Кевин Спејси треба да плати казна од 31 милион долари - Канал 5

Кевин Спејси треба да плати казна од 31 милион долари

Осрамотениот холивудски актер, 62-годишниот Кевин Спејси, ќе мора да плати отштета од речиси 31 милион долари на продукциската куќа која стои зад „House of Cards“.

Кевин Спејси треба да плати казна од 31 милион долари

Тој глумел во оваа серија, додека не беше отпуштен поради обвинение за сексуално вознемирување.

MRC, продуцентската куќа која ја реализира популарната приказна за политичките интриги емитувана на Нетфликс, побарале компензација за изгубениот приход, кој го припишуваат на ненадејното заминување на Спејси од серијата, откако против него се појавија обвиненија за сексуално вознемирување и злоупотреба.

Одлуката судијата ја донел на 19 октомври, кога МРЦ поднеле барање за потврдување на пресудата пред судот во Лос Анџелес. Во документот на МРЦ се вели дека, откако обвиненијата излегле на виделина, Спејси бил суспендиран, па била покрената внатрешна истрага, која покажала дека ѕвездата на филмот „Вител на животот“ ги прекршила одредбите од договорот за актерска и извршна продукција кои поставуваат стандарди за однесување на работното место..

Бранот обвинувања што ја прекина кариерата на познатиот 62-годишен актер се совпадна со популарноста на движењето #MeToo против сексуалното вознемирување и злоупотреба, поттикнато од случајот на семоќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин. Двократниот оскаровец Спејси го играше бескрупулозниот американски политичар Френк Андервуд во пет сезони на „Куќа од карти“ додека медиумите не ги изнесоа на виделина обвинувањата за сексуално вознемирување на колегите од работа.

- МРЦ немаше никакви сознанија за ваквото однесување на Спејси - се наведува во соопштението на успешната продукциска куќа, која, како што наведува, морала да го реорганизира бизнисот поради ненадејното заминување на актерот од серијата, што резултирало со „ значителни загуби“ за ЦКРМ.

Тие објасниле дека сценариото морало повторно да се напише без улогата на главниот лик на серијата, Андервуд, па морало да се прилагоди шестата сезона, која наместо 13 завршила со осум епизоди. Продуцентската куќа ја започнала правната битка против Спејси во 2019 година. Адвокатите на актерот не одговориле на барањето на АФП за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер