Ламборџини објави тизер за наследникот на Хуракан (ВИДЕО) - Канал 5

Ламборџини објави тизер за наследникот на Хуракан (ВИДЕО)

Lamborghini се подготвува да го претстави наследникот на моделот Huracan на 16 август, а сега компанијата го објави првиот тизер за својот спортски суперавтомобил.

Ламборџини објави тизер за наследникот на Хуракан (ВИДЕО)

Иако изгледот не се открива, сепак се слуша звукот на неговиот мотор.

Клипот содржи дел од историјата и го прикажува Галардо на ролери, како што започнува трансформацијата. Исто така, Huracan беше прикажан и посочен дека има 5,2-литарски V10 мотор. Додека раката продолжува да се качува, следи светлосно шоу, по што се огласуваат предупредувачките сирени и се активираат црвените светла, додека конечно оживува 4,0-литарскиот V8 твин-турбо мотор на претстојниот модел Temerario.

YouTube video

Lamborghini претходно потврди дека овој мотор ќе испорачува 800 КС и 730 Nm вртежен момент и ќе биде поврзан со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка, како и со хибриден систем составен од три електромотори. Тоа значи дека вкупната моќност ќе биде повеќе од 900 КС.

Покрај хибридниот погон, автомобилот ќе има и „остар“ дизајн со тенки фарови и шестоаголни дневни светла. Исто така, ќе биде украсен со агресивни доводи, централно поставен издувен систем и внатрешност слична на онаа на моделот Revuelto, пишува Klix.ba.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска.

На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери.

Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации.

Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија.

Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. 

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА.

Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат.

Полицијата ги прегледува снимките

Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот.

Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно.

Ленс веќе е на условна казна

За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар.

Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер