Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот - Канал 5

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси.

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан на бродот е во тек, соопштија официјални лица.

Глисерот испловил од нуркачкиот центар во регентството Тоџо Унаун кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал, што предизвикало потрага, објави АП.

Бродот превезувал пет холандски државјани, тројца Германци, по еден од Чешка, Белгија и Франција, како и двајца индонезиски членови на екипажот.

Според раководителот на канцеларијата за пребарување и спасување на покраината Горонтало, Херијанта, спасувачките екипи пребарувале површина од околу 300 квадратни наутички милји користејќи глисери, дрон со термичка камера и опрема за нуркање.

Преживеаните рекоа дека откако наишле на силна бура, глисерот се распаднал и потонал, а патниците се спасиле користејќи сплав за спасување, додека капетанот се изгубил во густата магла. Операцијата за пребарување на капетанот ќе продолжи во следните седум дена, соопштија индонезиските власти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите

Пред единаесет години, Макартур Вилер и Клифтон Ерл Џонсон извршија серија грабежи на банки во пошироката област на Питсбург во Соединетите Американски Држави.

Упаднале во банка без маски и со пиштоли- верувале дека сок од лимон ќе ги направи невидливи за камерите

Она што го разликуваше овој случај од вообичаените грабежи не беше начинот на кој беа извршени, туку неверојатниот факт дека сторителите веруваа дека пронашле начин да станат „невидливи“ за камерите.

Клучната состојка во „Невидливото мастило“

Вилер и Џонсон упаднаа во банката Мелон во Свисвејл и во банките Парквејл и Фиделити во Брајтон Хајтс вооружени со пиштоли и со целосно откриени лица.

Тие не се обидоа да ги исклучат камерите за надзор или да го сокријат својот идентитет на кој било начин. Наместо тоа, тие намачкаа сок од лимон на своите лица, убедени дека тоа ќе ги направи „невидливи“ на снимката.

Според Вилер, Џонсон му рекол дека сокот од лимон е една од клучните состојки во „невидливото мастило“, па заклучиле дека нанесувањето на сокот директно на нивната кожа ќе ги направи нивните лица „невидливи“ за камерите?!

Сепак, тие не сакаа да се потпираат само на теорија. Придружниците решиле сè да тестираат. Го намачкале лицето на Вилер со сок од лимон, а потоа тој ја фотографирал со полароидна камера.

Фотографијата била развиена за неколку минути, а на неа го немало лицето на Вилер, објавува Дејли Стар.

„Но, ставив сок од лимон на неа“

Тие биле толку убедени дека нивната тактика ќе функционира. Полицијата подоцна претпоставила дека Вилер едноставно не ја насочил камерата кон неговото лице кога ја фотографирал, или дека филмот бил неисправен.

По грабежите на банките, на полицијата не ѝ требало долго време да ги идентификува и уапси сторителите.

За време на испрашувањето и откако ги видел фотографиите од банките, Вилер во неверица рекол: „Но, ставив сок од лимон на неа. Ставив сок од лимон на неа“.

Џонсон бил осуден на пет години затвор, откако сведочел против својот партнер. Од друга страна, Вилер добил 24 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри за што ќе зборуваат со Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека вештачката интелигенција (ВИ) ќе биде „голема тема на разговор“ со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој е во тридневна посета на Вашингтон.

Трамп откри за што ќе зборуваат со Си Џинпинг

„Голем ден со претседателот Си на Кина. Суперинтелигенцијата (ВИ) ќе биде голема тема на разговор, но сакам да го оставам точно како што е. Тоа е ставот на Кина. Нашиот бедем е Министерството за правда (DOJ)“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.

Денешната средба меѓу Си и Трамп се случува во време на трка во вооружување меѓу САД и Кина за ВИ, при што многумина повикуваат на меѓународна регулација, според CBS News.

Трамп досега се спротивставуваше на повиците за регулација, велејќи им на светските лидери на Генералното собрание на ОН претходно оваа недела: „Победник е оној што ќе ја победи ВИ“.

Си пристигна во среда на тридневна државна посета на САД, за време на која ќе ја посети и Белата куќа, каде што ќе се одржи гала вечера, на која ќе присуствуваат многу претставници на технолошкиот сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската криза

Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.

Златеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската криза

Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата.

,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска.

Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“.

Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат.

,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде:

,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер