Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
2Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
3Најпознатиот Јутјубер им понуди 250.000 долари на двојка- условот е пред свадбата да ослабат 68 килограми (ВИДЕО)
ЖивотКонференцијата за размена на знаења и практики помеѓу стручни лицаКонференцијата за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема: „Згрижување и згрижувачки семејства“Организатори Сојузно министерство за социјална заштита, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија СОС Детско село Северна Македонија Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Харалд Фугер, аташе при Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село Северна Македонија, со воведни обраќања ја отворија дводневната „Конференција за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема: „Згрижување и згрижувачки семејства“, во Клубот на пратеници. На конференцијата учествуваат претставници на Сојузното министерство за социјална заштита, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности и Центрите за поддршка на згрижувачки семејства, помеѓу кои е и Центарот за подршка на згрижувачки семсјтва СОС Детско село. Министерката Тренчевска во своето обраќање истакна дека правилниот избор на формата на заштита на децата без родители и родителска грижа e клучна за обезбедување на безбедна семејна средина и планирана иднина, но и развивање на личности кои ќе треба да ја понесат одговорноста како возрасни лица подготвени за иднината. „Секое дете заслужува топол дом и семејство кое за него се грижи! Но, за жал не секое дете ја има таа можност неговото биолошко семејство да се грижи за него. Како Влада и ресорно Министерство во чија надлежност е детската заштита, наша одговорност и сериозна задача е да обезбедиме топла семејна средина и услови за правилен психо-физички развој на децата, кои поради разни причини тоа го немаат. Бидејќи сместувањето во згрижувачко семејство како форма на заштита е најблиско до живеењето во семејството, Министерството за труд и социјална политика спроведувајќи го процесот на деинституционализација презеде низа активности за развој на оваа форма на заштита преку донесување на законски и подзаконски акти, упатства и програми за работа, како и обуки на стручните работници во насока на зголемување на бројот и квалитетот на згрижувачките семејства“, истакна Тренчевска. Министерката се осврна и на отворањето на трите центри за поддршка на згрижувачките семејства, СОС Детско село, Детскиот дом „11 Октомври„ Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола кои ја обезбедуваат поддршката на згрижувачките семејства на цела територија на нашата држава. Центри кои вршат промоција на услугата згрижување во семејство, подготовка, проценка и обука на идни згрижувачки како и следење и поддршка на постојните згрижувачки семејства. Харалд Фугер, аташе за социјални прашања при амбасадата на Република Австрија, истакна дека Конвенцијата на ОН за правата на детето, склучена во 1989, ги обврзува државите-потписнички да ги промовираат правата на детето и да ги вградат основните принципи на конвенцијата во системите за грижа за деца и млади. „Овие принципи го вклучуваат, меѓу другото, најдобриот интерес на детето како основа за сите мерки на институциите кои се однесуваат на децата и младите, задолжителното вклучување на волјата на самото дете, правото на детето да го изрази своето мислење во однос на процедурите кои се однесуваат на него и неговото право да контактира со своите биолошки родители. Во согласност со поглавјето 23 на акито на ЕУ, земјите-членки мора да обезбедат почитување на фундаменталните права пропишани со Повелбата на ЕУ за фундаментални права, а нејзиниот член 24 ги дефинира принципите во поглед на правата на детето. Австрија ја поддржува Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ преку преку различни активности. Австриското Министерство за социјални прашања тековно финансира 13 билатерални проекти во областа на социјалата“, истакна Фугер. Јулијана Гапо, национален директор СОС Детско село потенцираше дека грижата за децата во ризик е обврска на сите нас. СОС Детско село, и граѓанскиот сектор воопшто, е партнер на институциите во обезбедувањето подобри услуги и грижа за децата. „Во април, СОС Детско село стана првиот центар за поддршка на згрижувачките семејства. Поддржуваме 62 згрижувачки семејства во Вардарскиот, Скопскиот и Југоисточниот регион. Неодамна ја започнавме кампањата „Подај рака, промени живот и стани згрижувач“, за да го истакнеме значењето на згрижувањето. Првите обуки за семејствата кои посакаа да станат згрижувачи се веќе во тек. Ги повикувам граѓаните да ја посетат веб-страницата www.zgrizuvanje.mk и доколку имаат можност, да променат макар еден детски живот. Така целото општество станува подобро!“, порача Гапо. Дводневната Конференција е организирана од страна на трите вклучени страни и е со цел, да се разменат искуства и пракса кои ќе придонесат за унапредување на формата на заштита на децата- згрижување во згрижувачки семејства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаИдентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во ШтипПо преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител. На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полицијаВчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР. Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасадаСлучајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем.... МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook