МакедонијаЛДП: Џебот на граѓаните најважен, бараме итен спас на ЕУ милионите во присуство на Марта Кос!Денешното утро е клучен момент за иднината на Македонија. За само неколку часа во државава пристигнува еврокомесарката Марта Кос, во денови кога судбината на парите од Европската Унија наменети за македонските граѓани виси на конец поради политичка неодговорност и партиски пазарења. Либерално-демократската партија излегува со јасен, конкретен и итен предлог до Собранието: бараме уште денес, на консензуален начин, пратениците итно да ги усвојат измените на Изборниот законик, но само во делот на техничките барања и препораките предложени од ОБСЕ и ОДИХР. Не смееме да дозволиме ниту едно евро предвидено за Македонија да биде блокирано поради внатрешни политички калкулации. ЛДП инсистира ниту евро од сиромашниот македонски граѓанин да не биде доведено во прашање поради политичката неспособност за изнаоѓање компромис. Не смеат политичките и партиските интереси да бидат пред и над џебот на Македонецот или на било кој граѓанин во државата, кој и без тоа плаќа огромни давачки, а има најниски плати и стандард во регионот. Владеачкото мнозинство и Владата веднаш да престанат да играат политички игри и да провоцираат блокада на носењето на измените на изборниот закон во делот на измените кои се чисто технички. Бараме уште денес, преку Министерството за правда, во Собранието да се поднесат овие измени на изборните правила кои се побарани од Европската Унија, тие веднаш да се стават на гласање и да се усвојат со консензус пред да замине комесарката Марта Кос. ЕУ преку еврокомесарката мора да се врати во Брисел со сознание дека политичарите во Македонија реално работат за македонскиот народ и граѓани. Но, должни сме пред јавноста да ја кажеме и целата, брутална вистина, тргајќи ги настрана евтините политички соопштенија. ЛДП јавно предупредува: само со донесувањето на Изборниот законик, Македонија НЕМА да успее да ја повлече целата транша од парите од Планот за раст! Овие технички измени спасуваат само еден поединечен износ од околу 4 милиони евра дефиниран за оваа изборна реформа, со што ја тргаме вината од себе пред Брисел. Но, огромната сума од над 70 милиони евра сепак ќе остане замрзната во Брисел сè додека паралелно не се реши и правосудниот пакет. Европската комисија функционира по строг принцип на условеност во клучниот кластер „Темели“ (Fundamentals). Ако паднеме на најважниот испит – правосудството – не можеме да ја минеме годината само затоа што сме донеле технички измени во изборните правила. Затоа, бараме итни гаранции од нашата влада дека ќе се однесува максимално одговорно и за другите клучни реформи – вклучително и четирите закони за правосудството кои бараат двотретинско мнозинство – за да не се изгуби ниту еден единствен цент од парите предвидени од Реформската агенда. Што се однесува до суштинските политички измени во изборниот модел, ЛДП бара дијалогот меѓу партиите да продолжи веднаш по заминувањето на комесарката, со цел да донесеме правила кои ќе значат поголема правичност, отвореност, рамноправност и над сè – сувереност на народот. ЛДП не се откажува од своите црвени линии, кои се воедно и црвени линии на 1,5 милион граѓани во државата: една изборна единица и отворени листи. Ќе продолжиме цврсто да инсистираме на нашите логични и корисни предлози, но во моментов, во овие неколку часа на одлука, не прифаќаме да се ставаат прсти во плиткиот џеб на нашите сограѓани кои живеат во Македонија. Никаков изговор од никого за негласање на овој предлог за техничките измени нема да биде прифатен од жителите на Македонија, затоа што секое кочење во овој момент директно придонесува за нивната сиромаштија. Време е за одговорност пред сопствениот народ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење париОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата. Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица. Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг. Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00