ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
1ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
МакедонијаЛефков: Филипче и талогот на СДС се против развој на индустријата со дата центри, а за ова дури и се разидоа и со свои сопартијциДека Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите. Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДС и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДС и поранешен премиер Димитар Ковачевски. Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој. Остана само талогот од СДС и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци. Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен. Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни. За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
ЗабаваФото: Мајли Сајрус покажа фотографии од венчавката: Избра едноставна елеганцијаМегапопуларната пејачка Мајли Сајрус и музичарот Макс Морандо стапија во брак за време на викендот, а првите фотографии од церемонијата открија каква венчаница одбрала музичката ѕвезда за овој посебен ден. Наместо раскошен фустан со многу детали, Сајрус се одлучи за едноставен и елегантен модел со долги ракави и отворен грб, кој го надополни со впечатливи обетки. Пејачката објави фотографии од церемонијата на кои се гледа венчалниот фустан со долги ракави, отворен грб и едноставен крој. Таа го искомбинира со впечатливи обетки и елегантни чевли со отворена пета, пренесува „Superwoman“. Двојката ја објави својата свршувачка во декември 2025 година, а деталите околу планирањето на свадбата ги чуваше главно во тајност. Уште во март, извор близок до двојката за списанието „People“ изјави дека Мајли не планира голема, традиционална свадба. „Тие не планираат некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и таков тип на прослава едноставно не е во негов стил. Кога ќе се венчаат, тоа ќе биде нешто помало и со посебно значење, само за нив. Тоа нема да биде голема холивудска продукција“, откри тогаш изворот. Мајли претходно изјави дека сака својата врска да ја задржи подалеку од очите на јавноста. Кога на 2 декември ја прашаа за нејзината свршувачка, таа за магазинот „People“ зборуваше за тоа колку приватноста ѝ значи. „Она што можам да го откријам е дека нашата приватност, како и фактот што успеавме сè да задржиме во тесен круг, се работи што и самата ги ценам. Мило ми е што имам повеќе можности да избирам што ќе споделам со другите. Мислам дека тоа е поврзано и со возраста, бидејќи сега многу повнимателно бирам што сакам да откријам“, изјави пејачката.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети.Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека оваа Влада дојде на власт со големи ветувања дека ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, сведочиме на враќање на инфлаторниот притисок и најави за уште еден удар врз греењето и струјата – со што парното во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто и најави за раст на струјата од два до три отсто. „Ниту една розева, замислена и фатаморганска статистичка кошница пресметана во владини кабинети не може да ја скрие реалноста на терен: цените на основните прехранбени производи, на давачките и комуналните услуги растат, платите не ги следат зголемувањата на трошоците, а сѐ повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден. Постапките за промена на цените од страна на снабдувачите течат паралелно со уверувањата дека стандардот ќе биде заштитен, а ни беше гарантирано од тие кои се сега на власт дека не смее и нема да има префрлање на целиот товар врз граѓаните,“ укажува Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП. ЛДП потсетува дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи лажење на народот, изневерување на дадените ветувања и јасен доказ за неспособност за управување и менаџирање во интерес на граѓаните, туку само за префрлање на сметките на грбот на народот и негово понатамошно осиромашување. Граѓаните не забораваат што е ветено. Ветувањата за заштита на стандардот и пониски енергетски трошоци мора веднаш да се исполнат, или власта нека си замине од функциите за да дојдат оние што знаат и можат да работат во интерес на граѓаните и државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
Здравје 50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Ова се резултати од националното истражување на аналитика од 2026 година, спроведено на 1.065 возрасни лица. Иако цените на цигарите растеле, платите растеле побрзо, па цигарите станале 17,3% подостапни во однос на просечната плат. 62% од испитаниците забележале пушење во ресторани и кафулиња, а кај 47,3% од пушачите кои се обиделе да се откажат, цената била причина за обидот.денеска за ова сериозна тема зборуваа претставници од здравството, царинската управа, Фондот за здравствено осигурување и Економскиот факултет при УКИМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00