Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло - Канал 5

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

 Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.

Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија.

Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија.

Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер