Македонија(OБНОВЕНО)Ќе има ли кривична пријава против Бугарските надлежни органи за „чужденците„?Скандалозна информација објавија бугарските портали кои лиферуваа дека на стан на улицата „Леге“ бр.6 во Софија се регистрирани над 45.000 странци од кои најголемиот дел се Македонци со бугарски пасоши.Веста ја лиферуваше и бугарскиот портал Fakti.bg кои саркастично велат дека оваа адреса е најголемата изборна единица во Бугарија. Но дали самата Бугарска Влада ќе покрене киривични пријави, поради фактот што дозволила „бугарите“ од Македонија, кои очигледно немале никаква намера да добијат државјанство од етнички, туку економски побуди, да бидат лажно пријавени на една иста адреса? Станува збор за регионот „Средец“ , дел од Софија, каде едно чудо македонци „живеат “ во 60 м2, со што го надминаа неколкукратно рекордот на „чоевчињата“ од Пустец, кои гласаа во опш. Центар во март 2013 год. „Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот“, објаснува градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков. Ужасно, но вистинито , тој додава дека во изминатиот период бројот на „станарите“ достигнал до 82.000 лица на една единствена адреса, па додава „Често гледам луѓе како доаѓаат за некакви административни услуги, но гласачките ливчиња, како што било отсекогаш, ќе останат неискористени. Најголемиот број од лицата во списокот се со македонски презимиња, кои добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло“, вели Трајков. Исто така претпоставува дека нивните гласачки ливчиња, за априлските избори во Бугарија „веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало и досега“. Дали сега здружение за „македонско-бугарско пријателство“, ќе поднесе кривична пријава за одговорните лица во Софија и Бугарија, кои дозволиле ваква измама, и дали ќе побараат на тие македонски „граѓани“ да им се одземат пасошите, како што и самите најавија, според позитивните бугарски законски акти?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за транспорт: Реакција на прес конференцијата на СДСМДенешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица. Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури. Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани. Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за транспорт даде позитивно мислење. Развојот на спортската инфраструктура е приоритет и ние силно ја поддржуваме. Општина Аеродром ја има нашата цела поддршка. Целата постапка од страна на општината е целосно транспарентна и согласно сите регулативи. Министерство за транспортТагови: Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова од Софија: Мора да го оживееме духот на регионалната соработкаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија и укажа на потребата од оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес. Потсетувајќи на проблемите со коишто се соочува Југоисточна Европа, таа оцени дека масовното иселување на младите, стареењето на населението, економското заостанување и влошените геополитички околности бараат храбро и одговорно лидерство, водено од заедничките интереси и солидарноста, а не само од парцијалните. Според неа, процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес. Повикувајќи се на зборовите на бугарскиот автор Георги Господинов дека „кога вратите на иднината се затвораат, минатото станува единствената татковина“, таа предупреди на потребата од дебалканизација преку европеизација. За неа, европската интеграција е природна, како и геополитичка и безбедносна неопходност, а стабилен, просперитетен и европски Балкан е во интерес на сите држави во регионот, но и на Европа. Сиљановска-Давкова повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Учениците ќе учат основи на програмирање и сајбер безбедност преку micro:bit уредиПроектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година.Во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница денеска беше означен почетокот на проектот „Училишта на 21 век – Фаза 2“, партнерска иницијатива насочена кон развој на дигитални вештини, критичко размислување, практично учење и примена на современи технологии во образовниот процес. Проектот се реализира во партнерство меѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, со заедничка поддршка од над 350.000 евра. Проектните активности ќе се спроведуваат во периодот од мај 2026 до јули 2027 година. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 100 училишта од целата држава, повеќе од 20.000 ученици на возраст од 9 до 10 години, како и околу 1.000 наставници од одделенска настава. Наставниците ќе поминат обуки за користење на micro:bit уреди и современи дигитални алатки во наставата, а учениците ќе развиваат знаења и вештини од програмирање, сајбер безбедност, критичко размислување, решавање проблеми и основни концепти на вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека проектот е важен чекор кон вистинска дигитална трансформација во образованието, преку која технологијата станува алатка за учење, создавање и развој на самодовербата кај учениците. „Проектот ќе биде наменет за цела Македонија, опфаќа вкупно 100 училишта и повеќе од илјада наставници кои ќе поминат обука каде ќе се стекнат со вештини како да ги користат овие micro:bit уреди во нивната настава. Зборуваме за четврто и петто одделение, а уредите ќе се употребуваат во сите наставни предмети. По сите наставни предмети ќе може да се прават проекти со micro:bit уреди, преку кои учениците ќе учат основи на програмирање и основи на сајбер безбедност. Очекувам од материјалите што ќе ги произведеме, меѓу кои и прирачници, и наставниците во погорните одделенија да ги користат micro:bit уредите и да работат на реални проекти“, изјави Андоновски. Целта е учениците да не бидат само корисници на технологија, туку да учат како да создаваат, да размислуваат логички, да решаваат проблеми и да работат со современи дигитални алатки. Во рамки на партнерството, Македонски Телеком дополнително ќе опреми пет училишта низ Македонија со компјутерска опрема. Првата донација на компјутери беше реализирана токму во училиштето „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што се одржа и настанот за почеток на проектот. Проектот предвидува и онлајн консултации, онлајн micro курс, како и два Coding Challenge настани, преку кои учениците ќе можат да ги претстават своите идеи, креативност и стекнато знаење. „Училишта на 21 век – Фаза 2“ придонесува кон модернизација на образованието и подготовка на младите за дигиталната иднина. Програмата ќе им помогне на учениците да стекнат вештини кои сè повеќе се бараат на идниот пазар на труд, меѓу кои аналитичко размислување, креативност, технолошка писменост и иновативност.Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50