ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
2ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
Шоу бизЌерката на Том Круз и Никол Кидман заработува со продажба на својата стара облека Изабела Кидман Круз, најстарото дете на Том Круз што го посвои додека беше во брак со Никол Кидман, ги користи своите користени работи на британската верзија на eBay.Тоа е веб-страница на Депоп која ексклузивно продава облека, обувки и други додатоци. Се чини дека Изабела нема пари, и покрај тоа што нејзиниот татко заработува милиони. Изабела ги ставила работите на продажба по многу повисока цена од нивната вредност и затоа странските медиуми заклучија дека таа се обидува да заработи пари. „Сè мора да се продаде. Бесплатна испорака во Велика Британија. Без наплата. По испраќањето на пратката, јас не сум одговорна за нов“, напишала Изабела во рекламата. Се чини дека 27-годишната девојка досега немаше премногу среќа. Таа продала само четири од 13-те предмети што ги ставила на продажба. Таткото на Изабела, Том Круз, се проценува дека моментно „тежи“ 570 милиони долари, а нејзината мајка Никол Кидман заработува околу 250 милиони долари. Изабела се оддалечи од својата мајка заради скиентолошката Црква , каде Изабела е член заедно со татко и Том Круз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избориПокрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра. Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра. Сè ова заради лично богатење и останување на власт. Мицкоски дал налог за нови задолжувања. Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери. Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите. Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори. Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ. Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами. Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови. Статистиката повеќе не му поминува. Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници. Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро. Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“. Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“. Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа. Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт. По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ. Мицкоски е прочитан. Народот не е наивен. Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро. Доаѓа пролет. А тогаш сè се менува. Граѓаните тоа веќе го знаат. Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација. Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска наставаИзминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок. Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема. ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар. Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците. Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава. За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи. Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара. Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината. Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЦените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата годинаПодатоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август. Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика. Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.Тагови: угостителски услуги Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter