Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат
1Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
МакедонијаЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење париОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата. Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица. Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг. Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМарта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваатЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, во понеделникот во Брисел се сретнала со четворица претставници на Студентската листа од Србија. Ова е прв контакт на движењето со високи претставници на Европската Унија по изборната победа во Србија, а разговорите биле насочени кон демократијата и внатрешните политички прашања во земјата, пренесуваат српските медиуми. Претставниците на Студентската листа оваа недела го одржале својот прв состанок на високо ниво во Брисел, но во фокусот не било подобрувањето на односите со ЕУ, туку внатрешната состојба во Србија. Можеби ќе ве интересира: ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија – Србија има шанса за нов почеток. Новата Влада на Србија има можност да сврти нова страница, да ги зајакне демократските институции и основните права и да ги преземе неопходните чекори за напредок на патот кон пристапувањето на Србија во ЕУ – изјавила Марта Кос во средата пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Состанокот се одржал во периодот кога Европската комисија го финализирала извештајот Кос потврдила дека претходно оваа недела се сретнала со претставниците на Студентската листа, во периодот кога Европската комисија ја завршувала годишната проценка на земјите кандидати за членство во ЕУ. Извештајот укажува на негативни трендови во областа на основните права и присуство на антиевропска реторика. Сепак, периодот опфатен со извештајот завршил пред изборите, поради што нивните резултати не се земени предвид. – Се сретнав со претставници на Студентската листа. Разговаравме за многу работи, меѓу другото и за тоа како тие ја гледаат примарната улога на Србија во повторното воспоставување на демократијата во земјата – рекла Кос. Можеби ќе ве интересира: Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје Состанокот бил одржан во понеделникот попладне во Брисел, на покана на Марта Кос. На него присуствувале четворица претставници на Студентската листа, кои ѝ соопштиле на еврокомесарката дека нивниот приоритет е обновување на владеењето на правото и демократијата во Србија – заради европската иднина, но пред сè заради сопствените граѓани. – Тие во Србија го сакаат истото што Европската Унија го бара од Србија, а тоа значи борба против корупцијата, слободни и независни медиуми, слободно и независно судство, добрососедски односи и, секако, стратешко усогласување со Европската Унија. Подготвени сме да ѝ помогнеме на новата влада да ги спроведе сите неопходни реформи – додала Кос. Разговорот бил фокусиран на внатрешните прашања, наместо на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи нерегуларностите на повеќе избирачки места го одложуваат финализирањето на изборните резултати, а со тоа и формирањето на новата влада. Студентската листа сè уште треба да ги разјасни своето раководство и плановите за идната влада, поради што делегацијата настапила како група. Европската комисија, според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, одбила да потврди кои лица учествувале на состанокот. Ова е прв разговор на претставници на Студентската листа на високо ниво со функционер на Европската Унија. Според објавениот распоред на состаноци на Европската комисија, тие истиот ден немале средба со ниту еден друг еврокомесар. Извор: БлицТагови: Марта Кос Студентска листа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз МакедонијаЗалудни се фалбите за наводни успеси и „рекорден економски раст“, Европската комисија денес повторно со шлаканица од Брисел нѐ соочи со суровата реалност: напредок нема!Повеќе од 30 пати во најновиот извештај за напредокот на Македонија се повторува констатацијата дека „нема напредок“. Нема напредок во борбата против корупцијата, нема напредок во изборните реформи, нема напредок во степенот на слобода на медиумите, нема напредок во јавните набавки и нема напредок во евроинтеграциите. При презентација на извештаите за напредокот за кандидатите за ЕУ, еврокомесарката за проширување Марта Кос за Македонија ги наведе уставните измени како неопходен чекор во евроинтегративниот процес и дека без тоа, нема да има напредок. ЛДП уште пред повеќе од една година го понуди единствениот одржлив излез од дипломатскиот лавиринт преку носење на уставните измени со одложено дејство кои ќе важат дури откако земјите-членки ќе ги ратификуваат пристапните протоколи, проследено со воведување на национални самозаштитни клаузули. Овие решенија веќе уживаат отворена поддршка кај европските либерали (АЛДЕ), кои и ден денес лобираат за ревидирање на ветото и воведување систем на фазна интеграција. Ова е можност за Владата наместо да ја држи државата во заложништво на дневнополитички калкулации, да покаже политичка храброст и да преземе одговорност пред гласачите! Секако, на крајот од денот, одговорност ќе мора да има. Македонија не е и не смее да биде држава во која единствен континуитет ќе биде континуитетот на неуспесите и пропуштените шанси!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВембањама со импесивни бројки против ДаласНеверојатниот Французин најавува доминација во НБА.Натпреварот на Виктор Вембањама против Далас Маверикс дефинитивно спаѓа во „друга“ категорија. Виктор Вембањама повторно ги помести границите на возможното и приреди кошаркарски спектакл за кој зборува цела НБА лига! Французинот одигра незаборавен натпревар, предводејќи го Сан Антонио до победа од 112:111 над Далас, а неговиот учинок изгледа речиси нереално – 52 поени, 24 скока и осум блокади! И додека кошаркарската јавност му се восхитува на неговиот историски настап, Вембањама по натпреварот изјави нешто што би можело да ги загрижи сите негови идни ривали. Имено, тој смета дека не покажал ни приближно колку што навистина може! „Можам и подобро. Шутот денес не ме служеше, па морав да играм на начин што многу ме исцрпува. Можам да го правам тоа, доказот е пред вас. Но, можам да бидам многу подобар кога шутот ќе ме служи. Знам дека е само прашање на време“, изјави францускиот центар. Педесет и два поени, 24 скока и осум блокади не се само импресивни бројки. Тие се доказ за физичка супериорност, технички квалитет, кошаркарска интелигенција и способност да се влијае врз секој сегмент од играта. Против Далас Маверикс, Вембањама покажа зошто веќе се зборува за него како за потенцијално еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА. Неверојатниот Вемби против Далас, покажа колку е тешко да се подготви одбрана за играч кој може да постигнува поени на толку многу различни начини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter