Кралски третман за купувачите на Бугати (ФОТО)

Познато е дека не може секој да си дозволи автомобил Бугати , чија цена достигнува и неколку милиони долари.

Процесот на купување , пак, е исто елитен како и самиот автомобил . На секој купувач му се приредува кралско доживување. Третманот се нарекува ,,Доживување во Молзајм” , во кое се канат само потенцијалните купувачи на Бугати. Тие се еден ден гости во штабот на производителот во францускиот град Молзајм.

По обиколката на главната зграда, тие возат тест круг со она возило кое им се допаѓа , а потоа во погонот даваат идеи како би сакале да им биде опремено. Моментално Бугати ги продава моделите Chiron и Chiron Sport, кои чинат 2,9 односно 3,26 милиони долари, а ќе бидат произведени во серија од 200 примероци.

Овие автомобили низ историјата ги возеле светските ѕвезди , а нивен сопственик е фудбалерот Кристијано Роналдо , раперот Џеј Зи , пејачката Бијонсе , како и боксерот Флојд Мејведер. Во Бугати се е луксузно , така што не постои пластичен дел . Дури и вентилациските отвори се направени од легура на титаниум и магнезиум. овие 200 возила ќе бидат на продажба до втората половина на 2021 , потврди претседателот на Бугати , Штефан Винкелман.

Од компанијата велат дека нивниот просечен купувач има колекција од околу 42 автомобили и поседува два приватни авиони. Половина од автомобилите од моделот Chiron се купени на невидено, а оние кои сакаат да се запознаат со луксузот на Бугати , имаат можност за тоа во ,,Доживувањето во Молзајм” во замокот Сент Жан.

Потенцијалните купувачи со приватни авиони стигнуваат во Молзајм , на границата меѓу Франција и Германија. Освен нив , Бугати ги кани и сопствениците кои веќе имаат од нивните луксузни автомобили.

Во просек , секој месец имаат по двајца потенцијални купувачи од Северна Америка , кои имаат можност да се запознаат и со историјата на Бугати и да ја видат уметничката колекција на истоименото семејство.

На некои од купувачите им е дозволено да се возат и со најстарите модели на Бугати , како на пример со моделот 35 од 1926 година. Некои од учесниците на ова доживување купуваат и по два автомобила – еден за во колекцијата , а еден за возење.

Ливерпул нема намера да го пушти Салах на лето

Ливерпул не планира да се раздели со Мо Салах.

Крилниот напаѓач продолжува да има добри односи со сите во Ливерпул. Директорот на клубот Мајкл Едвардс верува дека Салах треба да биде дел од плановите на Ливерпул за иднината, изјави новинарот Фабрицио Романо за подкастот „Here We Go“.

Кон крајот на сезоната ќе има средба помеѓу Салах и неговиот агент. Ќе разговара за иднината на крилниот напаѓач и ќе ги истражи неговите опции. Но, во моментов Ливерпул нема намера да се раздели со него.

Претходно беше објавено дека Салах би можел да го напушти Ливерпул во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона играчот има 24 гола и 12 асистенции во 41 натпревар за клубот. /МИА

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

притисни ентер