Купра останува службен автомобил на ФК Барселона (ВИДЕО)

Cupra и ФК Барселона го обновија својот глобален сојуз.

Cupra ќе продолжи да биде официјален автомобилски партнер и службен автомобил во следните пет сезони до 2029 година, проширувајќи ги своите врски со сите професионални спортови на клубот.

Договорот го проширува опсегот на спонзорство во рамките на спортските секции на клубот. Покрај одржувањето на односите со првите машки и женски фудбалски тимови, Cupra станува официјален спонзор на кошаркарските, футсал, ракометните и хокеарските тимови на ФК Барселона.

Седиштето на Cupra во Марторело беше домаќин на настан на кој извршниот директор на Cupra, Вејн Грифитс и претседателот на ФК Барселона, Жоан Лапорта, го објавија обновувањето на договорот.

На состанокот присуствуваа и играчи од различни професионални тимови на клубот: Роберт Левандовски (прв тим на машки фудбал), Јана Фернандез (прв тим на женски фудбал), Џејмс Ннаџи (прв тим на кошарка), Микел Феиксас (1. футсал тим ), Домен Макуц (1 . ракометна екипа) и Матиас Пасквал (1. тим за хокеј на ролери).

Брендот, исто така, останува глобален партнер и ќе биде присутен како еден од официјалните спонзори во Еспаи Барса, проектот за трансформација на објектите на ФК Барселона во областа Лес Кортс во Барселона и на стадионот Јохан Кројф во спортскиот град Џоан Гампер во Сант Џоан Деспи.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер