Треба да се нагласи дека само 1,5 проценти од сопствениците на нов автомобил го продаваат за една година или порано. Изненадува што според истражувањето на iSeeCars најчесто препродаван модел по само една година е популарниот БМВ , серија 3 , од кои дури 8 проценти од првите сопственици го замениле за друго возило. По него е БМВ серија 5 , Мерцедес Ц класа, Нисан Нота, Доџ Дарт, БМВ X3, БМВ 4, Мерцедес Е класа , Крајслер 200 , Субару и Нисан Верса.
Фактот што дури шест од првите 11 модели се луксузни германски возила на БМВ и Мерцедес од компанијата iSeeCars го објаснуваат со практиката на овие компании да им продаваат заменски возила на своите редовни потрошувачи , додека се појави понов модел на пазарот. така се случува за само неколку месеци сопственикот да замени и по две до три возила додека не го добие најновиот посакуван модел.
Преку овој начин на продажба двете германски компании се натпреваруваат и во категоријата ,,најпродавано луксузно возило” , каде последниве неколку години се менуваат за првото место. Што се однесува на БМВ 3 , од компанијата iSeeCars објаснуваат и зошто е најчесто менувано возило.
Најчесто тројката на БМВ е во основен мопдел , која сопственикот ја продава по неколку месеци , поради тоа што се определува за повеќе опремено возило од истиот вид , што го прави овој модел за најпродаван меѓу другите возила во светот од оваа класа.
Од компанијата iSeeCars во истражувањето објаснуваат и колку секој од овие автомобили губи од цената при продажбата по само неколку емсеци користење.