Кинески рекордер: Вози речиси 400 километри на час - Канал 5

Кинески рекордер: Вози речиси 400 километри на час

Максималниот вртежен момент е 1.680 Nm, додека вкупната моќност на автомобилот е 1.300 КС.

Кинески рекордер: Вози речиси 400 километри на час

Кинескиот „BYD“ објави дека електричниот суперавтомобил „Yangwang U9“ достигна максимална брзина од 391,94 km/h, поставувајќи нов рекорд како најбрз автомобил во Кина.

Во исто време, тој е трет најбрз електричен автомобил во светот, по „Aspark Owl SP600“ (438,73 km/h) и „Rimac Nevera“ (412 km/h).

Оваа брзина е постигната на германската тест патека во Папенбург.

„Yangwang U9“ беше лансиран во февруари оваа година, а испораката започна во август. Автомобилот е долг 496 cm, а меѓуоскиното растојание е 290 cm.

Покривот е изработен од јаглеродни влакна, а заден спојлер доаѓа како стандард.

Достапен е во три бои: „Moonlight Silver“, „Argyle Purple“ и „Cabernet Danzhu“.

Автомобилот има максимален вртежен момент од 1.680 Nm, додека вкупната моќност е 1.300 КС (четири електромотори).

Забрзува од 0 до 100 km/h за 2,36 секунди, додека времето на спринт од 0 до 400 метри е под 10 секунди, поточно 9,78 секунди.

Кога станува збор за досегот, „Yangwang U9“ е опремен со „LFP“ батерија со капацитет од 80 kWh, со опсег на „CLTC“ од 450 km и можност за брзо полнење од 30% до 80% за 10 минути.

Почетна цена? Приближно 222.000 евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нупниу: Македонија со добрата подготвеност може да има брз напредок во кластерите

Македонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик .

Нупниу: Македонија со добрата подготвеност може да има брз напредок во кластерите

Македонија е оценета за доброподготвена за членство во Унијата и е меѓу земјите кандидатки со најголема подготвеност во однос на усогласеноста со европското законодавство, посочи заменик – амбасадорор на ЕУ во земјава Бен Нупнау од панел дискусијата посветена на Извештајот од ЕК. Според него земјава фаќа чекор со процесот на преговарање и посочи дека откако ќе се исполнат условите за отворање на кластерите мошне брзо ќе напредува кон членство. Потенцираше дека е остварен значителен напредок во неколку области, како и одреден прогрес во правосудството, но дека се потребни подобри резултати во борбата против корупцијата.

„Ова година е остварен одреден напредок, особено Извештајот покажува дека има добар степен на подготвеност во надворешната и бебзбедносната политика, како и во областа на образованието и науката, дигиталната трансформација е една од областите со добар степен на подготвеност и имаме извесно до умерно ниво во сферата на владењето на правото што е од сусштинска важност за почеток на преговорите. Со оглед на добрата подготвеност и тоа што земјата фаќа чекор со процесот на преговарање, се уште е можно тоа да се вклучи. Уверени сме дека откако условите за отворање на преговорите и на кластерот еден ќе се остварат ќе можеме да оствариме многу брз напредок во различните кластери “- Бен Нупнау, заменик-амбасадор на ЕУ во Македонија.

Споредбено со земјите кандидатки подобра подготвеност за членство во Унијата бележат Црна Гора и Албанија кои во кластерот Фундамнети се оценти со добро ниво на подготвеност, покажуваат графичките прикази објавени од Институтот за европска политика. Од графиконите може да се види дека Македонија во однос на фундаментите во дел од секторите бележи извесен нaпредок, а во дел ограничен, додека дел од земјите бележат и одредени назадувања. Од ЕПИ оценуваат дека нивото на поготвеност на земјава е умерено и дека подобрувањето се должи пред се на донесените реформски закони.

„Она што може да се забележи како позитивно придвижување за разлика од минатата година во поглавјето 23 кое се однесува на правосудство и на темелни права минатата година немаше напредок, а годинава има ограничен напредок како што имаше во 2024. Во оваа насока се забележува подготовката на патоказот за владеење на правото кој претставува заложба за спроведување на реформите во оваа област за следните години. Од друга страна нивото на услогласеност останува непроментот од од 2019 година, односно и во овој Извештај Македонија има одредено ниво, односно умерено напреднато ниво на подготвеност. А во правосудство конретно има одреден напредок“- Беба Жагар, Институт за европска политика.

Извештајот за напредокот беше објавен завчера, а вчера му беше предаден и на премеирот Христијан Мицкоски кој го оцени како подобар од минатогодишниот, без уназадувања во ниту една област.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки

По еврокомесарката Кос, и македонскиот министер за надворешни работи Муцунски потврдува дека Европската Унија прави напори во дијалогот Скопје-Софија, но детали ниту тој не открива. 

Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки

За неговите очекувања колку брзо ќе има резултати од тој дијалог со европска асистенција, Муцунски во дипломатски одговор кажа само дека разговорите од македонска страна ги водат врз база на утврдените позиции.

„ Мислам дека прилично јасно кажавме дека во моментов работиме на дијалог, за кој, како што слушнавте од претставници на Европската Унија, имаме поддршка и од европските институции и од земји членки. Ќе повторам дека нашите позиции се јасни, принципиелни и сите разговори што ги водиме во моментов, како и оние што сме ги воделе во последните повеќе од две години, се базирани на позиции што прилично јасно ги имаме претставено на нашата јавност. “-Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи на Македонија.

И премиерот Мицкоски очекува позитивен исход од тој дијалог. Го повтори неговиот став дека претходната влада е виновна за ветото на евроинтеграциите поради прифатениот политички услов за уставни измени. Од реформски аспект додаде дека земјава има многу преземени чекори кои не влегле во извештајниот период на ЕК.

„ Иако во тоа време предупредувавме, бевме опозиција, предупредувавме да не влегуваат во такви авантури, за жал тоа не го послушаа и сега ние можеби сме единствениот пример кој покрај оние суштински услови кои треба да ги спроведе, имаме и политички услови. Но, тоа е што е, ние го водиме дијалогот со нашиот источен сосед и се надевам дека тој дијалог ќе вроди со плод. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

За дијалог со Македонија „под радарот“ беше прашана и министерката за надворешни работи на Бугарија Чамова во тамошното Собрание на пратенички прашања. Таа негира дека имала комуникација со Муцунски надвор од досегашните две средби.

„ Изјавите на претставниците на Владата на Македонија за тоа дека се води дијалог и дека е неопходно да има посредници во тој дијалог ги сметам за неосновани, и благо кажано, е невообичаено да има посредници меѓу земја кандидатка и земја членка под услови кои не се двострани, туку се на европско ниво. / Она што е важно е да видиме од другата страна подготвеност за политички наратив кој не е антибугарски. / Додека тоа не се случи, според мене, дијалог каков и да биде, ќе се одвива многу тешко. “-Велислава Петрова Чамова – министерка за надворешни работи на Бугарија.

Дека има „тивка дипломатија“ за надминување на отворените прашања меѓу Скопје и Софија, европкомесарката Марта Кос откри на новинарско прашање при презентацијата на Пакетот за проширување.. Таа нагласи дека комисијата презема многу чекори за односите меѓу двете земји, но за тоа не споделуваат во јавноста.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија

Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД

Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија

Стотици милијарди долари пазарна вредност изгубија американските и азиските технолошки компании по остриот пад на светските берзи, поттикнат од најавите дека изборната победа на демократите во САД може да го забави развојот на вештачката интелигенција..

Само седумте најголеми американски технолошки компании, познати како „Величествената седумка“, за еден ден изгубија вкупно еден билион долари пазарна вредност, објави Би-Би-Си.

Индексот „Стандард и пурс 500“ на „Волстрит падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од април лани, кога претседателот Доналд Трамп ги потресе светските пазари со воведувањето царини во рамки на програмата „Ден на ослободувањето“.

Технолошкиот индекс насдак падна за 5,52 проценти и изгуби до 2,5 трилиони долари од пазарната вредност.. Инвеститорите стравуваат дека новото демократско мнозинство во американскиот Конгрес ќе воведе построги правила за изградба на центри за податоци, што би можело да ги забави инвестициите во секторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер