Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува - Канал 5

Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува

По иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа.

Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува

По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација.

Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од страна на власта и Собранието, надзорната расправа наместо во мај се одржува дури денес.

„Н 23 март поднесе иницијатива за потреба од одржување на надзорна расправа затоа што се сомневавме во нефункционирање и тоа со жал можам да кажам целосно нефункционирање на законот за употреба на македонски јазик донесен во јануари 2024 година. На 7 април Комисијата за култура како матично тело и надлежно тело за одржување и организирање на оваа надзорна расправа одржа подготвителен состанок кој што одлучи на 6 мај да се одржи надзорната расправа во однос на Законот за употреба на македонски јазик. Како што гледате денес сме 6-ти јули и дури денес е првиот ден од надзорната расправа во однос на неупотребата на овој закон“, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека и покрај тоа што Законот е донесен пред повеќе од една година и половина, неговите клучни одредби остануваат само на хартија, а Владата нема преземено суштински чекори за негова реална примена.

„Зошто ја поднесовме оваа иницијатива за надзорна расправа? Затоа што можам да ви ги прочитам сите членови по однос на кои не се постапува, меѓутоа тоа значи дека треба да ви го прочитам целиот закон. Освен именуваната директорка на 9 април 2025 година, една година и два месеци после донесување на законот, ништо друго по однос на овој закон не функционира. Видовме два инспектори коишто се вработени пред пола месец во самото Министерство за култура, кои што треба допрва да поминат една цела година во однос на нивната подготовка за да можат да прават надзор“, рече Костадиновска Стојчевска.

Притоа, Костадиновска-Стојчевска информираше дека пратеничката група на СДСМ на расправата има повикано претставници на надлежните институции, академската заедница, стручната јавност и медиумскиот сектор, со цел да се утврди каде е застојот и кој ја сноси одговорноста за неспроведувањето на Законот.

Воедно, таа упати јавен повик до сите поканети сведоци да го потврдат своето присуство, за надзорната расправа да може да продолжи и да даде конкретни заклучоци.

„Дозволете ми денес да го искористам овој прес, да апелирам до сите овие имиња коишто јас ги прочитав да го потврдат своето присуство за да можеме надзорната расправа да ја заклучиме после вториот ден кој ќе го определиме заедно се надевам повторно со комисијата. за да можеме да придонесеме овој закон да профункционира“,

Таа нагласи дека Законот бил донесен по едногодишни јавни расправи и со широк политички консензус, поради што е недозволиво институциите денес да го игнорираат и да не ги исполнуваат законските обврски.

„Овој е закон којшто после една година јавни расправи се донесе со консензус во собранието во јануари 2024 та година и не заслужува ваков третман. заслужува да функционира и заслужува како што изјавиле од самото Министерство и култура и туризам, се извинувам, пред една година дека со доследна примена ќе се зголеми интересот за студирање на македонски јазик, ќе се пристапи кон вработување лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, училишта, издавачки куќи и медиуми и се разбира најважно од се функционирање на инспекторатот за македонски јазик“, рече Костадиновска Стојчевска.

Според Костадиновска-Стојчевска, состојбата е особено загрижувачка затоа што и по повеќе од една година од донесувањето на Законот нема никакво суштинско поместување во неговата примена.

„Нема да речам да се продолжи да се имплементира, туку да се имплементира, бидејќи нема никакво поместување во однос на законот и неговите одредби по однос на неговото носење“, рече Костадиновска Стојчевска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.

Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)

Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата.

Тој поминал со полесни повреди

Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле.

И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите.

Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент.

Тркалото удрило и во два автомобила

Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида.

Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.

Апокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)

Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“.

Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето.

Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд.

Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи.

„Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд.

Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. 

Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе

Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја.

Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс.

Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот.

Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи.

Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето.

Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана.

Татко загубил шест деца

Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди.

Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата.

Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин.

Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров.

Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад.

Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата.

„Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити.

„Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“

Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство.

„Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс.

„Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“

Важен чекор, но потребна е поголема одговорност

Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола.

Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи

Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени.

Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања.

„Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој.

Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер