ФудбалЛаказет: Сакаме медал од ОлимпијадатаАлександре Лаказет, еден од најталентираните француски напаѓачи на неговата генерација, е подготвен да го води францускиот олимписки тим до медали на Париз 2024. Горд што неговиот идол од детството, Тиери Анри, му ја доверил оваа одговорност, Лаказет верува дека домашната поддршка ќе биде клучна за успехот на „петлите“. Напаѓачот, кој последен пат играше за француската репрезентација во 2017 година, во интервју рече дека олимпискиот тим на земјата станал кохезивен пред почетокот на Игрите. -Сите имаме иста амбиција - да одиме до крај и да освоиме медал. Дома сме и тоа навистина ќе не мотивира. Тактички, Анри е дефинитивно далекувид и сака пред се да се забавува и да направи шоу за гледачите, изјави 33-годишниот Лаказет пред официјалниот сајт на ФИФА. Олимписките фудбалски тимови главно се составени од играчи помлади од 23 години, но секоја земја има право да вклучи тројца играчи над оваа возраст. Франција ја отвора својата кампања во групата „А“ против САД во Марсеј во среда, два дена пред официјалното отворање на Игрите во Париз. Очекувањата се големи и Лаказет и неговите соиграчи се подготвени да дадат се од себе за да донесат медали за својата земја./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноРеновирала куќа, стара 200 години и се шокирала од она што го пронашла над каминот (ВИДЕО)Додека ја реновирала својата куќа од 1829 година, Клое Кемпстер немала поим дека зад еден дел од ѕидот се наоѓа сцена што била целосно скриена со децении.Таа ја купила старата куќа на границата на англиските окрузи Лестершир и Нортхемптоншир, во селото Котингем, која некогаш била пекара. Изненадување зад гипс-картонот Клое го документирала процесот на реновирање, а потоа следело неверојатно изненадување. Зад гипс-картонот, таа пронашла голем мурал што прикажува идилична сцена од руралниот живот. Во објавеното видео, го гледаме сопственичката како внимателно ја отстранува белата табла над каминот и го открива зачуваниот мурал, објавува „Мирор“. Сцената наликува на лов Таа прикажува пејзаж од природата, со двајца луѓе во црвени палта кои јаваат коњи. Околу нив се неколку кучиња, а целата сцена наликува на лов на лисици, некогаш карактеристичен дел од животот во англиската природа. „Не можевме да им веруваме на нашите очи кога го откривме неверојатниот мурал, датиран во 1967 година“, напиша Клое. View this post on Instagram A post shared by Chloe Kempster (@our_oldbakehouse) „Колку е ова убаво“ Објавата го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Многумина беа воодушевени што муралот беше зачуван по сите овие години. „Колку е убаво ова! И колку е убаво што беше безбедно покриен, што не беше уништен кога претходниот сопственик сакаше промена“, напиша едно лице. „Ова е неверојатно! Јас само би ставил рамка врз него и би завршил со тоа“, додаде друго лице. View this post on Instagram A post shared by Chloe Kempster (@our_oldbakehouse) Тагови: камин куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаБуданов се огласи за преговорите со Русија- откри кога ќе продолжат Шефот на канцеларијата на украинската претседателска администрација, Кирил Буданов, изрази надеж дека мировните преговори со Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат обновени до крајот на септември.Шефот на канцеларијата на украинската претседателска администрација, Кирил Буданов, изрази надеж дека мировните преговори со Русија, со посредство на САД, би можеле да бидат обновени до крајот на септември, но оцени дека условите за прекин на огнот веројатно нема да бидат исполнети пред пролетта 2027 година. Буданов во интервју за „Њујорк тајмс“ изјави дека се очекува процесот на преговори да продолжи по септемвриските парламентарни избори во Русија и неколку недели пред изборите за Конгресот на САД, кои ќе се одржат во ноември. Шефот на украинската претседателска администрација изјави дека почетокот на нова рунда преговори би можел да биде означен со посетата на Киев на специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер. Буданов, сепак, нагласи дека иако преговорите би можеле да бидат обновени уште овој месец, „условите за прекин на огнот веројатно нема да бидат создадени до пролет“. „Преговорите ќе доведат до нешто порано или подоцна. Не можете да водите војна цел живот“, рече Буданов. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев изнесе нови предлози во врска со мировниот процес и ги повика САД поактивно да се вклучат во неговото спроведување. Зеленски повторно ја отфрли можноста за територијални отстапки кон Русија во регионот Донбас. На 3 септември, тој рече дека веќе се одредени прелиминарни датуми за посетите на Виткоф и Кушнер на Украина, додавајќи дека американските претставници треба да ја посетат и Русија.Тагови: Буданов русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМорска пијавица направи хаос на плажа: Летаат лежалки, туристите багаат (ВИДЕО)Моменти на страв беа забележани утрово во Скила, Италија, каде што морска пијавица, формирана на отворено море на Месинскиот теснец, стигна до брегот и зафати дел од плажата Марина Гранде.Вртлогот, јасно видлив од брегот, брзо се приближи кон копното сè додека не стигна до самиот брег. Силата на ветерот крена и фрли чадори, лежалки и друга опрема за плажа во воздух, додека капачите и туристите се оддалечија од подрачјето погодено од овој феномен. Морската пијавица потоа брзо го изгуби својот интензитет и се распрсна. И покрај драматичните моменти, не се пријавени повредени или последици за луѓето, додека е регистрирана штета на опремата што се наоѓаше на плажата. Погледнете како изгледаше: Тагови: пијавица плажа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook