3ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
ФудбалКиеза не сака да го напушти ЛиверпулФудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, по победата над Борнмут (4:2) во првото коло од Премиер лигата забележа дека не сака да го напушти клубот.- Многу сум среќен во Ливерпул! Ќе разговарам со клубот, но сакам да останам тука и да се борам за многу трофеи, го цитира Киеза инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Претходно се појави информација дека 27-годишниот Италијанец сака да се врати во Италија. Тагови: Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШестмесечен отчет-ЈП Комунална хигиена-СкопјеВо текот на изминатите шест месеци се подигнати и транспортирани 82 296 тони комунален отпад.Во периодот јануари-јули 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа вкупно 82 296 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и стопанските субјекти на територијата на градот Скопје. Отстранети се и 14 535 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад - 2385 кубни метри, е подигнато во општината Центар. ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се реализира во доцните вечерни часови. Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија. Во текот на изминатите шест месеци, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 274 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини: 1. Општина Чаир – 148 записници 2. Општина Карпош – 21 записници 3. Општина Аеродром – 30 записници 4. Општина Центар – 18 записници 4. Општина Ѓорче Петров – 16 записници 5. Општина Гази Баба – 35 записници 6. Oпштина Кисела Вода – 5 записника 7. Oпштина Бутел – 1 записник ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше и низа еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку овие активности, вкупно 747 најмлади жители на нашиот град се едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад и колкаво е значењето на неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Свинско месо во кромидВо среда (01.07.2026) во емисијата гостин ни бeше Мишко Крстевски.Состојки за денешниот рецепт: 400 гр. свинска кртина 150 гр. путер 2 големи главици кромид 3 лажици балсамико сол и бибер 2 лажици сенф За маринада: 2 - 3 лажици мед 2 лажици сенф 1 лимон сол и бибер се пече со фолија малку магдонос за украсување Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Платформа за спас на Мицкоски (ЗНАМ 2.0) - нема да помине!Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции и платформи а со цел слабеење на СДСМ, токму како што претходно тоа го направија со ЗНАМ. Најпрво се обидоа одвнатре преку Јован Деспотовски и Петре Шилегов. Кога тоа не успеа, сега се обидуваат однадвор. Платформата на Андреј Петров и Игор Ивановски - Шема работи веќе осум месеци. Нејзината единствена цел е да ја фрагментира и ослабе единствената вистинска опозициска алтернатива СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е платформа за спас на Мицкоски. Христијан Мицкоски е во паника. Неговата партија загуби преку 150.000 гласови, рејтингот му е на историски најниско ниво, нема резултати, а буџетот е празен. Ја укина техничката влада на сила, а сега на сила се обидува да го промени изборниот закон и да воспостави модел за кражба на гласовите од дијаспората. Кога веќе не може да ја контролира ситуацијата со лаги и афери, се обидува да ја контролира преку изборен инженеринг. Сите овие месеци јасно се покажа дека оваа интересна група работи директно за Мицкоски и за спас на неговата власт. Сателитите се разоткриени. Обидот за ново издание на ЗНАМ не им помина. СДСМ и граѓаните кои се собираат околу Фронтот за вистина и правда нема да дозволат повторно да се повтори сценариото од 2024 година. Време е за мобилизација. Време е власта повторно да се врати во рацете на народот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook