Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор - Канал 5

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

И Димче не е тоа што беше. Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што го пренесуваме интегрално.

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

Суштината е јасна: не може да си политичар кој јавно е против ЕУ, кој секојдневно зборува дека ‘глобалистите и амбасадите’ ја корумпираат македонската политика, да држиш анти ЕУ став, а истовремено твојата најблиска фамилија да користи европски пари од Еразмус програмите.

Јас сум член на Комисијата за европски прашања и цел претходен мандат активно се спротивставував на злоупотребите на СДСМ и ДУИ со европските фондови. Ама сега ми е јасно зошто еден цел мандат додека Таљо преку Арбер ја злоупотребуваше комисијата Димче го немаше на ниту една комисија-во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома!

Денес по веста за ЕУ финансирањето, со цел да ме омаловажи, самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето, ја мобилизираше својата троловска армија со лаги и клевети. Но вистината е една – разобличен е до даска.

И нема лутење јавноста има право да праша:

– Кој му го среди станот по цена што обичен граѓанин никогаш не може да ја добие?

– Кој му ги плаќа одморите низ Европа додека глуми анти-ЕУ револуционер?

– Кој друг, освен тој и Артан Груби, успеа да добие дуќан по таква цена во центар?

Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат. Не можеш да ја плукаш Европа да кажуваш приказни за имеријалистички сили, а да живееш од европски пари. Не можеш да проповедаш морал, а да бидеш шеф на троловско подземје што фабрикува лаги за политички противници.

Разобличен си лажго кој нарачува најдолни клевети ама нема лутење, толку ти е силна желбата да ме наклеветиш што изгледаш очајно, порано беше по креативен, те расипаа квадратите деловен простор и кешот другар!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Корупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјата

Украинската даночна служба објави дека открила траги од голема шема на одлив на капитал и перење пари преку лажно претставена меѓународна трговија вредна околу 4,5 милијарди долари, во која биле вклучени илјадници фиктивни компании.

Корупциски скандал го тресе Киев: 4,5 милијарди долари изнесени од земјата

Повеќе од 2.300 украински компании извршиле сомнителни трансакции со странство, по што многу практично исчезнале од деловните евиденции, објавува „Киев Индепендент“.

Даночната служба наведува дека сомнежот го предизвикале компании чии сопственици или директори истовремено управувале со стотици други компании.

Директорката на Украинската државна даночна служба, Лесја Карнаух, изјавила дека се идентификувани седум лица кои истовремено биле основачи или директори на повеќе од 500 компании, додека вкупно повеќе од 7.000 деловни субјекти биле под нивна контрола.

Истрагата, исто така, покажала дека многу сомнителни компании користеле исти IP адреси, поднесувале извештаи од споделени компјутерски мрежи и биле регистрирани на идентични адреси.

Во Киев, 20 компании биле регистрирани на една адреса, додека во Лавов, две адреси биле седиште на 10 и 13 компании. Случајот беше откриен откако Украинската централна банка пријави голем број прекршувања на пропишаните рокови за завршување на меѓународните платни трансакции во периодот од 2024 до првиот квартал од 2026 година.

Даночната служба подготви аналитички извештаи за 557 компании и ќе ги проследи до украинското обвинителство, кое ќе одлучи за понатамошните чекори.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евра

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што на екс директорот на царина му се укинува мерката притвор во траење од 30 дена.

Стефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евра

Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Покрај гаранцијата, судот му определи и мерки на претпазливост согласно законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Од судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Скопска апелација ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во предметот поврзан со издрагбата на општинската зграда.

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Како што информираа од судот постапувајќи по жалбите на обвинетите и надлежниот јавен обивнител донесена била второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за ктивичното дело бесправно градење за кое на Јакимовски му е изрежена казна затвор во времетраење од 1 година. Во изречената казна ќе му биде пресемтано и времето поминато во куќен притвот во перидот од 10 ти март до 15 август 2019 година, што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци.

Дополнително Апелација ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.

„Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. “-Основен кривичен суд Скопје

Јакимовски веднаш по објавата на пресудата на пресконференција рече дека според него станува збор за политичка пресуда со која тој се спречува да се кандидира доколку би имало наскоро повторни избори во општина Карпош.

„Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена. За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата за кои што го известив и судот употребивме и вештачи но не им го дадао предметот да увидат кој ги направил. Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда. Во моментов не е битно дали си виновен туку да бидам осуден а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори во општина Карпош.“- Стевче Јакимовски – екс градоначалник на О.Карпош

Дополнително од судот велат дека предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер