Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ добитник на „Златната тула“

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник на „Златна тула“ на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека „Бронзената тулa“ ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг.

филм за деца беше награден македонскиот филм „Маја Новак“ од авторката Миа Панов, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем број гласаа за овој филм.

Жири комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав Владимир Ангелов, Сашка Андреевска и Горјан Гишев.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продукциската куќа Аурипигмент од Скопје со поддршка на Град Скопје и во соработка со Кинотеката. /МИА

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип

СЗО загрижена поради големото ширење на вирусот на птичји грип, кој еволуира и развива способност да зарази луѓе, тврди научник.

Светската здравствена организација денеска изрази загриженост поради големото ширење на птичјиот грип Х5Н1 меѓу новите видови, кој развива способност да зарази и луѓе.

„Мислам дека ова останува огромна загриженост“, изјави главниот научник на здравствената агенција на ОН, Џереми Ферар за новинарите во Женева.

Појавата на птичји грип почна во 2020 година и доведе до смрт на десетици милиони живина, при што се заразени и диви птици, како и копнени и морски цицачи.

Кравите и козите се приклучија на листата минатиот месец -- изненадувачки развој за експертите, бидејќи не се сметаше дека се подложни на овој тип на грип.

„Видот А (Х5Н1) стана „глобална пандемија на зоонозни животни. Се разбира, големата загриженост е што при... инфицирање на патки и кокошки, а потоа сè повеќе цицачи, тој вирус сега еволуира и развива способност да зарази луѓе, а потоа критично да премине од човек на човек“, рече Ферар.

Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ

Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, останатите полицајци ослободени.

По задржувањето на четворица припадници на косовската полиција, одреден е притвор до 48 часа за заменик директорот на косовската полиција, Дејан Јанковиќ, за утврдување на фактите и потребните проверки во врска со безбедноста на Република Србија, соопшти српското МВР

Останатите лица се пуштени по безбедносни проверки.

Претходно беше соопштено дека „четворица припадници на косовската полиција се задржани во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е приведен“

ЕУФОР ќе патролира ширум БиХ

Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР.

ЕУФОР соопшти дека распоредувањето на овие сили не е поврзано со ништо друго и дека овие активности се планирани долго време и се насочени кон постигнување на редовни цели за обука.

Оклопните возила на резервните сили на ЕУФОР вчера беа распоредени во центарот на Пале, поради што градоначалникот на општината Бошко Југовиќ испрати писмо до командата на ЕУФОР со барање претходно да биде известена локалната администрација за таквите активности.

притисни ентер