Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител - Канал 5

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Финансиска независност, посилни надлежности и поголема функционална самостојност на Народниот правобранител. 

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Ова се клучните цели на предложените измени на Законот, за кои денеска се дискутираше во Собранието. Целта е институцијата поефикасно да ги штити човековите права, со соодветни финансиски средства и професионален кадар. Предлогот опфаќа и поголема пристапност за лицата со попреченост и зајакнување на надзорот во одредени постапки што ги водат лица со јавни овластувања.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека за квалитетно законско решение се потребни пошироки консултации со политичките партии и граѓанските организации.

-Ако сме чекале 10 години, можеме да чекаме уште еден месец, уште два месеци, но да ги исцрпиме сите можности, сите знаења, секое искуство кое го имаме во државата да го вклучиме во овој процес,- Африм Гаши, претседател на Собранието .

Народниот правобранител, Фатон Сељами, оцени дека досегашните законски измени не ги дале очекуваните резултати во практиката. Според него, институцијата мора да има предвидливи финансиски средства и доволно професионален кадар за самостојно и ефикасно да ги извршува своите надлежности.

-Нам праксата ни покажа дека токму одредбите кои во 2016 година се изменија или додадоа, а кои беа во оваа насока на исполнување на Париските принципи, не ги дадоа очекуваните резултати во пракса и дека затоа мора истите да се изменат. Фатон Сељами, Народен правобранител.

Зајакнувањето на Народниот правобранител е важно и за европскиот пат на земјата., потенцираше евроамбасадорот Рокас.

-За Македонија зајакнувањето на институцијата Народен правобранител е исто така важен дел од патешествието кон Европската Унија. Во годишниот извештај Европската комисија континуирано ја истакнува потребата за осигурување соодветни финансиски и човечки ресурси за институцијата да може да функционира независно и ефективно,- Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија.

На тематската сесија, каде учествуваа и експерти и претставницие на граѓанскиот сектор Симонида Кацарска од Институтот за европска политика предупреди дека, и покрај долгогодишното постоење, институцијата располага со ограничени финансиски ресурси во споредба со некои земји од регионот.

-Нашиот омбудсман е еден од најстарите во регионот, а ако ги погледнете споредбено буџетите коишто ги има на располагање, ако споредиме со земја како што е и Босна, процентуално од буџетот стоиме многу, многу лошо,- Симонида Кацарска, Институт за европска политика.

Предложените измени треба да поминат низ понатамошни консултации и собраниска процедура. По дискусијата се очекува да бидат усвоени заклучоци за унапредување на законската рамка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска.

На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери.

Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации.

Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија.

Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. 

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА.

Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат.

Полицијата ги прегледува снимките

Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот.

Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно.

Ленс веќе е на условна казна

За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар.

Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер