се укинува мерката притвор во траење од 30 дена.Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Покрај гаранцијата, судот му определи и мерки на претпазливост согласно законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Од судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.Тагови: Стефан Богоев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење Скопска апелација ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во предметот поврзан со издрагбата на општинската зграда.Како што информираа од судот постапувајќи по жалбите на обвинетите и надлежниот јавен обивнител донесена била второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за ктивичното дело бесправно градење за кое на Јакимовски му е изрежена казна затвор во времетраење од 1 година. Во изречената казна ќе му биде пресемтано и времето поминато во куќен притвот во перидот од 10 ти март до 15 август 2019 година, што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци. Дополнително Апелација ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење. „Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. “-Основен кривичен суд Скопје Јакимовски веднаш по објавата на пресудата на пресконференција рече дека според него станува збор за политичка пресуда со која тој се спречува да се кандидира доколку би имало наскоро повторни избори во општина Карпош. „Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена. За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата за кои што го известив и судот употребивме и вештачи но не им го дадао предметот да увидат кој ги направил. Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда. Во моментов не е битно дали си виновен туку да бидам осуден а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори во општина Карпош.“- Стевче Јакимовски – екс градоначалник на О.Карпош Дополнително од судот велат дека предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook