ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
3ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотКлиматските промени седум пати посилно го погодуваат дното на океаните Длабоките слоеви на океанот се затоплуваат со драматична брзина за разлика од нивната површина, што укажува на мрачна иднина за фауната во длабокото море, покажале новите истражувања.Стапките на климатските промени во длабочините на океанот до втората половина на овој век би можеле да бидат седум пати повисоки од сегашните нивоа, дури и ако емисиите на стакленички гасови се драстично намалени, покажаа резултатите од новата меѓународна студија објавена денеска во научното списание „Nature “. Тие посочуваат дека температурните промени на површината на океанот се случуваат двојно побрзо од порано. Во студијата научниците заклучуваат дека, токму заради ова, живите суштества од длабоко море сè уште не се загрозени како оние што живеат во поплитките океански слоеви, но нивната иднина во никој случај не е светла. „Под претпоставка дека глобалните емисии на јаглерод диоксид продолжуваат на глобално ниво, до крајот на векот, покрај затоплувањето на многу поголемите површини на океанот, топлината ќе започне да навлегува во подлабоките делови на океанот“, изјави водачот на студијата Исак Брито-Моралес, доктор на Универзитетот во Квинсленд. Научниците го проучувале и измериле ефектот на т.н. температурни промени врз морските животни - брзината со која одредени видови ќе треба да се движат и да ги променат живеалиштата за да останат во рамките на нивниот склоп на температурен опсег, бидејќи различни слоеви на океанот се загреваат со различни брзини. Студијата открива дека промените во различни слоеви на океанот ќе се случат со различни брзини како резултат на глобалното затоплување. Професорот Хорхе Гарсија Молинос, клима-еколог на Универзитетот Хокаидо и коавтор на студијата, рече: „Резултатите сугерираат дека биодиверзитетот во длабоките делови на морето и океанот веројатно ќе има поголем ризик затоа што животните од длабокото море се навикнати на многу постабилно термичко опкружување“. Тој вели дека глобалното затоплување досега влијаело на фактот дека некои животински видови веќе се преселиле во други, подлабоки слоеви на океанот, па дури и до длабочина од 4 км и повеќе. Температурните промени се разликуваат во различни слоеви на океанот и влијаат колку брзо и во која насока ќе се движат длабоките морски животни во потрага по ново живеалиште заради затоплувањето на океанот. Брито-Моралес вели дека тоа претставува „огромен предизвик за научниците што одлучуваат кои области ќе бидат прогласени за заштитени“. Професорот на Универзитетот во Квинсленд, Ентони Ричардсон, вели дека, „без оглед на тоа што правиме сега“, животот на животните од длабокото море ќе се соочи со ескалациска закана од климата до крајот на векот, бидејќи површината на океанот веќе се загрева. Тој и неговите колеги ја пресметале промената на температурата во четири области со длабоки океани од 1955 до 2005 година, а потоа ги предвидувале бројките од 2050 до 2100 година, користејќи ги податоците од 11 климатски модели. „Особено сме загрижени што, кога се спуштате подлабоко во океанот, промените во температурата се случуваат со различна брзина и тоа може да претставува проблем за исхраната на видовите кои зависат од организми во различни океански слоеви“, рече тој. Како пример, тој ја наведе туната, која што живее на длабочина од 200 до 1000 метри, но се храни со планктони кои живеат на површината на океанот. Тој верува дека „треба да се прогласат нови заштитени подрачја во длабоките делови на океанот, со кои строго ќе се управува со цел да се заштити и флората и фауната“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички составиЗдружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок. „Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија. По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката. Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз. Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз. Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво. Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе. Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од ВенецуелаЕдинствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра. Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати. Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка. И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија. Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале. Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter