Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
1Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани терминиВтор ден од вакцинацијата против сезонски грип. Во поликлиниката „Бит Пазар“ вакцинацијата тече без застој, а граѓаните пристигнуваат еден по друг на закажаните термини. Вчера се вакцинираше медицинскиот персонал, а денеска граѓаните пред нашата камера кажаа зошто се одлучиле на вакцинација. Во првите денови од имунизацијата приоритет имаат најранливите категории граѓани. Кој сè има право на бесплатна вакцина и како се одвива процесот, објаснува доктор Соња Ралева. „Вакцинацијата поминува со уреден тек, закажаните граѓани си доаѓаат во регуларните термини. Од Мој термин се закажани на 10 минути и нема ниту гужви ниту чекања.Во првите неколку дена се закажани најризичните граѓани, возрасни од 65-годишна возраст и во оваа група припаѓаат и ризичните групи, пациентите со хронични заболувања, бремените жени и малите деца од шест месеци до петгодишна возраст – за оваа група вакцинацијата е бесплатна.“- изјава – д-р Соња Ралева. Доктор Ралева дополнително појаснува дека поради големиот интерес, особено кај повозрасната популација, граѓаните мора претходно електронски да се пријават преку веб-страницата vakcinacija.mk. Без регистрација и закажан термин, не е можно директно да се дојде на вакциналниот пункт и да се прими вакцина. Интересот за вакцинација е голем. За само една недела се пријавиле над 55 илјади граѓани. Во земјава пристигнаа првите 30 илјади вакцини, а дополнителни количини се очекуваат во ноември. Здравствените работници апелираат граѓаните да немаат страв од вакцинацијата, посочувајќи дека досега не се пријавени сериозни несакани реакции и дека вакцината го намалува ризикот од компликации од сезонскиот грип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 телаРусија и Украина разменија останки на 277 војници убиени во војната.Русија ѝ ги предаде телата на 252 загинати војници на Украина, а за возврат ги презеде останките на 25 свои војници, објави белоруската новинска агенција БелТА. Размената се одржа на граничниот премин Новаја Гута во Белорусија. Договорено обновување на трипартитните мировни преговори Репатријацијата на останките се случи еден ден откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ги заврши разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тие разговараа за обновување на трипартитните мировни преговори, кои беа прекинати уште во февруари. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Киев го поддржува американскиот предлог за трилатерални преговори со Москва и Вашингтон. Кремљ објави дека Путин се согласил да ги продолжи преговорите со посредство на САД, веќе следниот месец. Русија и Украина претходно разменија останки на паднати војници во август и септември. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Буданов, на 2 октомври објави дека повеќе од 26.000 тела и останки се вратени во Украина како дел од репатријацијата, но значаен дел од нив сè уште не е идентификуван.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТом Круз добива награда за животно делоПризнание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите. Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави. Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт. Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски условиМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, со кој буџетските проекции се усогласуваат со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите. Министерката во експозето истакна дека вториот ребаланс е навремена реакција на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и нарушувањата на енергетските пазари, кои влијаат врз економските текови и буџетските приходи. „Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност, да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти“, истакна министерката. Со предложените измени, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Проекцијата за економскиот раст за 2026 година изнесува 3,5%. На приходната страна најизразено намалување има кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари, како резултат на мерките за намалување на акцизите на горивата. На расходната страна се предвидува рационализација и поефикасно користење на јавните средства. Капиталните расходи се намалуваат поради пролонгираната динамика на реализација на одредени проекти и пониската реализација на средствата од сопствени приходи, донации и заеми. Како што посочи министерката, корекциите се вршат таму каде што реализацијата го наложува тоа, без откажување од развојните приоритети. „Нашата цел е Буџетот да остане реален, одржлив и развоен. Буџетската дисциплина не значи откажување од развојот, туку подобро поставување приоритети, поголема одговорност во трошењето и усогласување на обврските со расположливите средства. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Меѓу приоритетите остануваат патните проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д и патот Скопје–Блаце, како и железничките делници Белјаковце–Крива Паланка и Табановце. Продолжуваат активностите за изградба и унапредување на системите за водоснабдување, канализација и управување со отпадот. Средства се насочуваат и кон енергетска ефикасност, образовна инфраструктура, реконструкција на студентските домови, земјоделството, локалните инфраструктурни проекти. Министерката посочи дека со предложениот ребаланс се обезбедува усогласување на буџетските проекции со реалните економски движења, редовно исполнување на законските обврски и продолжување на приоритетните развојни проекти, со одговорно управување со јавните финансии и задржување на планираниот буџетски дефицит. Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook