Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“
1Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија
2Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“
3За 410 првачиња од Ѓорче Петров бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари финансиска поддршка од општината
СветКиев: Русија во Украина употребила касетни бомби речиси 6.000 патиРуската армија употребила касетни бомби речиси 6.000 пати во Украина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Украина.Министерството во соопштението ја повикува меѓународната заедница да обрне внимание на „масовната, намерна, целна и систематска“ употреба на руска касетна муниција, пренесува Укринформ. - Украинските надлежни органи веќе забележаа најмалку 5.974 факти за употреба на таква муниција од страна на Русија. Руските окупатори редовно изведуваат ракетни и бомбашки напади врз украинските одбранбени сили и цивили користејќи ракетни системи Смерч, Град, Ураган, Точка-У и авионски бомби опремени со касетна муниција, се наведува во соопштението. Касетните бомби се вид на муниција која се распрснува во воздух и испушта многу помали „подединици“ на широко подрачје. Овие помали бомби се расфрлаат и експлодираат, предизвикувајќи уништување на голема површина. Тие можат да бидат лансирани од авиони, артилериски системи или ракети. Главната причина зошто касетните бомби се толку контроверзни е нивниот недискриминирачки ефект и високата стапка на неексплодирани подединици. Недискриминирачки ефект значи дека со оглед на тоа што расфрлаат бомби на широко подрачје, тие не прават разлика меѓу воени цели и цивили, што често резултира со голем број цивилни жртви. Значителен процент од помалите бомби не експлодираат при удар. Тие остануваат на теренот како неексплодирани убојни средства (НУС), претставувајќи смртоносна опасност за цивилите, особено за децата, долго по завршувањето на конфликтот. Овие НУС можат да експлодираат години подоцна, предизвикувајќи смрт и повреди. Употребата на касетни бомби е регулирана со Конвенцијата за касетна муниција од 2008 година, која целосно ја забранува употребата, производството, складирањето и трансферот на овие оружја. Конвенцијата исто така бара уништување на постојните залихи и помош на жртвите. Русија, Украина, САД и Кина не се потписнички на оваа конвенција. Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг. За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура. Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки. Jennifer Lopez in a black jumpsuit is the reason half the internet just booked a gym membership and a therapist. pic.twitter.com/nHyBjPpKCX — ohana (@yumiaesthe) August 23, 2026 Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати. Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија МакедонијаПретседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУправа за финансиска полиција поднесе кривична пријава за „Даночно затајување“ и „Оштетување или повластување на доверители“Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса. Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени. Исто така првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари. Со наведените дејствија, преку правниот субјект, В.Р. се стекнал со противправна имотна корист и го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 23.442.425 денари, по основ на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход. Управа за финансиска полицијаТагови: Управа за финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook