Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“ - Канал 5

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска.

На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери.

Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации.

Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија.

Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, а средствата за капитални инвестиции се намалуваат.

„Во рок од десет месеци имаме три буџетски конструкции и едно исто раководство кое постојано ни објаснува дека сè се одвива според планот. Изгледа дека единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови. Народот одамна рекол: „Двапати мери, еднаш сечи“. А оваа Влада, изгледа, прво сече, па потоа мери колку погрешила. И така трипати. Само што цената на секоја погрешна мерка ја плаќаат граѓаните, а не оние што ја направиле“, истакна Битиќи.

Тој посочи дека првично планираниот буџетски дефицит од 39,239 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП, со јулскиот ребаланс се зголеми на 46,264 милијарди денари или 4,1 процент од БДП, а со октомврискиот останува непроменет. Истовремено, капиталните расходи се намалуваат од 45,879 на 40,124 милијарди денари, односно за 5,755 милијарди денари, додека со вклучување на посебната компонента КАПЕФ, намалувањето на вкупната капитална компонента достигнува околу 6,3 милијарди денари. Според Битиќи, ваквата прераспределба го потврдува предупредувањето на Фискалниот совет дека дополнителниот дефицит практично повеќе не е наменет за зголемување на капиталните инвестиции, туку за покривање на тековните расходи.

„Во јули го браневте зголемувањето на дефицитот со аргументот дека обезбедувате дополнителни средства за капитални инвестиции. Тоа беше главното развојно оправдување за поголемиот фискален јаз. И доаѓаме до суштинскиот пресврт. Капиталните инвестиции се враќаат речиси на почетното ниво, но дефицитот останува за седум милијарди денари поголем од првично планираниот. Во јули се задолжувавме повеќе за наводно да инвестираме повеќе. Во октомври инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој“, нагласи Битиќи.

Осврнувајќи се на развојните приоритети, пратеникот од СДСМ укажа дека со ребалансот се намалуваат средства од основниот буџет за малите и средните претпријатија, технолошко-индустриските развојни зони, странските инвестиции, рамномерниот регионален развој, енергетиката и образовната инфраструктура. Тој предупреди и на нестабилните приливи од странски директни инвестиции, кои од 218,6 милиони евра во првиот квартал на 2026 година се имаат сведено на 18,7 милиони евра во вториот квартал. Дополнително, додаде дека расходите за пензии растат, но нивното номинално зголемување не гарантира и поголема куповна моќ, додека растечката зависност на пензискиот фонд од буџетските трансфери отвора прашања за долгорочната одржливост на системот.

„Каматите, за разлика од капиталните инвестиции, имаат една голема предност: тие не зависат од способноста на Владата да реализира проекти. Доаѓаат редовно, дури и кога развојот доцни, во овој дел нема промашување“, рече Битиќи, укажувајќи дека расходите за камати изнесуваат 21,094 милијарди денари, што е повеќе од половина од планираните капитални расходи.

Тој предупреди дека јавниот долг, кој на 30 јуни достигна 10,726 милијарди евра, до крајот на годината може да надмине 11 милијарди евра, и побара од министерката за финансии да објасни како дополнителните најавени задолжувања се третираат во официјалната евиденција на јавниот долг.

Битиќи побара од Владата и конкретен план за подмирување на доспеаните, а неплатени обврски на јавните субјекти, кои во јуни достигнаа 42,66 милијарди денари, како и поголема транспарентност за тоа кои обврски се опфатени со ребалансот. Според него, државата не смее да ја загрозува ликвидноста на компаниите со одложување на сопствените плаќања, вклучително и навремениот поврат на ДДВ.

На крајот од обраќањето, пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи порача дека зад буџетските ставки стојат работници, пензионери, млади и компании што очекуваат стабилна и одговорна држава, нагласувајќи дека вистинската цена на лошото буџетско планирање се плаќа со пропуштената можност за развојот што нема да го оствариме, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и врнежливо за време на продолжениот викенд

Времето во наредните три дена ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во деновите по викендот времето се стабилизира, соопштуваат од УХМР.

Променливо облачно и врнежливо за време на продолжениот викенд

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

13 Попова Шапка, 16 Крушево, Маврови Анови, 19 Претор, 20 Берово, Тетово, Крива Паланка, 21 Демир Капија, Струмица, 22 Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Штип, 23 Прилеп, Битола, Виница, Велес, Скопје Петровец.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2)

5 Струмица.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот, и во текот на ноќта наместа ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно, во утринските часови со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во сабота времето ќе биде стабилно, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори

Македонија одамна ги исполнила условите за ЕУ, но преговорите се блокирани поради вештачки причини. Ова го порача премиерот Мицкоски пред почетокот на самитот на Берлинскиот процес кој се оджува во Црна Гора.  

Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори

Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора ги исполнил очекувањата на македонската страна. Од европските лидери биле испратени силни пораки за забрзана интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на состанокот. Тој порача дека Македонија ги исполнува преземените обврски и очекува реформскиот напредок конечно да биде валоризиран со почеток на вистинските преговори за членство.

„Она коешто за нас како држава претставува важно е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија, дека сме многу напред во испораката кога станува збор за реформската агенда... И очекувам сето ова за коешто зборувам да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да отпочнеме со процесот на преговори.“

Но, уставните измени остануваат главната пречка на европскиот пат. Мицкоски повтори дека Владата нема да отстапи од македонските национални интереси и побара најпрво со Бугарија да се постигне договор за Акцискиот план за малцинства, кој би бил прифатлив за сите 27 земји членки на Унијата.

„Ајде ние со таа земја членка да седнеме и да договориме, да видиме, да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како влада да го испорачаме.“

Членството на Црна Гора во ЕУ е реална и достижна цел, порача на отворањето на самитот претходно германскиот канцелар Фридрих Мерц и нагласи дека реформите и регионалната соработка се клучни за европската интеграција на Западен Балкан.

-Многу сум среќен што денес имаме можност, и формат за разговор за понатамошен напредок кон ЕУ, да разговараме за европската интеграција преку т.н. Берлински формат. Основан пред многу години на иницијатива на германската федерална влада. Се среќаваме денес во Црна Гора за да го продолжиме процесот. Заедно да разговараме за понатамошниот напредок во соработка меѓу земјите кандидати од Западен Балкан и ЕУ.

Европската интеграција на Западен Балкан влегува во важна фаза порача Еврокомесарката Марта Кос каде испрати пораки до земјите кандидати, но не ја спомена Македонија.

Освен европската интеграција, на самитот се разговарало и за безбедносните и економските предизвици. Македонскиот премиер предупреди дека светот живее во атмосфера на, како што рече, тивка Трета светска војна. Според информациите што ги пренеле високи европски претставници, следните две години ќе бидат исклучително тешки поради енергетската криза, војната во Украина и растечките немири во повеќе европски земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер