Краткотрајниот сопруг на Памела Андерсон открива колку го чинеле 12 – те дена брак - Канал 5

Краткотрајниот сопруг на Памела Андерсон открива колку го чинеле 12 – те дена брак

Откако се венчаа набрзина на крајот на јануари, Памела Андерсон (52) и Џон Питерс (74) се разведоа уште побрзо - нивниот брак траеше само 12 дена, но се чини дека нивната расправија штотуку започна.

Краткотрајниот сопруг на Памела Андерсон открива колку го чинеле 12 – те дена брак

Прво, Памела се пожали дека морала да го напушти холивудскиот продуцент затоа што тој „ е многу каприциозен маж кој сака да ја контролира“, а потоа Џон реши да ја каже својата верзија за приказната.

- Нема поголема будала од стара будала! Прво, таа ме побара, а не јас - таа ми испрати порака во која пишуваше дека сака да се омажи ... Тоа беше реализација на сите мои соништа, иако во тоа време веќе бев ангажиран со друга, а дамата само што се омажи , избега од мене ...Јас оставив сè за неа! И платив долг од 200 000 долари, и купив нова гардероба, ја примив со отворени раце и отворено срце, бев подготвен да се грижам за неа со години, иако таа немаше пари “, откри повредениот Питер.

Тој исто така ја сподели со јавноста содржината на пораката што му ја испратила актерката:

- Бев преплашена од целата оваа „брачна приказна“ со адвокати и долгови ... Мислев дека создавањето на нашата империја ќе биде забавно, но згрешив. Јас сум едноставната која ги сака своите деца, сè што им оставив, и оваа ситуација кога адвокатите сега копаат низ мојот бизнис и финансиите - болна сум од тоа ...

,,Ми треба пауза и време да размислувам, но сепак те сакам, сепак сакам да си во мојот филм ... Ова би можело да биде голем чекор за тебе, можам да ти дадам нов елан во кариерата ... Но, сега ни требаат неколку недели за да бидеме разделени и да можеме да разговараме во мир – и напиша Џон на поранешната sвезда на ТВ серијата ,,Спасувачка служба”.

Портпаролот на Памела ја нарече изјавата на Питер измислица, а актерката одби да ги коментира наводите на нејзиниот поранешен сопруг, само накратко кажувајќи му дека „му посакува се’најдобро”.

За него и за неа, ова е петти неуспешен брак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори

Покрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.

СДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори

За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра.

Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра.

Сè ова заради лично богатење и останување на власт.

Мицкоски дал налог за нови задолжувања.

Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери.

Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите.

Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори.

Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ.

Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами.

Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови.

Статистиката повеќе не му поминува.

Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници.

Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро.

Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“.

Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“.

Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа.

Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт.

По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ.

Мицкоски е прочитан.

Народот не е наивен.

Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро.

Доаѓа пролет.

А тогаш сè се менува.

Граѓаните тоа веќе го знаат.

Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација.

Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава

Изминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области  од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.

ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава

Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок.

Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема.

ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар.

Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците.

Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава.

За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи.

Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара.

Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината.

Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година

Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август.

Цените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година

Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика.

Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер