Кинеската компанија ЦАТЛ има најголем број милијардери

Малку познат но брзорастечки кинески производител на батерии за електирчни превозни средства ЦАТЛ (Contemporary Amperex Technology Co. Limited) „произвел" повеќе милијардери отколку која било друга компанија, објави Форбс.

Во компанијата вкупно има деветмина милијардери со богатство од по милијарда долари и повеќе.

ЦАТЛ доставува батерии за Бе-Ем-Ве, Волскваген и за Мерцедес бенц. Во изминатата година акциите на киенската компанија се зголемија за 150 отсто заради зголеменото побарувачка на електрични превозни средства.

Според Форбс, основач на ЦАТЛ е 52-годишниот Робин Зенг, кој според богатството од 32,5 милијарди долари е на 470 место. Неговото богатство е зголемено за повеќе од трипати од март 2020 година. Зенг поседува 25 отсто од компанијата.

Вкупното богатсво на милиајрдите во ЦАТЛ е 72 милиајрди долари, што исклучително високо за речиси непозната компанија. Во Гугл и во Фејсбук има по осум милијардери. Волмарт има исто така осум милијардери, од кои седуммина се потомци на основачот Сем Волтон и брат му Бад Волтон. Зенг првпат влегува во бизнисот во 1999 година со компанија за производство на литиум-јонски батерии наречена „Амперекс технолоџи лимитед" (Amperex Technology Limited), а ЦАТЛ е формирана во 2011 година и само една година подоцна почнува со испораки за Бе-Ем-Ве.

Од 2020 година, ЦАТЛ има 22 отсто од пазарот за батерии за електрични возила, откако за четирипати ги зголеми производствените капацитети. Само „ЕлЏи Енерџи солушн" (LG Energy Solution) има поголемо учество – од 28 отсто.

ЕМА почна со испитување лек против коронавирусот

По еден ден откако Европската комисија ја претстави стратегијата за развој на лекови против ковид-19, Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со континуирано испитување на еден лек, објави денеска Комисијата.

Тоа е сотровимаб, моноклонално антитело развиено за лекување на болеста ковид-19.

„Континуираната студија иницирана од ЕМА ќе ја процени ефективноста на сотровимаб во спречување на хоспитализација и смрт, неговата безбедност и квалитет“, наведува Комисијата.

Континуираното тестирање е побрзо од редовното бидејќи податоците се анализираат веднаш штом ќе пристигнат.

Ако ЕМА го препорача овој лек на крајот од студијата, Комисијата многу наскоро ќе го одобри.

Европската комисија вчера ја претстави стратегијата за развој на лекови против ковид-19 што предвидува одобрување на три лекови до октомври оваа година, со можност уште два да бидат одобрени до крајот на годинава.

Слично на развојот на вакцините, Комисијата најавува дека ќе инвестира во истражување и иновации, во идентификување на нови ветувачки лекови и зголемување на производствените капацитети. Ова вклучува заедничка набавка на лекови и создавање портфолио на ветувачки лекови, како и потпишување на пред-договори со производителите, како што е направено со вакцините covid-19.

Комисијата објави дека ќе создаде портфолио од 10 потенцијални лекови против ковид-19 и до јуни годинава и ќе ги идентификува петте најперспективни.

Досега во Европската унија е одобрен само еден лек против ковид-19, ремдесивир. Светската здравствена организација заклучила дека ремдесивирот не е ефикасен кај потешките форми на ковид-19.

Мицкоски - Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос, се наведува во партиското соопштение..

На средбата се разговараше за актуелните во случувања во Македонија, како и членството на Македонија во Европската Унија.

Мицкоски ги реафирмираше позициите за членство во ЕУ и истакна дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.

Во однос на економската и здравствена состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земја и се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат се посиромашни, а помошта која ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите кои ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека бројните афери кои секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал.

Мицкоски потенцираше и дека владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата, премногу се доцни со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки кои ги промовира и самата Европската Унија.

Сопругата на претседателот учествуваше во проектот „Волонтираме за солидарно општество"

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за најранливите категории кои се во социјален ризик.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во МладиХаб –учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети со прехрамбени производи, средства за лична хигиена и за одржување на домаќинствата наменети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, активноста е во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество" што е под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а се реализираше заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност", со здружението за хумано-општествен развој – Проект Среќа и со волонтери од партнерски организации.

Пакетите, во соработка со здруженијата, ќе бидат распределени на семејства во социјален ризик чијашто состојба е отежната поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, а дел од нив ќе бидат распределени и во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Кабинетот на претседателот ги повикува и останатите општествено одговорни компании да се вклучат со свој придонес, со цел во овие тешки денови да им помогнеме на ранливите категории на граѓани, на оние на коишто најмногу им треба поддршка.

притисни ентер